Не е важна причината која довела до тоа и не е релевантно дали таа причина е вистинска или не. Поентата е дека во САД се збори за надмоќ на Руската армија
Во САД се зборува за надмоќ на руската армија за да се оттргне вниманието од вистинските проблеми на американците, како што беше неуспешниот обид на федералната влада присилно да му го одземе добитокот на фарметот Клив Банди во текот на изминативе 10 дена, само затоа што го пасел добитокот на земјиште кое наводно било во сопственост на државата, без претходно да добие дозвола од државата за таквото искористување на државното земјиште. Банди од друга страна тврди дека тоа земјиште и припаѓа на неговата фамилија која живее во Невада со генерации и повеќе од 20 години се влечка по судови за да го докаже и оствари своето право на сопственост.
Додека ова звучи повеќе како најобичен имотно-правен спор кој нема никаква поврзаност со американската секојдневна политика, сепак 2 фактори го претвораат овој навидум најобичен имотно-правен спор во државен скандал:
1. Клив Банди успеа да организира локална милиција на американци вооружени до заби кои беа подготвени со огнено оружје да се пресметаат со федералните власти, што говори дека американците не се баш расположени да прифатат нова забрана за продажбата и употребата на огненото оружје од страна на американското цивилно население, која американската влада на чело со Барак Хусеин Обама планира да ја воведе уште од масакрот во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат, кој се случи во декември 2012, и од тогаш се погласни се тие кои сакаат да го разоружаат американското цивилно население, кое е свесно дека мора самостојно да се брани од убијци, крадци, киднапери, силувачи, педофили, лудаци и останати злосторници, бидејќи полицијата вообичаено доаѓа предоцна, поради што го прави само записникот за жртвите и неретко не ги апсат вистинските виновници и невини луѓе завршуваат во затвор;
2. Во имотно-правниот спор како еден од вмешаните се спомнува Хари Рид, пратеник во американскиот Сенат од редовите на Демократската Партија, кој меѓу другото е и лидер на мнозинството на демократите во Сенатот, а истовремено е и еден од најомразените и најозлогласените политичари во САД од редовите на Демократската Партија.
Во ноември 2014 во САД треба да се одржат парламентарни избори, односно како што американците ги нарекуваат - генерални избори, на кои ќе се бираат нови пратеници во Конгресот и во Сенатот, а демократите на Барак Хусеин Обама и на Хари Рид веќе 4 години по ред се малцинство во Конгресот, каде што републиканците се мнозинство, а ризикуваат да го изгубат мнозинството и во Сенатот. Последно нешто што им е потребно на Барак Хусеин Обама, Хари Рид и на Демократската Партија на САД, е овој скандал, кој е само уште еден скандал на врвот на планината скандали на Барак Хусеин Обама и на Демократската Партија на САД, да добие масовна покриеност од националната јавност и поразот на Хари Рид и на Демократската Партија на САД на претстојните генерални избори кои треба да се одржат во ноември 2014, да биде запечатен.
Затоа полесно и поедноставно е да се говори дека руската армија има надмоќ, и покрај тоа што американскиот воен буџет е најголем и најмасовен во целиот свет, полесно е да се етикетираат Русија и Владимир Путин како агресорот во Украина, во источна Европа и во светот и да се плука по нив до бескрај, и полесно е да се воведуваат санкции кон Русија, бидејќи така успешно се прикриваат и се избегнуваат вистинските скандали и вистинските проблеми.