Абе кулен , забрзано чукање на срцето е карактеристично за бремени жени
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
...ако си бремен ,не се секирај нормално е !
настрана шала:
Кај тебе вака дијагнозата ми изгледа дека имаш АНКСИОЗНОСТ...
Преведено на македонски , Анксиозноста најлесно може да се опише како мошне интензивно, непријатно чувство на напнатост и вознемиреност.
Човекот што тоа го доживува честопати не може да утврди од каде произлегува таквото чувство и поради тоа е попречен да превземе некој конструктивен чекор за да ја отстрани причината.
Анксиозноста е пропратена со пречки и на органски план, па во почетокот, луѓето скоро никогаш изворот на таквите свои проблеми не го припишуваат на психичките причини.
Важно е да се знае дека анксиозноста има и конструктивно влијание, кога е присутна во умерено ниво
Таа се карактеризира со :
- забрзано чукање на срцето и покачен крвен притисок, па дури и чувство дека ќе се добие срцев удар;
- напнатост и стегнатост во мускулите;
- проливи и чести потреби да се оди по мала нужда за кои не може да се утврди органска причина;
- бранови на топло и ладно;
- вртоглавици. . .
Ако овие симптоми се софпаѓаат кај тебе , би те упатил на лекар !
***************************************
Ова беше лоша варијанта...
Сеа добрата(не е баш добра ..ама поарна од претходната) :
Ти батко највероватно си ТОПЛОТНО ИСЦРПЕН
Ова ни најмалку не е лесна состојба ,па и тука се препорачува одење на лекар доколку и во анредниот период се случува истото, бидејку може да доведе до топллотен удар..
Од мене овие совети за наредниве денови:
-ПИЈ многу течности..
-Остани овие денови на ПС со кајгана повеќе време во затворена просторија, по можност климатизирана, или во
сенка
-Истуширај се или искапи се во
студена вода
- Носи лесна комотна облека
- Намали ги физичките активности