Ми се дешава значи еднаш месечно негде. Имам болки од десната страна на градниот кош, негде во висина на дијафрагмата (не ми се смејте ако тропнам некоја глупост
). Али имам такви болки шо не можам да издржам. Само се превртвам в кревет не можам ни да стојам, како некој со нож да ме сечи. Дури траат болките , а траат се дури не преспијам , не можам ни да јадам ништо ни да се напијам нешто. Ако каснам или ако се напијам само појќе ме боли. И како шо спомнав претходно ми поминва само ако преспијам, друг некој начин уште немам откриено.
Заприметив дека најчесто ова ми се јавува ако се хранам нередовно т.е. ако немам јадено подолго време и после ко ќе се најадам наеднаш.
Некој има идеја шо би можело да биди то шо ме боли ? И кој е предизвикувачот на болката ?