Фан клуб - РК Вардар

Дозволено,и кај нас на финале(Вардар-Пелистер) од куп го имам видено ова,кога Пелистер ротираше два голмани при бранење на пеналите...
Иначе околу мечот,заслужена победа на Вардар,очекував далеку повеќе од Загреб...
Едноставно како изгубени Германци беа,Вардар речиси и не се испоти....
Тренерот изгубен,не паметам Загреб да имал толку слаб тренер,смени 3ца десни бекови,ги остава на клупа Степанчиќ во цело второ,и Мандалиниќ во прво,игра со третиот десен бек..
Полека Загреб станува просечна екипа,со играчи од калибарот на Јосип и Тончи Валчиќ:facepalm:,онај левиот бек како се викаше Сандро,колку само топки поеба:pos:,имаше сигурно над 10 обиди..
Со само неколку играчи кои навистина вредат(Хорват пред се,и младите Мандалиниќ,Степанчиќ и голманот Ивиќ),се друго под реномето на еден Загреб...
Абе има и повеќе играчи што нешто вредат,само распашана команда се.
Реално и Матулиќ е доста добро крило,подобар од Раковиќ, Михиќ левото крило, Стевановиќ е сосем солиден голман (го гледам овие 2 години стварно е добар - феноменален со оглед на тоа каква му е одбраната пред него), Вуглач на десен бек е одличен (светски талент кој за чудо не ја прекина кариерата после 2 години неиграње ради повреди), Шебетиќ има потенцијал.
Е сега проблемот е што во екипата овој ги ротира ко рингишпил, што му играат преку врски антиталенти како Јосо,истрошениот Тончи,Шандрк, пикерите, Шпрем, Ковачевиќ (who the fuck is he ?? ) итн. Тие ем не се малди,ем не ги бива,а најголема минутажа имаат.
Нападите се организиран хаос, одбраната се игра реда ради.Може од таа екипа со 1-2 засилувања (кои не мора да се некои играчишта,само солидни играчи колку да се пополнат дупките на пикер и среден бек) добар тренер да направи нешто.


Вардар е станат прав гигант. Нема што да коментирам.....се е кажано пред мене. :icon_mrgr:
 
И Нови Сад е црвено-црн :P

Конечно се вративме после целодневни патешествија :pos:
Солидно одработено гостување со оглед на тоа што бевме само 15 души...
Многу гостувања се фатија,плус тоа има многу што се спремаат за Фленсбург, дел претходно беа против Хамбург, некои ќе одат во недела, па имаме куп викенд во Охрид итн :D
Моите финансиски средства си ги наменив за викендов, али за жал поради тоа што ФК Вардар игра утре, моравме да се вратиме, а дел од тие што беа денес ќе одат и во недела, плус уште неколку (мешу кои и застапници од форумов) кои веќе се таму ако не се лажам :)

Денес го имавме најнапнатиот шофер во светот.
Значи колку гостувања сум бил, ама ваков шофер досега сме немале. Од старт почна со напнатост, ќе се качувате или да си одам :pos:
За комбето кое си го организиравме сами без никаква соработка со клубот, плативме по 33 евра...
Типот толку го чуваше што вратата не даваше сами да ја твараме, мораше он да ја отвори :facepalm:
Цел пат ни помина во напнатост со шоферов и заебанции за негова сметка :icon_mrgr:
По пат ја обоивме Србија плус се изналепивме налепници :icon_mrgr:
Во Нови Сад дојдовме 2 саати пред мечот, буквално како изгубени Германци.
Ни знаеме кај сме, ни кај е салата, ништо :pos:
Ниту од клубот знаеа дека ќе има навивачи, ниту пак пријавиле дека ќе има Комити, но на новинарите им соопштиле дека најверојатно ќе пристигнат 600 луѓе од Скопје :pos:
Нови Сад покрај Белград, е град кај што ниедна друга група не е безбедна :)
Со оглед на тоа дека имавме два саати до мечот, знаевме дека може да ни се случи некој непријатен инцидент :icon_mrgr:
Тргнавме прво да си обезбедиме карти.
Врти околу тоа салата, околу Спенс центарот, никој жив не знае дека во Нови Сад воопшто има регионален фајнл фор.
Врска немаа, некои ни билетарата не знаеа каде е...
Единствено татко му на Маркотиќ од Мешков, знаеше дека има ракомет, но ни он не можеше да се снајде за карти. Си направивме муабет со него, имал наводно понуди и од Вардар претходниве години :)
После триста перипетии укапиравме дека делат ваучери и ваучерите после се менуваат за гагага карти.
Домаќините имаа раздадено карти по ракометни школи,и освен нас и уште 50-тина други луѓе, остатокот во салата беа некои ракометни младинци...
Доаѓањето на неколку млади Хрватски екипи и младинската Хрватска репрезентација им ги фатија погледите на Србиве.
Веднаш забележавме дека помала група на навивачи будно го следи нашето групирање во близина на салата :icon_mrgr:
Се собираа саат време, за на крај да укапираат дека сме навивачи на Вардар откако ние им свикавме на неколку фанови на Мешков :pos: Се работеше за навивачите на Војводина, Фирма, кои на наше изненадување ни пријдоа и побараа да не се напаѓаме и да имаме пријателски однос, по што имаше и размена на налепници и по некое пивце меѓу одредени членови во нивната канцеларија :)

На поддршка ни дојдоа и неколку Новосаѓани, еден тип од Ужице, и неколку Македонци што веројатно живеат таму.
Во цела сала имаше околу 30-тина фанови на Вардар + едни деца до 12-3 години кои веројатно беа некој наш младински погон и постојано скандираа Вардар,Вардар.

Околу салата имаше полиција ама воопшто не се замараа. Ех да беше кај нас, имаше јајца да ти отечат, да те спроведат од патарина до сала, па од сала до патарина, па придружба околу трибина итн.

Целата замисла за овој фајнл фор беше практично театарска...
Едноставно не се вклопувавме таму :pos:
Салата прво се состои од некој дел кој има милион други работи и после влегуваш како во кино сала и таму се игра утакмица :pos:
Тотално поразлично од Македонија, ниту има место за навивачи ни ништо, а и самата конструкција на салата е како кино сала.
Влеговме 15-те луѓе и ја размрдавме атмосферата :D
Нормално се навиваше во граници на можностите, со оглед на тоа што немавме тапан, ниту пак некој да не води, си пеевме што ни текне :icon_mrgr:
Имаше моменти кога стварно звучевме јако, ама се беше прекинувано со константното пуштање на гласна музика...
Во остатокот од салата, родители со мали дечиња кои добиле гратиси како и деца од ракометни школи.
Видовме дека на очеток во кадар дадоа дечко во маица од еден политичка партија и знме Македонија. Прво да се оградиме дека нема никаква поврзаност со нас, после тоа му сугериравме да ја извади маицата, а дечково врска немаше што му збориме, се збуни целиот, па ја прекри само со Македонско знаме. Имаше и еден Србин што навиваше со нас, мада тоа беше воглавно ради анти Хрватска :icon_mrgr:

На терен газење.
Едноставно со преголема леснотија го добивме мечот. Пак ќе кажам, за мене носењето на Дејвис е клучен потег за успесите.
Одлично играме по крило, бековите некако се разиграа повеќе, и Карачиќ и Прибак одат на одлични акции, и што е најважно одбраната беше одлична.
Загреб мислам дека ниеднаш не примија топка на 6 метри, тоа говори се :D
Марковиќ е златен играч, пресече неколку топки, и пак ќе нагласам и покрај тоа што Дибиров е лидер, Марковиќ може повеќе да придонесе во одбрана.
Денес Дибиров беше најлош поединец.
После двата гола од пенал, утна пенал, 3 зицери и примивме гол ради негова ноншалантност во одбрана. Загреб имаше само некои периодични минути во кои се издигнуваа и постигнуваа убави голови со шутеви од далеку, но и во тие моменти ние не бевме инфериорни, напротив имавме чисти зицери кои Ивиќ одлично ги бранеше.
Во второ полувреме си легнаа на брашното.
Карачиќ им еба мамицата, а и Раковиќ имаше неколку убави завршници. Добро е што повредата на Брумен не е сериозна, ќе игра и во финалето.
Нормално, најважно е што сите се здрави после денешниот меч.

Не знам дали го дадоа тој момент на крајот, али во последните минути запаливме стробови и една димна на нашиот дел од трибината, што одма наиде на негодување од челниците на СЕХА, али тоа не им сметаше на играчите да дојдат кај нас во тој момент и заедички да прославуваме :icon_mrgr:

Мора да споменам дека во поглед на припремите за фајнл форов, овој во Нови Сад е дааааалеку понапред од претходните два. На мечевите имаше добар вовед и истотака беше зачинето со пиротехники. Кога ни пламна оган пред нашата трибина, мислам дека ќе се запалевме :pos:
Од памет не извади, пошто од нигде никаде избувна.
Во салата и ние им бевме атракција на децана, кога се наредија за да им делиме налепници :pos:
На крајот сите ни честитаа и повеќето ни се чудеа какви будали сме што од Скопје сме се затерале да доаѓаме за полуфинале :icon_mrgr:
Победата ја прославивме во една од локалните сендвичари :pos: Цела груа се жали на киселини во стомакот, среќа што не јадев :icon_mrgr:

Мора приказната да ја довршам со шоферот.
Го начекавме како спие во комбе и почнавме со тресење на истото, што буквално го извади од памет :pos:
Али ниедна друга беља не му направивме :)
На крај можеше и да не го пишувам постов сега, бидејќќи шоферов полека почнуваа да му се затвораат очите.
Немој да галамите, да не го разбудите шоферот :pos:
Претицаше во спротивна лента дури од таму доаѓаше кола, сите што тукушто заспавме, се разбудивме од кочењето, а останативе усрани ни кажуваа како колата морала да заокружи по тревата и дека едвај сме избегнале судар :tapp:
На граница Србиве ни честитаа победа, нашиве вработиле од брајчава некои, врска немаат ни каков натпревар ни ништо :icon_mrgr:
На одење ни викаат вие навивачи сте? Не, само фанови :pos:
Џандарката од Српска страна се падна од смеење, ни вика ја кад неко волим и навијам... :icon_mrgr:
На крај сите среќни и задоволни што се вративме живи, на граница среќни бидејќи шоферов не ги истепа за малце од што беше напнат, и се надевам дека никогаш повеќе нема да не вози.

Гостување за десетка, ида во кревет сега :pos:
Јас ова го кажував стриктно за 5-1 одбраната на почетокот кога се фураше (на почеток на сезона), а ме правеа будала кога викав Марковиќ подобро ќе се снајде во одбрана отколку Дибиров...[DOUBLEPOST=1397312945][/DOUBLEPOST]БТВ, сакам да ми дадете линк за купување карти онлине..
 
Последно уредено:
Јас ова го кажував стриктно за 5-1 одбраната на почетокот кога се фураше (на почеток на сезона), а ме правеа будала кога викав Марковиќ подобро ќе се снајде во одбрана отколку Дибиров...[DOUBLEPOST=1397312945][/DOUBLEPOST]БТВ, сакам да ми дадете линк за купување карти онлине..
http://www.mktickets.mk/р-к-вардар-рк-фленсбург-лига-на-шампиони-14-финале

До 17ти ќе се врши продажба на карти со замена на сезонските и тоа само во Југотон.
 
Ај за картиве да си прашам јас за најсигурно :D.

На страната од МКТикетс пишува дека картите можат да се набават во салоните на Оне, ама вие сите кажувате дека онлајн сте купиле, никој нема спомнато за вистинска карта. Плус, не сум од Скопје. Ќе можам четврток сабајле да си појдам во Оне и да си земам карта, вистинска карта за влегување, а не ваучер?
 
Ај за картиве да си прашам јас за најсигурно :D.

На страната од МКТикетс пишува дека картите можат да се набават во салоните на Оне, ама вие сите кажувате дека онлајн сте купиле, никој нема спомнато за вистинска карта. Плус, не сум од Скопје. Ќе можам четврток сабајле да си појдам во Оне и да си земам карта, вистинска карта за влегување, а не ваучер?
Ако земаш од One ти даваат „вистинска“ карта, ако земаш онлајн принташ ваучер од дома и со него ја подигаш картата од сала пред натпревар.
 
Ако земаш од One ти даваат „вистинска“ карта, ако земаш онлајн принташ ваучер од дома и со него ја подигаш картата од сала пред натпревар.
Значи нема да имам никакви проблеми четврток сабајле :D.
 
Значи нема да имам никакви проблеми четврток сабајле :D.
У ск ваљда ќе немаш,ама у другиве градови мистериозно пак ќе им падна системот,да им падне главата дај боже.
 
Прибак останува, инфо од Балкан Хандбал.

http://www.balkan-handball.com/balkan/nemanja-pribak-ostaje-u-vardaru/

Ептен ми е мило

Прибак е ок играч немам ништо против да остане. Но искрено не ми е баш најјасно со колкав тим ќе се оди идната сезона. Се најавуваат еден куп засилувања а и горе долу сите од оваа сезона ќе останат освен можеби оние кои и онака беа пребројни (4тиот и 5тиот голман, 3тите крила, одбранбените кои не се ни користат и слично).
 
Не верувам дека ќе има куп менувања и хокеарска промена на состав со оглед на тоа што На многу им се продолжија договорите.

Мое мислење е дека ќе отпаднат: Петриќ, Мите Стоилов, Козлина од бековите, третите крила и некои од голманите. Исто се мислам дека може и Растворцев да отпадне.

Тука евентуално освен Горбок би упаднале уште два бека макс. три, и се разбира голман.
 
Прибак е ок играч немам ништо против да остане. Но искрено не ми е баш најјасно со колкав тим ќе се оди идната сезона. Се најавуваат еден куп засилувања а и горе долу сите од оваа сезона ќе останат освен можеби оние кои и онака беа пребројни (4тиот и 5тиот голман, 3тите крила, одбранбените кои не се ни користат и слично).
Тоа се само новинарски помпи, од управата на клубот никогаш не изјавиле, колку штоа знам јас, дека ќе има еден куп засилувања. Според ова што досега се гледа мудро се оди чекор по чекор да се засилува тимот, се земаат слободни играчи без оштети итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom