Здраво.
Сакам да те прашам како успеваш да го контролираш гневот во секојдневието или кај тебе само во паника ти се манифестира анксиозноста? Јас сум мирна со денови,може и со недели,исто се консултирав со доктор и тој ми покажа тактика за контрола врз паниката и нервозата како дишење,медитирање,читање и слушање на музика за релаксација,ја сменив и рутината во секојдневието плус сето тоа пијам умерена доза на деметрин препишана од него но никако врз гневот не можам да воспоставам контрола избива наеднаш и без причина исто како и претераната нервоза и загриженост.Ми се смачи веќе,ми штети таквото однесување во односите со луѓето особено во работните односи.Ко темпирана бомба сум.