Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?

  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не пробувај да спинуваш, досадни сте. Кој го иницираше тоа со случајот Нејмар?
Знам дека се водите по онаа 'стопати повторена лага станува вистина', ама глупави се овие спинови со Франко.

Демек Флорентино го иницирал тоа? :pos:
Исто ко што го иницираа Маљенко да суди бидејќи бил фан на Реал а после им свирна два пенала на Барса?
Сигурно.

Ја сум убеден дека во ова има замешано прсти претходната гарнитура на Барса на чело со плејбојот Лапорта. Ова многу наликува на тоа што му се случуваше на Реал во време на владеењето на Калдерон кога лоби-групите под палка на Перез брчкаа секаде, вадеа „долен веш“ ко нашиве политичари за да го саботираат. И на крај успеаја со тоа што му најдоа пропуст, па му монтираа, односно го преувеличија тоа и го поврзаа со други работи (земјиште, играчи, злоупотреба) и го оцрнија за да се повлече.

Така е и со Росељ (додуша овој е и многу наивно човече), прво со Нејмар, му иницираа отказ но останаа негови луѓе на чело, не успеаја да има предвремени избори. А и Барса остана без казна. Па ај еве сеа им даваме на ФИФА докази за друг пропуст, за до минимум да ја ослабнат положбата на моменталното раководство.

Која би му била целта на Перез за да го направи ова на Барса? Ај да е казната нешто драстично океј, ама ова само краткорочно може да има ефект. Казната ќе биде намалена (сигурен сум) ко на Челзи што им ја укинаа по неколку месеци, Барса пак набрзо ќе може да купува.

Зошто Перез би го монтирал ова, кое може да му се врати и нему. Он нема да биде во комитетов доживотно, ќе му заврши мантадот и може и нему да му бараат вакви работи. Нема никаква логика.
 
А зошто Лапорта и остала багра би сакале да го саботираат својот клуб...?
Избори идат за 2 години, издржаа досега, ќе издржат уште две години. Ако се кандидира пак Лапорта најверојатно ќе стане пак претседател...
 
Значи трансферот со Teр Штеген исто отпаѓа изгледа официјално, иако имале пред да се изречи казнава некаков договор сепак нема да можи да пројди.

И да, имаат право да го избркаат Тата, само тоа им е дозволено.
 
А зошто Лапорта и остала багра би сакале да го саботираат својот клуб...?
Избори идат за 2 години, издржаа досега, ќе издржат уште две години. Ако се кандидира пак Лапорта најверојатно ќе стане пак претседател...
Зашто нашиве политичари ја стваат репутацијата на државата во заден план? За да дојдат на власт. Лошо звучи, али се е политика.
90% се шансите дека ќе биде прифатена жалбата на Барса, додека Лапорта ќе изнуди предвремени избори (кои и ќе ги добие) и ќе биде win-win ситуација за него. Барса нема да биде оштетена, се ова ќе се заборави за неколку месеци и со неколку трансфери, а он ќе стане претседател.
Fuck, почнав ко Филе да звучам, многу длабоко навлегов. :)
 
И се ова ќе има логика не викам не, освен фактот што некој објави линк дека немале право на жалба...
 
И се ова ќе има логика не викам не, освен фактот што некој објави линк дека немале право на жалба...
Нема логика да нема право на жалба. Неможеш ти на некого да му врочиш казна и да не му дадеш право на жалба. Ја не сум сретнал таков пример до сега, безразлика за што станува збор. :)
Лошото ќе биде, ако жалбата не се прифати. Е тогаш не е баш win-win ситуација, за Лапорта може ќе биде (он ќе си го истера неготово, ќе стане претседател), но не и за Барса.
 
Не сум сигурен дека Лапорта сака да се врати во Барселона , тој е сега длабоко навлезен во политика и нема шанси директно да се нафати да ја води Барса.
 
Не се дава право на жалба, во случај да си бил претходно предупреден дека треба да потсредиш и поуредно да работиш папирологија.
 
Абе ко тогаш Челзи шо немаше. Не може да нема можност за жалба на првостепена одлука. Што комитет е ова, турски кадија? o_O

За Челзи беше поради еден трансфер , а за ова појма немам зошто нагласуваат дека одлуката е неотповиклива.[DOUBLEPOST=1396477189][/DOUBLEPOST]
Не се дава право на жалба, во случај да си бил претходно предупреден дека треба да потсредиш и поуредно да работиш папирологија.
А таа папирологија е во согласност со шпанското законодавство и Шпанската федерација . Може да е точно ова бидејќи овој спор се води неколку години а зошто токму сега им текна на ФИФА да пресечат не знам.
 
За Челзи беше поради еден трансфер , а за ова појма немам зошто нагласуваат дека одлуката е неотповиклива.[DOUBLEPOST=1396477189][/DOUBLEPOST]
А таа папирологија е во согласност со шпанското законодавство и Шпанската федерација . Може да е точно ова бидејќи овој спор се води неколку години а зошто токму сега им текна на ФИФА да пресечат не знам.

Не знам искрено зашто ја кривите ФИФА. Таа пропишала низа мерки по кои треба да се работи. Шпанската Федерација кога влегла во Фифа, се согласила да работи под легислатива која истата ке и ја препише. Истото е и во случајот Федерација-Клуб.
Доколку не се придржуваш кон мерките, ке те предупредат еднаш, по втор пат ке те опнат со казна.

Немам ништо против Барселона. ама вашиот клуб не следел прости инструкции. Кај е легалната служба на клубот?

Некој фаќал изгледа shortcuts во работењето и сега ке го јаде дебело.

Знам дека сте изреволирани, ама некој во Барселона дебело заебал работа. Затоа и ми се смешни овие теории на заговор.
Истите не би имало доколку се работело според правилата.

Друга ствар, вакви огромни екипи, сигурно имаат QACD(Quality and Control Department) чија единствена задача е да врши проверка на ваквите работи.
Ова ми изгледа на нешто многу едноставно, зашто Барселона не внесува деца во Шпанија од вчера.

Исто како што јас од мрза не отидов да извадам осигурување за скутерчето, па ке ми опнеа 200Е казна. Знаев, ама не замарив.
 
Сите регистрации во Шпанија се изведуваат во согласност со Шпанската федерација , значи сите клубови од Шпанија ги применуваат нејзините правила. Зошто само Барселона е казнета , не ти е тоа симптоматично?
 
Не знам зашто оптоварување на оваа тема. Мислам дека сите фанови на Барса ја предвидуваа одлукава, а и ја посакуваа на почетокот. Сите се плашеа од повеќе, вака еден трансфер период ќе пројде, за другиот ќе опростат и тоа е тоа. Е сеа што си замисливте 5 нови играчи од лето, наместо 5 стари е друга работа. Сите знаевме дека мора некаква казна да биде, мислам дека минималната ја добивте.
 
Сите регистрации во Шпанија се изведуваат во согласност со Шпанската федерација , значи сите клубови од Шпанија ги применуваат нејзините правила. Зошто само Барселона е казнета , не ти е тоа симптоматично?

Како што успеав да прочитам, и Шпанската федерација ке биде казнета за ова, затоа што дозволила регистрирање на младинци со нецелосни документации.
 
Не сум сигурен дека Лапорта сака да се врати во Барселона , тој е сега длабоко навлезен во политика и нема шанси директно да се нафати да ја води Барса.

Баш напротив , замисли само колку би се зголемило неговото гласачко тело од страна на фановите на Барса , баш му оди во прилог. Е сега дали ќе биде директен претседател на Барса незнам како прво дали е можно да има двојна функција , ако веќе е некој политички функционер , но сигурно ќе постави некој негов човек кој ќе игра под негова палка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom