- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Темава e наменета за дискусија на односите на Македонија со светот. Затоа е отворена во подфорум Свет. Како според Вас Македонија треба да се позиционира во односите со Западот и Истокот? Како треба да се поставиме со нашите соседи?
Имаат многу на избор.
Тоа е точно. Да ги погледнеме симптомите на една нестабилна држава:Постоењето на Македонија е во директен конфликт со тоа на Грција, можеби и Бугарија, а во секое време може да биде додадена Албанија. Тоа зависи колку секоја од овие земји во одреден момент може да посака да се отргне од споменатото влијание заради реализирање на свои национални цели или нивно зачувување.
- големо малцинство
- непријателски соседи
- слаба економија
Ова е исто како да тврдиш дека си открил топла вода. Фактички, на посложен начин, дури се повика и на експерти, објави дека големите сили користат ПОДЕЛИ, ПА ВЛАДЕЈ. Нешто што е познато од антички Рим.Крајната цел, според моето скромно мислење и мислењата на некои искусни аналитичари кои досега сум ги прочитал, од интерес на надворешните сили е воспоставување на - maintained animosity во земјите на интерес, за да секогаш имаат со што да ги уценуваат сите страни и да ги принудуваат кон послушност.
Доколку Македонија почне да флертува со Русија, која лозинка ќе ја активира Западот?Преку пример, доколку Грција почне да флертува со Русија заради снабдување со енергенси, а во замена да им понуди воена база на некој остров, САД и Западот ќе ја активира лозинката “Македонија“ и ќе почне да создава опасност за Грција, преку македонското малцинство, преку признавање на името и сл. работи.
Имаат многу на избор.
Повторно - раздели, па владеј. Не знам што целиш со ова. Запад уценува, а Русија не уценува?Низ слични примери, со иста цел, ќе ги уценуваат и останатите меѓу себе. Со ова тие се осигуруваат во случај некој од “сојузниците“ да посака да смени страна.
Нашиот проблем е со Грција, не со Западот. Грција има вето во НАТО, таква е структурата на НАТО. Словенија ја блокираше Хрватска, се додека не се договорија за нивниот спор. Што треба САД да направи, да ја бомбандира Грција? Им вршеа притисок на самитот во Букурешт, вршеа притисок за признавање на Косово, Грците не попуштаат. И сега вестите дека Грција ќе го признае Косово, за мене значат дека Грција попрво би потклекнала на тоа прашање, но не и за Македонија. Според мене, планот на Грција е, ќе ги блокираме Македонците од НАТО и ЕУ, ќе се разочараат и ќе се свртат кон Исток и САД ќе ги сј*бе. На кратко.А од друга страна доколку толку наивно веруваш во западното сојузништво, наместо деструктивните сценарија, нели е многу полесно да се завршат проблемите за Македонија со нејзино признавање и интегрирање во ЕУ, НАТО?
По таа логика НАТО не требаше да ги прими ни Албанија, ни Хрватска. Што добија САД од Албанија, од тоа што веќе го имаа? Имаа тотална контрола врз Албанија. Албанија има поголемо малцинство во Грција, Црна Гора и Македонија и би била поефективен џокер за уцена.Со нашето потполно прифаќање, би добиле само Македонците, а САД и НАТО не би добиле ништо повеќе од тоа што веќе го имаат. Во таква ситуција тие всушност би ја изгубиле стратешката предност за уцена врз нашите соседи, преку елиминирање на Македонија како џокер карта.