Земи Trachisan од аптека и земи сода бикарбона (обична од продавница), една лажичка сода бикарбона држи ја на јазик и пушти да се растопи, не ја голтај, вкусот е одвратен, ама многу помага. Трахисанот мислам на 2 саата дека се зема по една таблета, сличен е на септолетето, само е поефикасен. Можеш да правиш и гаргара со бетадин за уста, некое средство за дезинфекција на усна шуплина, а доста е ефикасен и раствор од хексорал и сода бикарбона (на едно шишенце хексорал можеш да ставиш пола кесичка сода бикарбона), протреси го шишенцето и гаргарај 2-3 минути (можеш и подолго, нема штета), растворот така може да стои до недела дена. Најдобра комбинација ти е трахисан и растворот од хексорал со сода бикарбона. Hope it helps :smir:
Едит: има врска тоа со инфекциите, организмот станува многу понеотпорен, крајниците сами по себе се бариера за инфекции, мачно е што болат и нервира, ама многу посериозно е инфекцијата да отиде на бели дробови директно отколку на крајници. Се' додека можеш да тераш вака-терај. А за консултација за дали треба да се вадат дефинитивно или не, ако сакаш можам да ти дадам телефон од ушен доктор што е најдобар во Скопје.