Вегетеријанство

Член од
2 април 2014
Мислења
22
Поени од реакции
17
Јас сум нов во вегетаријанството, поточно сум ОВО-ЛАКТО ВЕГЕТАРИЈАНЕЦ. Ако може некој да ми каже каде би можел да купам книга со вегетаријански рецепти? :)
Значи ти освен месо , јадеш јајца и млеко .. баш ти е лесно и имаш толку голем избор , јади храна само што несодржи месо , не ти треба никаква книга во денешно време , само прашај го чичко Google , ќе ти дае милион рецепти..позз
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Значи ти освен месо , јадеш јајца и млеко .. баш ти е лесно и имаш толку голем избор , јади храна само што несодржи месо , не ти треба никаква книга во денешно време , само прашај го чичко Google , ќе ти дае милион рецепти..позз
За почеток сум ово-лакто, но понатаму планирам да станам веган... :)
Како и да е, јас не сум научен на јајца, а млеко воопшто не конзумирам. Се мислам дали да почнам да пијам соино млеко, мене ми е многу вкусно но читам многу лоши работи за него. :confused:
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
За почеток сум ово-лакто, но понатаму планирам да станам веган... :)
Како и да е, јас не сум научен на јајца, а млеко воопшто не конзумирам. Се мислам дали да почнам да пијам соино млеко, мене ми е многу вкусно но читам многу лоши работи за него. :confused:
Пробај Almond Milk и никад поише нема да ти текне за обично или млеко од соја
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Поштуем човек што е вегетаријанец за себе,а не ради тренд.Човек што ни на крај памет нема да ти текне дека е вегтаријанец,дур не стаиш месо пред него.Али од луѓе што ми ја тупат главата со некои гадни клипови,слики,тормозења,и паламудења као човекот бил тревојад по природа бла бла бла,како сум можел да јадам месо,како не ми било жал за кутрите животинки ми се иде у ќенеф.Уште еднаш мојата почит до вегетаријанците што не ја плескаат својата одлука у лице на другите и не напињаат,али за жал повеќето не се такви.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Пробај Almond Milk и никад поише нема да ти текне за обично или млеко од соја
Тоа е нешто како бадемово млеко? Дали можам да го најдам во прав и дали е многу поскапо од обичното?
 
S

Stef Bachatero

Гостин
150 денари ти е литар.
Нема некој поголем бенефит од обично млеко.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Па не му е нему за бенефит, туку дека сака веган да стане, а ова млеко е мн боље од сојно, барем мене повеке ми се свиѓа, и малце погусто е незнам дали има во прав, а за тетрапак да
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Да ама нема поента да се тргаш од млеко,освен ако не си нетолерантен на лактоза и мисинформиран за лошата страна на млекото.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Да немораш ако си вегетеријанец, али ако си веган ите како игра голема улога, затоа што они не јадат и не користат ништо што е направено или има состојки од животинско потекло, па дури и гумени бонбони не јадат затоа што има желатин, а желатинот е од животинско потекло, премногу екстремно е, али кој може свака му част :D
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И пастата има коски од животни.
И капсулите се составени од желатин.
Нема чист веган тоа е хипокрит.
 
Член од
2 април 2014
Мислења
22
Поени од реакции
17
Во денешно време достапна е на повеќе места безфлуридна паста , која е направена на растителна основа , немора да значи дека сите сме склони на капсули и гуми за џвакање и слични продукти кои содржат желатин , ако човек се одлучи со цврста воља и љубов да стане веган се што треба да направи е да се информира доволно .. сепак несмее да има поделби на месојадци и тревкари ,тоа е малограѓанштина.Родителите ми се месојадци и јас сеуште ги сакам и ги почитувам како и претходно кога јадев месо..
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
113
Поени од реакции
20
Точно 3 месеци откако сум вегетаријанец, денеска направив крвна слика и ја споредив со старата крвна слика кога ја правев кога јадев месо... и крвната слика ми е подобра! Многу ме нервираат некои луѓе кога ќе почнат да ми солат памет како тоа вегетаријанство е нездраво, ќе ми ослабнела крвта и слично.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
На краток рок е подобро секако дека јадеш подобро од претходната исхрана.
Но не значи дека е одржлива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom