Епа друже Сабја сега после отворенава тема и коментариве во неа ти стана јасно оти ситуацијава е до тука дојдена?
Не ми требаше темава за да сфатам каква е ситуацијата, не дај боже да знаете што се случува вон трибина и какви притисоци има, ова ќе ви изгледа како прво априлска шега
Од темава сфатив дека на кајганава има многу фаци што се едни од оние кои не следат спорт, ама ако посакаат еднаш во пет години да одат на некој натпревар, треба да се затворат сите трибини за они да бидат единствени на стадион/сала и да си ги гледаат мечевите сами.
Нема друго опрадување, инаку да знаат што се случува низ светов немаше "реакции кон судија", "пцуење џандари" да им бидат најхулиганските нешта.
Па уште ја вреѓаат државата колку сме биле затуцани, а во држави како Германија, Русија, Полска, Шведска, Холандија, Франција имаш најразни договорени тепачки кои поминуваат со жртви.
Во Македонија нема ни Х од хулиганство и да не е ретардирана полицијата, нема НИЕДЕН инцидент да има на трибиниве и се ќе помине со пцуење помеѓу две навивачки групи.
Како прво законот вели дека за пијани особи влез на трибина нема.
Полицијата не го применува овој дел од законот? Значи донеле закон кој ниту можат секаде да го применат, ниту пак го применуваат онаму кај што можат. Забранета е продажба на алкохол на не знам колку километри од стадион, а на голем дел од стадионите во државава ИМА КАФАНИ под самите трибини.
Дали полицијата треба да биде санкционирана за неисполнувањето на законите???
Јас кога одам на трибина и било кој од мојата група, нема должност да глуми џандар на трибина и да ги проверува лицата за да утврди кој е потенцијален "неранимајко". Од 1000 души може ќе се јави некој што ќе направи екцес. Доколку тоа не ја загрозува безбедноста на натпреварот, полицијата нема што да влетува на трибина и да тепа се живо и диво, кога самите групи за некоја минута ќе го решат тој проблем.
Полицијата е таму за да одржува ред, да спречи некој да влезе во терен. Јас на снимкава ниту гледам некој да влегол во терен, ниту некој има интенции да го направи истото. Тоа што станале пола трибина и фрлале предмети се случувало насекаде во светот, и не значи дека истиот ќе влезе во терен и ќе се тепа. На снимката нема никаков обид за влегување во терен, ама ајде чим дечкото вика дека било така да му веруваме.
Предметите не се внесле сами на трибина. Дали ќе има санкции за оние кои го обезбедуваат мечот? Па детектори за метали измислија, почнаа и клучевите од дома да ни ги земаат, па пак се случува да фрла некој во терен? Не може ради неспособност на редарски служби и полиција да биде обвинуван некој друг. Се знае кој треба да трпи санкции, ЗАЕДНО СО ОНОЈ КОЈ ФРЛИЛ ВО ТЕРЕН. Па не може НИТУ СПОРЕД законот, само едната страна да биде казнувана.
Темата е именувана ДАЛИ ПОКРАЈ НАВИВАЧИТЕ, постојат закони и за полицијата?
Јас нигде не го оправдав чинот на навивачот, ама реакцијата на џандарот е ПРОТИВЗАКОНСКА. Дури не може ни во самоодбрана да влезе, затоа што претходен напад врз него НЕМА.
И да имало напад, одново УДАР СО ГЛАВА ВО ГЛАВА НЕ ВЛЕГУВА ВО ЗАКОНИТЕ...
Друга работа некој што не оди на трибина и не е запознаен со навивачки работи има друга перцепција за инцидентите. Пример на мечот со Динамо Минск на нашата трибина ради еден пијан тип се случија неколку мешаници кои од страна личеа дека којзнае што се случува. Таман го средивме типот и се смири, некој се исплашил за безбедноста и истрчал кај ЕБР да ги викне да средуваат. Последица беше бегање по цела трибина пошто ЕБР влетаа да бараат човек кој не ни знаеа како изгледа, оние кои се неискусни и мислат дека ако само си седиш нешто нема да ти направат си изедоа пендраци, а на весниците тоа беше главна тема.
Цели мечеви не снимаат зошто не може после мечот едноставно да ја видат снимката и да го уапсат типот?