Веб дизајн, ваши страни

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Ми ја дава мобилната верзија а на лаптоп сум средете си го тоа ;)
Би требало да е средено сега, ако не ти е проблем ако можеш да ми кажеш кој бровсер го користиш на кој оперативен систем, и резолуција, можеш и по пп да ми пишеш. позз
 
ОК е се, на лаптоп сум ФФ 1366 резолуција

Него не разбирам што е тука ваше? пишувањто постови само? :D

Пошто темата е готова и не е изменета уопште така да незнам какви совети треба да се дадат.
 
Ок фала, само не го разбирам мислењето на многумина, дали ќе го ценеше повеќе ако јас лично сум го кодирал сајтот од 0. Али не е битно, фала ти на забелешката
 
Не бе другар, ама бараш забелешки на готова тема? Бар нешто да сменевте, додадевте нешто што ќе те напраи поразличен од другите сајтови што ја употребуваат истата тема.

Вака бараш критика за темата уствари :D
 
Не се сфативме, барав критика или забелешка општо, функционалност,багови некој можеби, забелешки на текстовите или пак предлози. Темата како тема нормално не му фаќа око на секого, моментално фокусот е насочен кон доставување навремени информации. Иначе веќе ми помогна со забелешката за мобилната верзија. Поздрав и слободно пиши ако имаш некакви предлози.
 
http://filmskirecenzii.com/
Еве нешто ново во македонскиот веб простор, сајт за рецензии на филмови, сеуште немав видено ниту еден ваков сајт па решив да се фатам со работа и да го направам. И еве го, го пуштив пред околу месец дена. Планирам да го работам активно во иднина, па кажете што мислите и ако ви се допаѓа, поддржете го :)
 
Браво за етузијазмот, сајтот како сајт тхнички не е лошо изработен, но нема некој посебен концепт, не е нешто ново, делува како веќе видено.
И јас не сум сретнал ваков македонски сајт, но ги има премногу од англиско говорно подрачје во комбинација со торентче од филмот да си симнеш :)
Но не верувам дека со сајт сo ваква тематика и концепт можеш нешто да постигнеш, а и многу малку содржини имаш, ова посетител го чита за 1 минута и 19 секунди и чао, си оди со мислата дека на сајтот нема повеќе што да прочита и господ знае дали некогаш повторно ќе го посети.
Со среќа.
 
Браво за етузијPoазмот, сајтот како сајт тхнички не е лошо изработен, но нема некој посебен концепт, не е нешто ново, делува како веќе видено.
И јас не сум сретнал ваков македонски сајт, но ги има премногу од англиско говорно подрачје во комбинација со торентче од филмот да си симнеш :)
Но не верувам дека со сајт сo ваква тематика и концепт можеш нешто да постигнеш, а и многу малку содржини имаш, ова посетител го чита за 1 минута и 19 секунди и чао, си оди со мислата дека на сајтот нема повеќе што да прочита и господ знае дали некогаш повторно ќе го посети.
Со среќа.

Ти благодарам.:)
Знам дека има многу од англиското говорно подрачје, но мислам дека е време да направиме и нешто наше. Сеуште е прилично нов сајтот и го немам промовирано скоро нигде (само го имам споделено со неколку пријатели), затоа и нема содржина. Како што реков, планирам да се зафатам поактивно со него во иднина, па да видиме до каде ќе оди.
Поздрав!
 
http://filmskirecenzii.com/
Еве нешто ново во македонскиот веб простор, сајт за рецензии на филмови, сеуште немав видено ниту еден ваков сајт па решив да се фатам со работа и да го направам. И еве го, го пуштив пред околу месец дена. Планирам да го работам активно во иднина, па кажете што мислите и ако ви се допаѓа, поддржете го :)
Башка можеш малку и да го искомплицираш а со тоа би го направил и подобар. Некои дополнителни функционалности не би биле на одмет.
 
Башка можеш малку и да го искомплицираш а со тоа би го направил и подобар. Некои дополнителни функционалности не би биле на одмет.
Дефинитивно имам на план да воведам некои нови функционалности, но сеуште размислувам што би додал. Мислам дека е подобро сега за сега да е вака отколку да ставам непотребни работи. Некој Ваш предлог?
 
1. Трејлер
2. Опција да пишуваат и други рецензии
3. Сними видео ако си во можност со гледачи со нивни коментари за некои филмови (милион начини има за ова).
4. Портокаловото "Рецензии" во логото не се вклопува некако со позадината на менито.
5. Додади повеќе слики за филмовите.
итн итн....
 
Пребарување по актери, информации за актери, подетални информации за филмовите ..
 
1. Трејлерот е веќе вклучен, но изгледа идејата да се доаѓа до него со клик на сликата не работи како што очекував. Ќе морам да го сменам тоа..
2. Сеуште размислувам на кој начин да го спроведам, ја имам оваа идеја во предвид уште од почетокот.
3. Мислам дека е рано за ваков чекор, сеуште е непознат сајтот.
4. Тоа е лесно, ќе го средам.
5. Исто така би можело да се среди лесно.

Пребарување по актери, информации за актери, подетални информации за филмовите ..
Првите 2 се добри и може да бидат спроведени. За третото не те сфатив баш најдобро, во која смисла подетални информации? Глумци, тим итн или подолги рецензии?

Ви благодарам за забелешките :)
 
Одличен дизајн идејата ми се допаѓа :)

Сеа добро би било и оценката од IMDB да ја има :)
 
Јас би се нафатил, но незнам ти дали би се нафатил. Ако си заитересиран пиши у пп детали и дај линк од тостоечкиот сајт за да одредам цена.

Done already..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom