Абе тука зборуваме за порок. Ти може да се Ајнштајн и да пиеш/пушиш/да се коцкаш. Нема логика у тоа, али рецепторите за допамин делуваат на задоволството кое го чувствуваме кога ги праиме тие ствари. Цигарата не е ништо повише од социјален и личен ритуал во кој нема никаква логика, али послем многу години пушење, тешко е да се откажат. Исто, мислам дека ганџата е сама по себе многу поштетна од цигарите ако ја конзумираш во истите количини. На пример ако ја пушам 20 цигари дневно, ти да пушиш 20 џоинта дневно. Или ја да пушам 2 цигари дневно ако ти пушиш 2 џоинта дневно....Конзумирана во истите количини е далеку позаебана.
А сеа ако некој пуш еден филјан на 6 месеца и 3 кутии дневно цигари, секако дека последиците од цигарите ќе бидат поочигледни кај него.
Дури и да има некои работи кои можат да помогнат за здравјето на луѓето во самата марихуана за што сумњам дека е потврден факт, сигурен сум дека истото може да се постигне на друг начин. Еве наведи ми било што такво, ќе ти најдам алтернатива. Луѓето пушат ганџа пошто сакаат да се напушат и да им е убаво, најчесто, не ради тоа што се грижат за своето здравје.
Прв болд, тапкање во место, но ја свакам твојата споредба. Никој разумен човек нема да пуши 20 џоинта дневно. Тоа ти е ти е како да споредуваш 20 чаши пиво 0.5 мг и 20 чаши ракија 0.5 мг. Просечен конзуматор пуши 5-15 цигари дневно, а еден уживател на марихуаната 2-10 џоинта месечно, ова е некој просек. Е сега има стоки што ги знам пушат по 30-50 цигари дневно и по 5-12 џоинта дневно. Значи не може тоа да биде мерило, се си има своја тежина. Ако гледаме буквално, врз здравјето, тоест оштетувањето на градите влијаат и многу други фактори. Човек што пуши по 40 цигари во планинско село, ке има поздрава плуќа од некој тинејџер кој живее во метропола и дува 1-2 џоинта дневно.
Втор болд, тоа што го пишуваш е повеке од очиглено. Алтернатива постои за се, твој е изборот. Има лекарства за несоница, има десетици врсти на канабис за несоница. Има апчиња за болка, ете ти и канабис за болка. Не го спомнувам ракот, оти гледам некој се исмејаваат на фактот дека канабисот помага во третирањето на ракот.
И трет андерлајн, да, ние пушиме ганџа за да се релаксираме после работа, за да заспиеме убаво после бурна ноќ, за да муабетиме со пријателите, но објасни ми ги сликиве, за што го конзумираат овие деца канабисот?
И сега ти како скептик ке речеш, овие се лоши родители и марихуаната е штетна за недоразвиени мозоци, итн...
Мене ме чуди колку не е штетно за огранизмот на 5-10 годишно дете да биде труено со разно разни лекарства, кој верувам дега голем дел од нив се на тест период. Добога Трамадолот кој го даваат за се, поточно како пеинкилер и на деца без рецепт е на тест период и нема конкретни студии за тоа колку е штетен после долгогодишна употреба. А Трамадолот е благо лекарство во споредба со лековите за напади и кемо...
Очигледно е дека канабисот право многу повеќе за луѓето одколку многу лекови комбинирани заедно со долгогодишните студии на едуцираните доктори во големите фармацивски компании. Секое лекарство (медикал маријуана) од 60-тите години, има време да биде детално тестирано и докажано дали е штетно или не, и сеуште мене ми се чини дека некој луѓе намерно не сакаат да ја кажат вистината и ја пролонгираат пропагандата. Лично јас мислам, дека ако болната личност е подобра, може да оди, да јаде, да нема напади и болки, канабисот треба ја добие целата заслуга. Можеби е потребно да се прават повеке испитувања и тестирања, а не апсења и навреди.
Изборот е твој, имаш алтернативи.
Канабисот е безплатен, можеш сам дома да го одгледуваш и да ги користиш неговите бенифиции. Тоа на некој не му одговара и поради тоа општо прифатено е дека канабисот е штетен порок, дека се умира од него. По ѓаволите, се умира и од шекер.