Јас не сум во секта, јас сум иницијант во окултен - езотериски Ред.
Ако веќе сакаш да споредуваме и ако видиш кои се дефинициите за секта, тогаш христијанството итекако одговара на дефиницијата.
Секта е религиозна заедница, која се одвоила од веќе постоечка верска или религиозна заедница, и обично религијата од која е произлезена не ја признава.
Ова е дефиницијата, провери самиот ако сакаш.
Е сега, христијанството настанува преку одвојување од Јудеизмот, превземајќи дел од неговите верувања и модифицирајќи ги истите. Јудеизмот не го признава христијанството и не се согласува со неговите позиции. Што значи, останува заклучокот дека христијанството е секта на јудеизмот, и е отпадната религија.