Сите 4 тима страдаа, ниедна не помина како брз воз како лани Баерн на пример, така да многу е тешко да се каже кој би бил фаворит. Реал и Баерн имаат феноменални индивидуалци, ама Челзи и Атлетико се страшни колективи со генијалци на клупата иако имаат нешто послаб играчки кадар.
За тоа кој ќе биде финалниот пар многу работи зависат од ждрепката, па еве едно мое скромно, лаичко предвидување кој на кого најмногу би му одговарал:
1. Атлетико-Симеоне ја има страшно усвршено против-играта за тики-таката. Доказ за тоа се шесте меча по ред без пораз против Барселона во кои Меси не постигна ниту еден гол. Секако ова не мора ништо да значи ама играта на Баерн е многу слична со онаа на Барселона и за Симеоне уште еден тим кој негува слична филозофија би бил добра шанса за поминување уште една фаза. И покрај тоа што традицијата не е на нивна страна и на Каледрон немаат победа дваесет и кусур години сепак победата во купот и првенството на Бернабеу сигурно влиаеја многу(пред се психички) врз играчите на Атлетико и покажаа дека започнува нова изедначена ера во градските дербија. Доказ за тоа се последните 6 дуели во кои Атлетико има 2-2-2 иако се чини дека Атлетико доби доста побитни мечеви за разлика од Реал. Исто после поразот од Реал Симеоне излезе со сосема друга тактика во првенството која го збуни Карло и само поради генијалноста на Роналдо Реал успеа да извлече за нив голем бод. Најнеповолна за нив би била Челзи. Атлетико се мачи против екипи со цврста одбрана кои во принцип играат сличен фудбал како нив и чекаат противникот прв да нападне, покрај тоа Симеоне би се соочил со тренер сличен на него кој менува доста тактики и играчи и знае да го прочита противникот. Шаховската партија меѓу Симеоне и Мурињо би била доста за мене лично доста интересен дуел иако не би имало кој знае колку шанси и голови.
2. Баерн-Со оглед на тоа што Реал се губи против екипи кои играат пресинг и одбраната губи концентрација ако противничкиот тим има над 60% посед со што примаат доста голови, Пеп би требало да е задоволен ако го добие Реал во петок. Исто голема предност за Баерн е тоа што Пеп играл безброј утакмици против Реал кои сигурно ќе му бидат од корист доколку вкрсти токму со Реал. Еднакво тешки би биле дуелите против Челзи или Атлетико, два тренери кои одлично ја имаат простудирано тики-таката и би биле доста тежок противник за Баерн во евентуалното полуфинале.
3. Челзи-Мурињо ужива кога против него има тим кој сака да ја контролира играта и остава доста простор назад. Со молскавичните контри, кои се специјалност без разлика кој тим го тренира, би бил опасен за противникот кога 7-8 играчи се преселени на неговата половина. Баерн би бил идеален противник за него од преостанатите. Во претходниот меч против Анчелоти го доби прелесно, успеа да ја прочита неговата еднодимензионална тактика и Карло беше апсолутно немоќен. Мурињо го тренираше истиот тим лани, ги знае сите предности и мани, но Реал и дел од играчите како Касиљас и Роналдо со кои се раздели ќе играат со посебен мотив против него, а кога Роналдо сака одмазда тогаш секоја средба со него би била опасна, без разлика колку и да го познава. Токму поради овој фактор го ставам Реал како понеповолен противник од Баерн, иако искрено ми беше тешко да се одлучам. Истото што важеше за Атлетико важи и за Челзи, милион пати во ПЛ заглавија против бункер и мислам дека Мурињо ќе биде најзадоволен ако успее да ог избегне Чоло.
4. Реал-Иако до пред 5-6 саати мислев дека би биле најтежок противник, сепак гледајќи ја традицијата и преостанатите две екипи мислам Атлетико би бил најлесен противник. Главна предност е тоа што ова ќе биде веќе петти меч сезонава така што Чоло ќе нема многу простор за маневар и горе-долу се знае кој како простап ќе има, а ако влезе во утакмицата со правилна тактика Реал би имал предност со оглед на играчкиот кадар. Втор понебитен факт е традицијата на Калдерон, каде што Реал нема пораз 20+ години. Реал далеку подобро би се снашол против тим кој ќе го остави да ја има топката во свои нозе подолго време, отколку против тим кој негува висок посед. Така што Челзи би бил втор најпосакуван противник, иако факторот Мурињо е силен и Челзи би имал големи шанси да оди понатака. Најнепосакуван противник би бил Баерн пред се поради целата филозофија, а и поради историјата која ја има Реал на Германско тло и пред се против Баерн.
малце поЧе напишав ама ваљда нема да ве мрзи да прочитате
