Улогата на Русија во македонската историја

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ова што зборува Професорот е токму она што не е историја. Овој му рекол на оној - она и она. А тој му рекол на тој - тоа и тоа. И заклучок е ...
Зошто Русија би сакала да се подели Македонија?
Санстефанска Бугарија е дело на Русија. Русија имаше интерес да го заобиколи Босфорот и да добие пристап кон Белото море преку Сантефанска Бугарија
Но зошто да се подели Македонија? Тоа би било глупо и спротивно на Руските интереси
Македонија не е поделена од страна на Русија, туку е поделена со Балканските војни. А за Балканските војни имаме друга тема
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Да ја поделиме поновата историја на рускиот народ на 4 дела:
  1. Царска Русија
  2. СССР
  3. Елцин
  4. Путин
Мислам дека полека, но сигурно стигнавме до консензус, дека царска Русија не пружила никаква помош за Македонија, освен некои писма, честитки, разгледници на одредени поединци. Баш напротив, може да се каже дека постапките на Русија во тој период работеле против интересите на Македонија. Првовремено Русија ги поддржува големобугарските аспирации за Македонија за подоцна, по заладувањето на односите со Бугарија, предизвикано од обивањето на Бугарите и нивниот нов кнез слепо да служат на руските интереси, Русија го врти своето внимание кон Србија. Потпомогната од Русија, Србија започнува да работи на своите планови за зголемување на својата територија, на сметка на Македонија и околните земји. Планови кои успеваат, поради што малото кралство Србија (Шумадија) од 1882 до 1918, за 30-тина години се проширува во Кралство Југославија. Името Југославија, под претекст на пан-славизам, всушност го крие чисто српскиот карактер на таа држава. Хрватите и Словенците пружаат вооружен отпор, а не заостануваат и Македонците со Охридско-дебарското и Тиквешкото востание. Востанија за кои до пред извесно време во Македонија не се зборуваше во името на братство и единство.

Оваа руска-српска алијанса се распаѓа со создавањето на СССР, а во 1945 г. по дефинитивниот пораз на последните остатоци од таа српска империја, четниците, Тито ги враќа сите територијални придобивки на народите на кои им принадлежат. Македонија на Македонците, Словенија на Словенците, Црна Гора на Црногорците. Да не заборавиме дека Тито водеше две паралелни војни. Една против фашистите, една против српските националисти.

За жал, по распадот на комунизмот, руско-српското сојужништво е возбновено и сите стари српски експанзионистички планови повторно се поставуваат на маса. И тука игра улога Милошевиќ. Но за него, друг пат.

И заборавив да напоменам. Во времето на Балканските војни, Србија воспоставува уште едно трајно пријателство. Со Грција. По Балканските војни, овие две држави имаат заедничка граница и таа заедничка граница им е сон до ден денес.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Во голема мера историјата е испреплетена со политиката.

Наклонетоста во најголем број случаи не е базирана на аргументирана основа, бидејќи на многу Македонци им фали познавање на историјата и треба со предочување на сите расположливи факти да им се овозможи корегирање на сфаќањето.

Треба да се разбере дека не е се’ црно и бело, сите светски сили во нашиот случај одиграле негативна улога бидејќи изостанал позитивниот резултат за нас. Меѓутоа, во тој процес биле инкорпорирани и доста значајни аргументи кои говереле во полза на македонската кауза.
Зошто сепак дошло до пропусти кога сме добивале поддршка и што всушност недостасувало за краен позитивен исход?

Нема поента да се делиме на фан клубови туку да ја анализираме ситуацијата и да научиме нешто од тоа.

Од сите погорни пример се наметнува заклучокот дека постоеле различни политички “бранови“ кои го креирале историскиот курс, а во моментов постојат би рекол некои други предуслови на теренот во политичка, воена и дипломатска смисла.
Минатите искуства треба да послужат за најдобро позиционирање на нашите интереси, во контекст на тоа и на моменталната ситуација, не би требало да ги отпишуваме Русите или некои други земји како перспективни сојузници.
Со оглед на комплексната историја што ја имаме, мислам дека за жал историската перспектива неможе да ни даде про-контра аргументација кога станува збор за Русија. Токму најголемиот „аргумент“ на западната пропагнада е историјата. Како пример ќе го наведам случајот на отцепувањето на Косово од Србија, а што не ретко како директен виновник се посочува Русија, која не го избранила тоа, иако НАТО 3 месеци ја изора земјата уздуж и попреко. Секогаш кога ќе се збори за Русија во минато време, треба да се крева гардот. Секогаш Русија е крива зошто не не ослободила од Турско ропство на време. Русите се криви што на Берлинскиот конгрес западните сили ја вратиле Македонија под Отоманска власт и така натака. При тоа секогаш има (како што сакаш да ги наречеш) спинови, како другата страна ни помогнала, притоа намерно или ненамерно се изостава фактот што првпат во светската историја, таа друга страна користела напалм врз Македонските партизани во Егејска Македонија после втора светска војна.

Да се навратам на историјата, никој Македонија не ја оставил намерно во рацете на Османлиите, ниту Австроунгарија, ниту Русија. Туку толкави им биле можностите напсрема тогаш најголемата светска сила Отоманската империја. Имајќи ја во предвид големината на Империјата, Македонија се наоѓала блиску до центарот, и нормално дека покасно е ослободена одколку периферијата. Треба да се има во предвид дека Русија се бори со Турко-Татарите и на далечниот исток, а не само со османлиите. Но фактот говори дека директно или индиректно, за ослободувањето на Балканските народи од турското ропство, вклучувајќи ја тука и Македонија, најголема заслуга има Русија, додека на пример, западните сили неретко и давале подршка на Турција (Кримската војна, Интервенцијата на Британската флота во мраморното море во 1878 итн).

Зборот ми е, главната цел на Русија била ослободување на православниот народ од муслиманско ропство. Притоа да се разбереме дека тие играле на картата дека со народ со „словенско“ потекло и православна религија многу полесно ќе придобијат наклонетост, што всушност и било факт, а со тоа и да го прошират своето влијание. Формирањето на посебни национални држави, во регионите добиени во војните, било карма-каша и према моменталните услови. Не можеме ние тоа време да го споредиме од аспект на денешното време, кога информацијата се шири со енормна брзина. Мора да имаме во предвид и дека христијанскиот народ не бил школуван и претежно бил во селата. Добар пример за ова е периодот после Руско-Турската војна 1878 и Сан Стефанскиот мировен договор, денешна Македонија била на хартија под Бугарско владеење, но во пракса владеело безвластие или башибузук на локалните бегови. Тоа говори дека и покрај воените успеси, исцрпена од војни и со западните сили и со Турците, на Руската држава тешко и оди контролата на освоените територии.

Уште еднаш ќе нагласам, не можеме да бараме аргумент, кој од политичка гледна точка во историјата, ќе даде причина да се бара перспективата на Македонија во Русија, но доколку и најдеме причина, бирањето партнер на историска основа без да се запазат моменталните светски текови и вклопување на националните интереси во нив, би било крајно несериозно. Тоа што може да се тврди е очигледната блискост од историски, културен и религиски аспект, која ни дава предност да ја добиеме наклонетоста на Рускиот народ. Притоа, историската неправда(санстефано, букурешт) може да даде посебен шмек врз сентиментот. Имајќи ја во предвид ренесансата на Руската моќ, овој факт може да ни биде бајаги во корист, давајќи ни предност во регионот. Но за жал тука се јавува еден друг проблем, а тоа е Албанското прашање во Македонија, но и све понагласеното вахабистичко движење, кое е главното оружје на западните сили во Македонија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Od rusija samo od biznis strana moze da vidime arno.
Zaboravete na panslavizmot oti odamna e umren.
Русија никогаш не заговарала пан-Славизам. Таа била голема сила и нејзе не и било потребно нешто такво
пан-Славизамот е за мали народи, кои се надевале дека ако се обединат ќе бидат посилни да спротивстават на големите сили
Но се согласувам тоа е идеја од 19 век
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
“Запад“ е многу вешт во извртување на фактите и вистината. Всушност, тоа е царството на лагите. Скоро ниеден аспект од историјата онаква каква што ја знаеме денес не е адекватно точен. Ако не може (или не се сака) да се искриви (излаже) некој факт тогаш истиот се преќутува или исмева како несериозен, смешен, глупав... (помислете само како поминуваат теориите дека не постои преселба на Словените па ќе ви биде јасно).

Во тој контекст е и руската улога во историските настани на Балканот. Руската историја и нејзината улога во светската историја е многу малку застапена па и она што е опишано, опишано е исклучиво од аспект на западната историографија. Можеби за тоа е виновна и затвореноста и интровертноста на самото руско општество, но сепак...

А Русија поради својата големина (во секој поглед) и своите богатства отсекогаш им била трн в око на оние од запад (барем од тогаш кога се вообразиле поради својата моќ), а и од самиот поглед на картата на Русија им течеле лиги...

И сите напади, војни и се останато што оние од “Запад“ го правеле и го прават секогаш ја имало како крајна цел - Русија. Воглавно почнало со Наполеон, Октомвриската револуција е првиот обид во светот (успешен) да се сруши власта и да се растури државниот систем во една суверена држава и да се замени со инсталација по сопствена воља.

Само, Сталин им ги смрсил конците, но и општо социјалистичкиот систем кој “по дифолт“ произведува авторитарни водители се покажал како нестабилен па сега го заменуваат со хаотичен систем кој го спроведуваат по пат на “револуции“ (класични државни удари менаџирани и спроведени од кај нив)кој го гледаме на дело во Египет, Либија и т.н. па се до Сирија и Украина...
 
Последно уредено од модератор:
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Цел ден сум на Wikipedia и читам за Османлиска Империја, но ова ме зачуди. Во тие мега "западни" сили спаѓа и Русија, па сега сум малце збунет. @Bratot нешто повеќе може, или да си отвориме нова тема со Историја (генерална дискусија) каде можеме за разни работи да дискутираме?! :)

Така, на 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистриас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I Грчки бил избран за првиот монарх на земјата.

Јоанис Каподистриас (1776-1831) бил руски министер за надворешни работи со грчко потекло и прв премиер на новосоздадената грчка држава.
По распрадот на турската империја, во 1929 година, Јоанис Каподистриас, предлага на Балканот да се создадат пет држави-монархии меѓу кои и Кралство Македонија (Македонија, Тракија, островите Имброс, Самос и Тасос).

Иначе Ото е со Германско потекло.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Прочитав, пренесов, не искоментирав за валидноста.
Ако некој има видео можеби подобро се гледа.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Тоа беше толку очигледно постирано у контекст на темава чиј текст доволно јасно ни ја отслика намерата. Затоа боље не се прај приглуп и поштеди не’ од такви сензационални бљувотини.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Најдов и видео и подобра слика. Ќе се демантирам себеси, објаснението на @Misirkov е најверојатно.

И пак би те замолил, да не го спуштаме нивото на дискусија, толку ниско.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И пак би те замолил, да не го спуштаме нивото на дискусија, толку ниско.[/quote]

Дечки, не глумиме во претстава така, затоа престани да го спушташ квалитетот на дискусиите со такви инфантилни обиди за спинување на темите. Никакви преправања со финоќа нема да те искупат.

Ти беше неколку пати укажано, уозбили се веднаш и дискутирај поштено.

Ова ти е опомена како за офтопик.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
Ништо не е така едноставно како што ти си објаснуваш. Ти го постирав Договорот за Процентите меѓу Британија и СССР.

Никогаш не ни одело под рака бирањето сојузници.. македонските партизани никогаш не требаше идеолошки и народно да се врзуваат со народите од Југославија.
Требаше целиот востанички импулс да се насочи кон Грција, но не самите, туку со сојузници. Некогаш треба да се ризикува, да се вложи повеќе и да се оди со крената глава.

Бугарите се спротивставија на директивата од Москва и тоа го слават како голема победа.

Премногу шпекулации се пласираа за заканата од Милошевиќ и Мицотакис. Никогаш не биле ниту блиску до офанзива во Македонија, пред се’ поради страв од инволвирање на Турција и Бугарија, а со тоа би биле многу подалеку од остварување на своите приоритети.
Приоритетите на Милошевиќ беа да ги осигура териториите населени со Срби, а приоритетите на Мицотакис да не започне војна во која никој не би можел да го предвиди епилогот и би се дале дополнителни изговори на сите претенденти за територија.

Никаква голема сила не им стоела на патот на Милошевиќ и Мицотакис, напротив, потполно занесувачки звучи дека таа голема неименувана сила ги жртвувала Словенија и Хрватска, меѓутоа за Македонија рекла категорично - НЕ! :)

Доколку можевме да “одбереме“ сојуз со СФРЈ можевме истото со Бугарија... може и со Грција? Ќе бевме цели.
Неможевме,сверите на влијание кои ги спомена се тие,а во нив не влегуваше Грција таа беше веке одредена каде припаѓа-на западот,така што таков избор слободен,да бираш со кого сакаш немаше.Плус не се Словени што дополнително излегуваше од сверата на Русија,или ајде СССР која беше еден од клучните фактори за таа работа.Влегување на Македонија во сојуз со Грција ке значење "крадење" дел од тие проценти од Западот,на сметка на СССР,и тое небеше опција никако.Тие проценти се задоволија со поделбата на Македонија уште предходно и тука немаше многу мрдање.Од гледна точка на западот,дали ке биде Македонија независна ,дали ке биде дел од Србија,Бугариа..во таа поделба не им игра многу улога,оти е дел од Руската свера.

Сметам дека причината не е страв на Србија од инволвирање на Турција и Бугарија,туку страв на Америка или условно кажано на западот од таква работа.Прво,инволвирање на Турција каде,против кого ? Турција со Србија нема додирни точки,она ако се инволвира во било што поврзано со Србија,тоа би било Босна.
Нема страв тука,туку има прагматичност на западот кој вика јужен фронт не треба да се отвора,зошто ке оди во прилог на Србија.Јужен фронт ке значи војна од поголеми размери,што ке ја стави Србија во позиција фактор за мир(поразена но небитно).Кога си дел од проблемот,си и дел од мирот.Во тоа се состои и бизнисот наречен мировни конференции.Да потсетиме,Бугарија во втора балканска војна беше тотално поразена земја,а сепак дел од Македонија зеде,дел од тоа јаболко на раздорот,кое беше повод за војната,а ја загуби војната.Кога ке отвориш еден таков фронт со такви граници,Србија ке биде таа која ке седне на преговарачка маса,заедно со другите инволвирани неминовно и нема да изгуби толку колку што Американците си зацртаја,или јас би рекол и Германците.Плус ке отвориш простор за вклучување на големите сили во тој процес,што ја вклучува и Русија и нејзино враќање на Балканот.Затоа они одеа постепено,заврши Хрватска почна Босна,заврши Босна почна Косово.Туѓман уште тогаш ги тераше Албанците да отворат јужен фронт за да се растерети,но они решија не,така ги поучија(им наредија).Не требаше да се создаде општ хаос,а најлесно им беше тогаш на Албанците од Косово да дигнат бунт да го наречеме,по аналогија на нештата,кога е нападнат непријателот од други страни,се вклучуваш и ти да ги оствариш своите цели.Но така небеше тука.Америте ги изолираја горе голе сите случаеви,и ги решаваја Србите дел по дел.Дека кога ке се направи голем хаос,се наметнуваш како дел од мирот,е доказ Република Српска.Без тоа или треба да ја збришеш едната страна тотално,што не е можно,или треба да се задоволат и некои нејзини барања,за да се оствари мирот.
Тоа беше причината,што Американците се истоварија во Македонија,и тогаш не дозволија Србија ни да мисли на Македонија,а исто така и на Албанците не им даде ниту идеја,ниту начин да го прават тоа што го направија во 2001,а тоа да се разбереме беше идеја на Америте,така што прашањето е зошто не тогаш,немавме војска,опрема ништо немавме,а знаеме сигурно дека такво нешто имале во план,но заклучуваме и дека не било времето тогаш,а небило баш поради тоа да не се отвори јужен фрон и да се пришират границите на војната.Но,завршија сите етапи,заврши Косово и тогаш почна Македонија 2001-ва.
Можам да кажам дека Македонија е единствената земја тука,која држава доби сама и од господ (условно кажано),т.е. од специфичните услови и положба (не географска),за разлика од другиве кои практично беа создадени со директна акција од голема сила.Тоа што сите ја сакааја,изгледа е најголемиот фактор за нејзиното оформување и постоење,ниту Русија,ниту Западот.
Тука сепак морам да напоменам една работа,тоа е дека една работа македонската држава,друга работа е македонскиот народ,како луѓе.Македонската држава нема многу корист од Русија директно,но народот мислам дека има,а со тоа се има и индиректна корист и во смисла на македонската држава.Тоа што Бугарија се ослободи од Турците поради Русија,неможеме да не го гледаме како корист на македонскиот народ како народ во еден период.Можеше да учи ,да се образува и тн..да, во туѓа држава(прашање е колку е туѓа а колку наша Македонска ама ај :) ) но поарно од колку во Турција,можеше да ја ползува слободата на Бугарија,оти многу Македонци имаше таму,а народот како народ од таа страна на денешната граница,не беше толку зомбизиран и поистоветен со позицијата на бугарската држава и буржоазија,нивите позиции и амбиции,немаше време тогаш одма такво изедначување да се направи,какво што е сега.Денес Бугарите се адвокат на државата,наместо критичар но тоа е друга тема,важно таа слобода донесе и корист на Македонија (денес неизгледа така зошто тоа тотално се злоупотребува денес,со кретенски тези -а во какво училиште учеше Гоце Делчев ??? :) и слично )
Да скратам,Македонија во смисла на државност нема корист некоја од Русија,бевме поделени пред нејзини очи,од нејзина гледна точка тоа нема никаква разлика дали си Македонија или Бугарија,важно е да припаѓаш на словенскиот свет над кој она се постави како алфа и омега.
Дури од ова што го објави Чепреганов гледаме дека Америка била за референдум,а Русија ете таква идеја немаше,а сепак беше и повеке запознаена од Америка за Македонското прашање па тоа можеби ке беше најдобро ако беше она загрижена дали тука работата е фер решена или не.
Понатака добивме државност поради нашата борба,тектонските промени во Европа и идеолошки и секакви,што со други зборови за мене значи од "господ",зошто никако неможам сето тоа да го сврстам во еден центар кој би го посочил како фактор одлучувачки за Македонската држава.
Народот како народ,во однос на западот,имал корист и ке има корист од Русија,но Русија ниту рускиот народ ни близу не му се оддолжи на Македонецот за се она со што ги задолжи.[DOUBLEPOST=1394943554][/DOUBLEPOST]
Иако темава ја отвараме во форумот историја таа не треба да биде ограничена на историските настани туку севкупната улога на руската политика во однос на Македонија - директно и индиректно.

Ќе се обидеме да ги наведеме сите позитивни и негативни моменти без пристрасност кон аргументите - нашиот најголем предизвик :)

Генерално впечатокот за Русија е многу ограничен и во голема мера обликуван од:
1. Во минатото од политиката на СФРЈ ( Самоволието на Тито и декларативната неутралност)
2. Во независна Македонија од политиката на Западот (НАТО, ЕУ интеграции, зависност од САД)

Стереотипното размислување во Македонија е поделено на „демократскиот напреден Запад, каде што благосостојбата е загарантирана“ и непознатиот Исток каде “владее мизерија, тоталитарни режими и кои редовно ја имаат улогата на “лоши момци“ во Холивуската продукција“.

Се надевам дека после дискусијава ќе го отвориме умот кон една поинаква перцепција за Русија.





Руските предлози за независна Македонија:

1. Во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.

Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков:

- Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);

Во тоа време Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.


На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил помали граници на замислената македонска држава:

- Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);

2. Во 1908 година во Ревал се сретнаа англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија на Македонија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.

3. Во октомври 1912 година, Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили.

Значи ова се три директни инволвирања на Русија за создавање на македонска држава.



Иницијаторот за создавање на балканска федерација меѓу СФРЈ и Бугарија е Москва.
Планот пропаѓа поради апетитите на Тито да ги потчини бугарските претставници. Бугарите ја напуштаат оваа идеја.

Во врска со гео-политиката по завршувањето на 2 С.В. договорот за цртање на границите е направен меѓу В. Британија и Русија во т.н. Договор за Процентите меѓу Сталин и Черчил за тоа како да се подели Југоисточна Европа во сфери на влијание.
Имаме посебна тема:
http://forum.kajgana.com/threads/Договор-за-поделба-на-југоисточна-Европа-Балканот.42945/





На ова прашање очигледно само ти го имаш одговорот :)
Не гледам како е ова поврзано со негативната улога на Русија која ја застапуваш.


Наредната точка ќе биде „Како Русија и отпомогнала на Македонија“.
Брату пријателе,овие работи :
-при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија (За првото што го наведе)

-Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија на Македонија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија(за второто)

-во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни (и за третото)
Овие работи не претставуваат како што велиш директни инволвирања на Русија во создавањето на македонска држава. Бил разгледан предлог,изкажува мислење...не се дури ни инволвирања,а не пак директни.Тоа се како што се вели,разгледувања од типот "А како би било да направиме ова,дали ке биде подобро за нас ако има ова" и тн.Јас верувам ако се земат и другите материјали што не се поврзани за Македонија,ке видиме дека имало размислување и некое кое денес гледано би било во доменот на СФ.Впрочем за тоа и се прават таквите разговори на раководства,но биле разгледани и други можности покрај таа,и очигледно е дека тие преовладале,а тоа го гледаме и по веке директните чекори на Русија.Да имаја такво нешто одлучено,или сериозно разгледано,ке имавме и конкретни акции на тој план,а не само што ги немавме,туку имавме и негативни по македонската држава.
Да земе некој по 100 години да чита размислувања и предлози на Македонија во 2001,ке најде и такви нешта како размена на територии со Албанија,и секакви други размислувања,но тие ете не се сепак одлуките на Македонија,а со тоа и никакво директно вмешување нема во таа работа.Да незборам што имаше одлуга и на Берлински конгрес,па никому ништо,нит се спроведе нит некој мрдна со прст за тоа,а сепак имаше и формална одлука за автономија,не само идеја.....да нејасо дефинирана во време,но сепак доволно да и даде на Русија широко поле и можност на делување кога би сакала,ама ете не сакала ниту па и било битно како што кажав дал си Македонија ил си Бугарија,уште подобро ако си Бугарија или Србија,тоа значи поголема и појака земја на Балканот под влијание и директива на Русија.[DOUBLEPOST=1394946209][/DOUBLEPOST]
Границите на Балканот не ги кроеше Тито, туку се кроеја на на малце повисоко ниво. Гледам дека си направил карма-каша и од струите и од голи оток. Многу комесари и командири на чети беа стрелани зошто сакаа да одат на Солун а не на Срем. Доста партизани беа излажани дека ги носат на Солун, а беа однесени на срем. Но Вардарска Македонија е еден сегмент од партизанското движење. По тоа што го збориш сметам дека си млад човек со бајаги оскудни познавања од историјата и не ти ни замерам со оглед на тоа врз какво сознавање си го изградил мислењето. Кажи што знаеш за партизанското движење во Егејска Македонија ?Што знаеш за граѓанската војна во Грција 1946-1949? Не е дека не постоеле обиди, но големите сили одлучиле поинаку. Ако прочиташ повеќе ќе видиш кој фрлал напалм врз Македонските борци.


Договорот за поделба на советско и Западно влијание на балканот не е помеѓу Тито и Димитров, туку помеѓу Сталин и Черчил/Рузвелт. Тоа што Југославија излегла од тоа влијание направило да не се спојат овие два дела од Македонија. Да не зборам и за влијанието на овој чекор врз катастрофалниот исход за Македонците во Граѓанската војна во Грција.


Јас не сакам во ништо да те убедам. Туку ти се чудам на паметот дека си со мислење дека западот ја штитеше Македонија повеќе одколку што ја штителе Словенија и Хрватска. Па успеаја да ја заштитат Македонија, додека не успеаја да ги заштитат од Словенија и Хрватска.


Оф мори мајко збориш за UNPROFOR.


Таа мисија на обединети нации, која е приложена во изворот кој го наведуваш освен во Македонија беше присутна во сите области што беа опфатени со војна, и тие истите беа сведоци на многу етнички чистења од сите страни без да мрднат со прст. А не пак војна да спречат.

И згора на све, во Македонија беше Шведскиот контигент на чело со Командантот Столтенберг. Изворот од кај ти е жити све?


Момче реки крв се пролеале за Македонија, независноста е резултат на вековниот стремеж на Македонскиот народ за слобода. Доколку си Македонец, твојот игнорантен однос кон Македонската борба и раздавање заслуги на другите е крајно навредлив. Ко да си излегол од училиштата на еден од нашите соседи.
Како мислиш не успеале да ја заштитат Хрватска и Словенија ? Мислиш во тоа да не гинат луѓе ? Прво нив тоа не ги интересира,тоа не се Хрватска и Словениија,не гинат они туку хрватскиот и словенечкиот народ (мада овие вториве и не).Без тоа Хрватска немаше право да се цепи со тие авнојски граници,тоа гинење беше потребно во корист на идејата хрватска држава под тие граници,така што ја заштитија Хрватска како не,не и фали милиметар земја.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Доколку можевме да “одбереме“ сојуз со СФРЈ можевме истото со Бугарија... може и со Грција? Ќе бевме цели.
Неможевме,сверите на влијание кои ги спомена се тие,а во нив не влегуваше Грција таа беше веке одредена каде припаѓа-на западот,така што таков избор слободен,да бираш со кого сакаш немаше.
Првин, фала за мислењето, вакви мислења се потребни за квалитетна дискусија. Секако, не мора да се сложиме по секоја точка, али тоа не е наша главна цел :)

Е сега назад кон тоа што го напиша, напротив, имаше 50/50 шанси да станеме дел од Бугарија, првенствено поради добар дел од учесниците на АСНОМ кои меѓу Србија и Бугарија ја преферирале втората. Тоа не ги прави “бугарофили“, да се разбере одма, туку многу поприродна, културно поблиска им била бугарската опција.
И што се случи? Сите тие беа ликвидирани или ставени во зандани, прогонувани и сл. Тоа се случи непосредно по заседанието и во наредните декади продолжи праксата да се репресираат сите оние кои имале друга претстава на Македонија отколку Белград, не конечно поврзано со Бугарија.

Проблемот беше што меѓу двете светски војни ние немавме повеќе наша внатрешна чисто македонска организација.

Сметам дека причината не е страв на Србија од инволвирање на Турција и Бугарија,туку страв на Америка или условно кажано на западот од таква работа.Прво,инволвирање на Турција каде,против кого ?
Стравот од Турција беше на Грција. Знаеме што се случи со Кипар во ’80тите.
Киро Глигоров во септември 1991 година беше во Анкара. После тоа имаше јавни настапи на Самарас и Караманлис кои ја предупредуваа Турција да се држи на страна.
Ми треба повеќе време да ги најдам вестите претежно во печатените медиуми од тоа време, имаше официјална поддршка од турските генерали дека ќе ја помогнат Македонија за да ја неутрализира заканата, на пр. со вооружување на нашата војска и сл.

Како резултат на тоа беше договорен и геополитички сојуз на Грција со Бугарија против Турција.

Клјусев дојде на 12.09.1991 в Софија и му зајавих, че не участваме в заговор за целостта на Македонија. Бившијат премиер обаче греши, както за датата на идване на Клјусев, така и за прис'ствието на Петре Роман (с когото вс'штност се срешта на 12 септември) сред п'рвоначално поканените. И информационни агенции, и политици говорјат за “тристранна”срешта. Впрочем, фриволното отношение к'м времето е характерно за всички публикации на Попов, но опасността за Македонија е потв'рдена по-к'сно и от албанскија президент Сали Бериша, благодарил на Желев за отказа на Б'лгарија да участва в тајна срешта с Г'рција и С'рбија за подјалба на Македонија и спестил с'с сигурност трудности на Скопие, с позицијата, че нјама да участва ако не е поканена и Македонија.
Гр'цката преса оште на 19 септември коментира: “Желев минира срештата в Атина”. Междувременно, след разговорите си с Клјусев и с турскија минист'р председател јозал, рум'нскијат премиер с'што зајавјава, че ште напусне при разговор за Македонија. На свој ред Турција објавјава, че четиристранната (вече) срешта не може да б'де принос к'м мира, изразјавајки резерви к'м времето, формата и евентуално с'д'ржание на разговорите и потавјајки в'проса, зашто е поканена С'рбија, а не југославија и зашто не участват всички балкански страни. Така насрочената за 21 септември, срешта се обезсмислја. На 19 септември информационните агенции разпространјават новината, че “предвид драматичното развитие на обстановката в југославија”, по предложение на Димит'р Попов, Г'рција приема срештата в Атина да се отложи “за по-к'сно”.

http://geopolitica.eu/spisanie-geopolitika-broi-3-2005/209-krayat-na-gratsko-balgarskoto-geopolitichesko-partnyorstvo?start=2

Тоа беше причината,што Американците се истоварија во Македонија,и тогаш не дозволија Србија ни да мисли на Македонија,а исто така и на Албанците не им даде ниту идеја,ниту начин да го прават тоа што го направија во 2001,а тоа да се разбереме беше идеја на Америте,така што прашањето е зошто не тогаш,немавме војска,опрема ништо немавме,а знаеме сигурно дека такво нешто имале во плано заклучуваме и дека не било времето тогаш,а небило баш поради тоа да не се отвори јужен фрон и да се пришират границите на војната.Но,завршија сите етапи,заврши Косово и тогаш почна Македонија 2001-ва.
Пријателе, видиш колку е контрадикторно ова размислување?

Ако се запознаеш со “грчкиот“ односно воениот план на НАТО изработен уште за време на студената војна против СФРЈ како “одбрамбена стратегија“ на Алијанската, ќе ги увидиш следниве фази:
1. Првата фаза била економска дестабилизација, трговско ембарго, генерирање социјални немири, формирање на албанска паравојска и активирање на АРМ(ЈНА).
2. Втора фаза, навлегување во Македонија (СФРЈ) заради смирување на кризата и “репресијата“ на властите и кантонизација на македоноската територија од страна на нашите соседи.

Првата фаза пријателе, се материјализираше. Се создаде делумно и паравојската на “Илирида“, се случија сите горе опишани мерки.
Ова подоцна го потврди Лорд Овен, кој мислел дека со грчкото ембарго и санкциите што моравме да ги спроведуваме кон СРЈ, Македонија ќе пропадне за само три месеци.

Да ја погледнеме “помошта“ на Западот во таа прва фаза:
  1. Лисабонската декларација од 1992
  2. Лондонската конференција за СФРЈ
  3. Одбивањето на ЕУ да ги прифати заклучоците на Бадентеровата комисија за Македонија,
  4. Префрлањето на проблемот со името во ООН како безбедносно прашање,
  5. Толерирањето на грчките ембарга и блокади кои беа класично кршење на меѓународните закони

Поплочувајќи го патот на идната дестабилизација на Македонија, преку воведување на следната Втора фаза, која по се изгледа била само одложена во синхронизација со фазите против Србија на Косово.

Можам да кажам дека Македонија е единствената земја тука,која држава доби сама и од господ (условно кажано),т.е. од специфичните услови и положба (не географска),за разлика од другиве кои практично беа создадени со директна акција од голема сила.Тоа што сите ја сакааја,изгледа е најголемиот фактор за нејзиното оформување и постоење,ниту Русија,ниту Западот.
Македонија настана преку неуспешен абортус.
Можеме многу да анализираме, нема да најдеме едногласен одговор. Но во однос на Русија, мислам дека немаме основа да ги обвинуваме за тоа што го поминувавме во почетокот на деведесетите.

Да скратам,Македонија во смисла на државност нема корист некоја од Русија,бевме поделени пред нејзини очи,од нејзина гледна точка тоа нема никаква разлика дали си Македонија или Бугарија,важно е да припаѓаш на словенскиот свет над кој она се постави како алфа и омега.
Можеби и нема разлика за нив, но сепак, очекувањето дека Русија требало да направи нешто за нас многу повеќе говори за нашите релации. Од никого не сме очекувале ништо како од Русија, зошто?
Ова е реторичко прашање, одговорот ми е познат.

Народот како народ,во однос на западот,имал корист и ке има корист од Русија,но Русија ниту рускиот народ ни близу не му се оддолжи на Македонецот за се она со што ги задолжи.
Се согласувам, генерално така е.

Брату пријателе,овие работи :
Овие работи не претставуваат како што велиш директни инволвирања на Русија во создавањето на македонска држава. Бил разгледан предлог,изкажува мислење...не се дури ни инволвирања,а не пак директни.Тоа се како што се вели,разгледувања од типот "А како би било да направиме ова,дали ке биде подобро за нас ако има ова" и тн.
Тие предлози меѓу другите биле предложени од руските дипломати, руските конзули биле директно инволвирани на терен во Македонија каде поднесувале извештаи и го претставувале македонскиот народ и интереси во високите кругови каде ние не сме имале пристап, се спротивставувале на делбата и пропагандите на нашите соседи.
Благодарение на тие документирани извештаи и иницијативи ние денеска имаме куп историски аргументи кои сведочат во наша полза и ден денес ја неутрализираат пропагандата на соседите.

За наше големо разочарување, пазарењата на големите сили завршиле на наша штета. Во различни историски етапи и прилики сме имале условна поддршка од неколку светски сили, но проблемот бил што нивните интереси биле насочени едни против други и државите како Македонија служеле за дипломатско раскусурување бидејќи не сме имале поголемо значење.

Поентата за која сакам да се разбереме, е дека Русија најобјективно земено, треба да го има истиот третман во нашата историја како и Западот, со негативни и позитивни страни. Затоа што денешната пропаганда за демонизирање на Русија исто така е иницирана од Западот, не поради нивната искрена грижа за Македонија туку превентивно заради оддалечување на Македонија од Русија.

Како мислиш не успеале да ја заштитат Хрватска и Словенија ? Мислиш во тоа да не гинат луѓе ? Прво нив тоа не ги интересира,тоа не се Хрватска и Словениија,не гинат они туку хрватскиот и словенечкиот народ (мада овие вториве и не).Без тоа Хрватска немаше право да се цепи со тие авнојски граници,тоа гинење беше потребно во корист на идејата хрватска држава под тие граници,така што ја заштитија Хрватска како не,не и фали милиметар земја.
Човекот сакаше да каже дека покрај огромната воена и меѓународно политичка помош за Хрватска и Словенија тие (Западот) не успеал да го обесхрабри Милошевиќ и да го стопира неговиот план за војна во овие две земји.
Според тоа се наметнува заклучокот дека доколку Милошевиќ навистина наумил да води војна во Македонија ништо немаше да го спречи, поготово во тие почетни години од конфликтот кога беше наоштрен и најопасен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom