Будизам

  • Креатор на темата Креатор на темата creeper
  • Време на започнување Време на започнување
Не можеш така да генерализираш "најдобра"...секој човек си верува во она што му одговара...некои се Христијани, некои Будисти, а некои атеисти... :)
И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?
 
ама тоа ти зборам...неможеш така да генерализираш! можеш само со само-распознавање да потврдиш во што веруваш или сакаш да веруваш...значи се зависи од тебе...
 
И, како јас да знам која е „најдобра“ религија?
Онаа кај што те испратил Бог. Ако си се родил во христијанско семејство, тогаш Бог предвидел дека ќе е најдобра за тебе Христијанската религија.
 
Значи според твојава логика, ако си се родил во семејство на алкохоличари, најдобро за тебе е да бидеш алкохоличар?
 
не барај логика кај религиозни испрани мозоци лооол
 
Значи според твојава логика, ако си се родил во семејство на алкохоличари, најдобро за тебе е да бидеш алкохоличар?
Несоодветна компарација.
Едното е религија, другото е штетен навик во резултат на немање вера.
 
Онаа кај што те испратил Бог. Ако си се родил во христијанско семејство, тогаш Бог предвидел дека ќе е најдобра за тебе Христијанската религија.
Има доста да се дискутира по ова тврдење.
Би погледнал од друга гледна точка.
Што праеме со Христијанството пред Христос?
Или еве земи го Будизмот. Пред Буда немало будисти, значи по твоја логика немало ни да постои Буда.
Истото е и со Исламот, мада тие признаваат некои месии пред Мохамед, али сепак тврдат дека Исламот е најдобар.
Примерот на @Ipsissimus и по мене е екстремен, меѓутоа мислам дека сака да каже дека промените секогаш се можни, поготово од полошо на подобро, мада веројатноста е на твоја страна, најголем дел од луѓето остануваат по фамилјарна линија.
Или друга гледна точка, брак со различна религиозна припадност, децата на кој ќе ја преземат религијата, на мајка му или на татко му?
 
Несоодветна компарација.
Едното е религија, другото е штетен навик во резултат на немање вера.
Дали тогаш ако се родиш во семејство на атеисти, господ сакал да бидеш атеист?
 
Има доста да се дискутира по ова тврдење.
Би погледнал од друга гледна точка.
Што праеме со Христијанството пред Христос?
Или еве земи го Будизмот. Пред Буда немало будисти, значи по твоја логика немало ни да постои Буда.
Истото е и со Исламот, мада тие признаваат некои месии пред Мохамед, али сепак тврдат дека Исламот е најдобар.
Примерот на @Ipsissimus и по мене е екстремен, меѓутоа мислам дека сака да каже дека промените секогаш се можни, поготово од полошо на подобро, мада веројатноста е на твоја страна, најголем дел од луѓето остануваат по фамилјарна линија.
Или друга гледна точка, брак со различна религиозна припадност, децата на кој ќе ја преземат религијата, на мајка му или на татко му?
Смислата на појавата на синот Божји или воопшто и другите религии е точно со таа цел да се даде вера на луѓето.
Во претходниот пост пишав за довербата кон Бога и сега би ги додал разумот и правото на избор.[DOUBLEPOST=1395567692][/DOUBLEPOST]
Дали тогаш ако се родиш во семејство на атеисти, господ сакал да бидеш атеист?
Компарацијата пак не е во ред. Атеизмот не е религија а одрекување на Бог. Човекот праша која е нај добрата религија.
 
Последно уредено:
.

Најдобрата религија - без разлика во какво семејство, традиција, култура, континент, раса, класа, ... си роден - е Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста (пред 2000 години за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа) , без Која не би имало ништо добро и вистинито во будизмот, јудаизмот, таоизмот, исламот, хиндуизмот, шаманизмот, ... и во универзумот воопшто! (y)

Разбудисе ти што спиеш, воскресни од мртвите, и (Мудроста Божја) Христос ќе те осветли!

(Ефес. 5:14)

sunrisebeauty.jpg
 
Компарацијата пак не е во ред. Атеизмот не е религија а одрекување на Бог. Човекот праша која е нај добрата религија.
А како може друг да знае која е најдобрата религија за човекот? И во што е грешката кај компарацијата? Ако за останатите области другите не се репер за тоа што треба да прави, мисли или верува еден човек, тогаш зошто би биле за религијата?
 
Mudrosta oduvek govorela edno te isto (Sopenhauer), a se e edno te isto samo vo druga ambalaza (La Vey) znaci koa ke vidis razlikite se nebitni, bitno e ona sto e isto to est zaednicko kaj site filozofski ili religiozni sistemi.
 
А како може друг да знае која е најдобрата религија за човекот? И во што е грешката кај компарацијата? Ако за останатите области другите не се репер за тоа што треба да прави, мисли или верува еден човек, тогаш зошто би биле за религијата?
Во желбата ти да се контраш очигледно не си ни помислил за тоа што го пишав.
При задржување на верата од семејството(Таму кај што те пратил Бог) не само што се покажува довербата кон Бог како што пишав, туки и значително се намалува колебливоста т.е при ’’пробување’’’’експериментирање’’ на различни религии колебливоста се зголемува(оваа религија ли она ли) која што колебливост за духовниот развој е контрапродуктивна.
 
Немам желба да контрам, ти се поставуваш со фалични аргументи.
Дали според твојава логика, моите деца треба да ги приморам да бидат телемити, бидејќи се родиле во такво семејство?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom