Значи не ги читав сите страни, така да може ќе повторам нечие мислење, али јебига
8 сабајле е...
Од скоро сум веган (1месец бев вегетеријанец, од пред 1недела сум скроз веган), како од здравствени така и од морални причини.
Многу се изначитав за веганство, за психата на животните врз кои секој ден се вршат масакри, за здравјето, критики за веганството и сфатив дека луѓето повеќе го критикуваат она што е поздраво, отколку она што ги убива.
Гледав во еден документарец (направен од доктор нобеловец), за тоа како делува јадењето на некои си рецептори за задоволство во организмот. Истото дејство што го има дрогата, го има и јадењето, само што јадењето ни е секојдневие и никој не го гледа на тој начин. Тоа значи дека колку е тешко да се откажеш од дрога, толку е тешко да се откажеш и од мевце, а ако не си доволно силен да се откажеш, ќе ги критикуваш оние што можат со муабети, месото е здраво, млекото е добро за коските и такви амерички пропаганди од 60-тите. Долгогодишни истражувања во земјите каде што месото не е главен продукт во исхраната покажуваат дека преку јадење растенија се надополнува се она што го содржи месото, кое во себе покрај здравите работи содржи и масти и други штетни состојки. Башка протеинот што се внесува преку млекото и месото е канцероген, не многу, ама со оглед на тоа колку месо и млеко јадеме после 30години кога ќе почне да се развива канцер во човечкото тело, баш тој протеин му помага да се развие.
Така да ако не можете да сфатите како некој може така, не го осудувајте затоа што сака да живее.
А за муабетите дека боље да живееш 40години како човек итн... ако животот ти е сведен на јадење, не гледам зошто да живееш и 40.