Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Луѓе имам еден проблем во пределот на вратот и рамото од десна страна, поточно едно утро се разбудив укочен и нормално си велев дека на криво сум спиел и ќе помине, но веќе неколку дена оваа болчка трае но не е голема. болката е на работ на трапезоидниот мускул на вратот.
Кога мирувам т.е не сум физички активен немам никаков проблем, но кога сум активен особено по завршувањето на физичкиот напор болката е многу поголема.

Ај ако може нека помогне некој, поточно шо треба да правам, можеби малку е сложено, но ај паметни сте вие ќе сватите.

П.С кога пијам аспирин и се мачкам со една маст за опуштање на мускули, болката е најминимална во тој одреден период.
 
Член од
3 февруари 2008
Мислења
255
Поени од реакции
1
Сабајле околу 4 саат ме стегна стомак. Плус од проливот ме фати и треска со температура. Претходно немав никакви симптоми се наеднаш ми се деси :toe:. Дали некој може да ми каже од што може ова да ми се дешава. Досега никогаш не ми се случило вака во лето. Ви благодарам однапред.
 
Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Сабајле околу 4 саат ме стегна стомак. Плус од проливот ме фати и треска со температура. Претходно немав никакви симптоми се наеднаш ми се деси :toe:. Дали некој може да ми каже од што може ова да ми се дешава. Досега никогаш не ми се случило вака во лето. Ви благодарам однапред.

Најверодостојно ќе ти одговори Злобница, а јас можам да ти кажам за почеток земај медицински јаглен, барем ќе те прочисти малку ако е труење од храна или друго нешто.
 
Ти благодарам!
 
duffy_f

денес те сакам повеќе од вчера
Член од
29 јануари 2007
Мислења
353
Поени од реакции
13
Сабајле околу 4 саат ме стегна стомак. Плус од проливот ме фати и треска со температура. Претходно немав никакви симптоми се наеднаш ми се деси :toe:. Дали некој може да ми каже од што може ова да ми се дешава. Досега никогаш не ми се случило вака во лето. Ви благодарам однапред.

Мене неколку пати ми се има случено-најверојатно е стомачен вирус.За вирус најдобро е да не земаш никакви лекови затоа што не делуваат туку само повеќе го надразнуваат желудникот и те тераат на повраќање-мегутоа може и да не повраќаш.во секој случај ако имаш само пролив најдобар лек е верувал или не -кока кола и леблебии.Не јади слатко скоро ништо.Чај од нане тоа знаеш.А ако повраќаш тогаш во аптека се продаваат електролитски раствори во пакетчиња на растворрање се- пријатни се за пиење, и обавезно супа и банани.Не се загрижувај ако е вирус поминува само од себе за 2 дена.Евентуално ако сакаш можеш да земаш реглан-таблети или сируп, можеш и линекс таблетки ( ама најдобро ова да се консулртираш со некој стручен) за да ти го среди стомакот.Внимавај на храната и јади претежно лесна храна од овошје банани и никако праски, лубеница, диња или домати.Поззз се надевам на брзо опоравување.:helou:
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45

Се е сосема точно и си тотално во право, само уште нешто кратко да додадам: доколку ти се јават грчеви во стомакот тогаш можеш да земеш бускопан, или при проблеми со желудникот омепрацол. Инаку највероватно се работи за норовирусот и поминува за 3дена ама е доста контагиозен.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
На двајца колеги од работа истото им се деси во петокот,вчера беа така-така а денес се ок.Температури,пролив и остало.Само што они мислат дека им е од Кинг Бургер,од таму јадеа двајцата.Пред тоа не им беше ништо,неколку саати после сендвичите им почнаа проблемите.Можеби е коинциденција,можеби комбинација од топло време,лесно расиплива храна и лоши хигиенски услови по сендвичариве.Како и да е,лошо време за температури.
 
Член од
3 февруари 2008
Мислења
255
Поени од реакции
1
Ви благодарам на сите. Денес сум подобро, немам температура али проливот уште ме држи. Поздрав.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Денеска уште двајца се у аут,дефинитивно стомачен вирус.Исти симптоми,грутка у стомак,температура,гадење...
Има шанси за превенција или и ја ке го јадам?
 
Шанса за превенција тешко, зошто е доста контагиозен вирусот, денеска тука (минхен) на педијатрија затворија едно оделение за посетители од токму истата причина. Избегнувај контакт, после тоа миење раце обавезно, не јади и пиј од исти чаши и тањири, нит прибор, избегнувај заедничка храна итн.
И да те стрефи, три дена трае, али грчевите се ужас.
 
Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Ова аутосугестијава е заебана работа,почна да ми се буни стомаков.Ке го решам со пиво после работа,ако тоа не заврши работа неколку ж'ти сигурно ке средат ситуација:party2:.Ако не се јавам со проблеми до вечер значи делувала терапијата:pijan:
 
Член од
3 февруари 2008
Мислења
255
Поени од реакции
1
Шанса за превенција тешко, зошто е доста контагиозен вирусот, денеска на педијатрија затворија едно оделение за посетители од токму истата причина. Избегнувај контакт, после тоа миење раце обавезно, не јади и пиј од исти чаши и тањири, нит прибор, избегнувај заедничка храна итн.
И да те стрефи, три дена трае, али грчевите се ужас.
Јас немав грчеви али затоа пролив и температура ме искинаа да ти кажам. А зошто не кажаа на ТВ дека има стомачен вирус?
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
26
Поени од реакции
2
Луѓе имам еден проблем во пределот на вратот и рамото од десна страна, поточно едно утро се разбудив укочен и нормално си велев дека на криво сум спиел и ќе помине, но веќе неколку дена оваа болчка трае но не е голема. болката е на работ на трапезоидниот мускул на вратот.
Кога мирувам т.е не сум физички активен немам никаков проблем, но кога сум активен особено по завршувањето на физичкиот напор болката е многу поголема.

Ај ако може нека помогне некој, поточно шо треба да правам, можеби малку е сложено, но ај паметни сте вие ќе сватите.

П.С кога пијам аспирин и се мачкам со една маст за опуштање на мускули, болката е најминимална во тој одреден период.
Ако до сега ти поминало е само лошо спиење,а ако болката продолжи снимај го вратот,да немаш некои дегенеративни промени од повреди или од нешто друго. Аспиринот ја подобрува најверојатно циркулацијата па ти е подобро,исто така има природни препарати врз база на гинко билоба кои ја подобруваат циркулацијата па помагаат при такви и слични работи.Поздрав
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Ако до сега ти поминало е само лошо спиење,а ако болката продолжи снимај го вратот,да немаш некои дегенеративни промени од повреди или од нешто друго. Аспиринот ја подобрува најверојатно циркулацијата па ти е подобро,исто така има природни препарати врз база на гинко билоба кои ја подобруваат циркулацијата па помагаат при такви и слични работи.Поздрав
Благодарам за помошта.
 
a_n_a

...TotAllY n LovE...
Член од
9 мај 2008
Мислења
89
Поени од реакции
1
еве јас имам некоја алергија цела сум исфрлана, по нозете најмногу и многу ме чеша, па само што бев на доктор и ми ставија инекција синопен али дупла, и сега сум некако малаксана....али ептен сум паничарка и сеа страв ми е да не ми е нешто од инекцијата или слично, па од паника вајда многу брзо ми чука срцево цело време и не знам дали да си легнам или да чекам да се подсмирам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom