„
Pacta sunt servanda“ - преставува фундаментално начело во правото што значи „договорите мора да се почитуваат, одржат“
Во врска со случајот на адвокатот кој бара пари од странка а на ни поднел тужба, доколку странката и адвокатот потпишале писмен договор за давање на адвокатски услуги тогаш сите одредби кои ги содржи тој договор се обврзувачки за двете странки, и доколку таков договор еднострано биде раскинат тогаш произведува обврска за странката која го раскинала да ја надомести другата странка поради раскинувањето.
Е сега, ние може да полемизираме и да исправаме „криви Дрини“ тука али се додека немаме цврсти факти или Договорот во прилог, не можеме точно да знаеме.
Постојат расипани адвокати, тоа е дефинитивно, кои ќе ја искористат довербата на клиентите за да ги злоупотребат и да заработат некоја пара на тоа. Ако една странка, или вие како странка, се најдете во ситуација да бидете оштетени од адвокат, секогаш ви претстои правна можност да покренете судска постапка против него и да се обратите до Адвокатската комора.[DOUBLEPOST=1434884476][/DOUBLEPOST]
Незнам дали е погодна темава, ама овде ќе прашам
Мене ме интересира дали може ако си адвокат на пример, да се закачиш на сите ситни предмети што ќе налеташ на нив, да пуштиш по една тужба ако мораш и ИСКЛУЧИВО САМО ДА ЧЕКАШ.
Дали овие ситни предмети сами од себе за неколку години си се завршуваат?
Дали сите се завршуваат?
Дали може адвокат да живее само од ваков лов на „плашици“?
Зошто јас имам потврда од болницата дека кај нив добив сепса, а ја откри друг доктор и мораа потврда да дадат
И 5 години двајца адвокати едната пушти тужба и чисто чека, потпишав согласност кај друг пред 2 години, иста приказна само чекаат,
Лутината ми помина, парите не им ги сакам, ми останаа адвокатите како некој за којшто сум потпишала и некако ми е непријатно да се јавам сега кај двајцата и да им кажам дека сакам да ја повлечам тужбата (ќе речат трчавме, не е јасно дали маратон патеки има по судојве овде за трчање, какво им е тоа трчање што го споменуваат цело време?)
Вчера се јави таа првата, кај запаливата странка се јави кај маж ми на телефон, тој за оштетата би ме пуштил уште еднаш да фатам сепса, репризно, и сега малку ме нервира со муабетите нејзини дека ќе стигнеле мнооогу пари, како да му кажам дека не ми е дојдено до тоа?
Кај адвокат можеш да поставиш само три бесплатни прашања:
- Може да влезам?
- Може да седнам?
- Може да прашам?
После тоа се си има тарифа
Адвокати можат да живеат од ситни предмети, дури има и многу такви.
Предметите сами не можат да се водат и завршат само со поднесување на тужба. Целиот судски процес е пропратен со поднесоци, приговори, барања, доказна постапка и што уште не. Си бара „трчкање“.
Али во твојот случај, за да се осигураш колку „трчкале“ најубаво е да отидеш во канцеларија и да побараш извештај до каде е работата, т.е. да ти покажат што се поднеле, присуствувале на рочишта, преговарале и сите дејствија што ги презеле во врска со твојот предмет. Тоа е твое право да бидеш информирана за твојата постапка.