Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Sho se tiche meni dobra zdelka napraivte. Shteta shto ne rabotite u CFC i LFC :ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1395912825][/DOUBLEPOST]
You have a deal! Да не плачите, ќе ви го дајме и Марин.
Ako sakaat neka go zemat i Mohamed Salah i Marin i Lukaku i Mozes i Eto i Ba i Tores komplet sve za Stariz i Suarez. Staridz uste ne mi e jasno zasto go dadovme, povekje mi e krivo za Staridz nego za Mata. Se glea deka crnchevo e talent golem. Selektor da sum na engleska reprezentacija u sekoj moment bi go igral pred Defoe, Lambert, Welbeck.. Samo Vejn Runi e pojak angliski napagjac momentalno, a plus ima 24 god. Ima maana samo shto e nekogas premnogu sebicen.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.
Мене никогаш не ми било криво за Стариџ. Не можете да знаете дека ако останеше кај нас, дека ќе распалеше вака како во Ливерпул. Плус беше прилично себичен кога играше за нас, и мене лично, тоа ептен ме живцираше.
 
Мислам дека ти пиша и вчера, тргнав да објаснувам ама избришав пост. Ајде на кратко :)
Негова изјава, кога дојде во Ливерпул е дека сака да игра на позиција што треба да игра. Кажа дека во Челзи играл една во 10 утакмици, по 15 минути на неприродна позиција (крило) и се барало гол од него. Нит константност во игра, нит негова позиција нит цел натпревар а тренерот од тебе бара гол. Сам кажа дека во такви ситуации морал да себичи, за да постигне гол, за наредната утакмица да игра прва постава. Свесно бил себичен.
 
^
Имаше еден ваш натпревар, дали во некој куп беше или во ПЛ не се сеќавам, точно се виде зошто беше продаден Стариџ... испромаши едно 5-6 зицери(мислам и пенал) и нормално пак себичеше... така да, беден му е тој изговор дека намерно го праел тоа - кога и сега го прави истото во повеќето наврати.
Да не се залажуваме, во вашиот тим Стариџ нема сериозна конкуренција. Кај нас тогаш требаше на клупа да дремат Торес и Дрогба за типот да ја користи секоја 5-6-7 шанса за да постигне гол во ситуации кога ни гореше под нозе?! Ај, за Торес се трпи некако, ама Дрогба.. Е така бачко, у Ливерпул :)
Во Челзи беше просечен напаѓач, така и ќе остане запаметен. Сега и да игра на нивото на Меси и Роналдо не треба уопште да ни е гајле. Тврдам дека немаше никогаш кај нас да го достигне ова ниво.
А има ние да жалиме по друг/и играч/и кои си заминал/е а можел/е да придонесе/ат уште за тимот - а тоа сигурно не е Стариџ.
 
Хахахаха Брат :)
Прво, станува збор за дерби утакмица со Евертон, каде што имаше шанса да постигне хет-трик. Го утна пеналот а пред тоа даде 2 гола. Себичеше за шансата зошто сакаше да се извади за промашениот пенал. Лошо го перципирате. На крај, не ве сфаќам. Голгетер е, мора да шутира кога е пред гол, тоа му е работа. Да шутира и да дава голови.
Иначе, моментално, во каква форма се Стариџ и Суарез, не знам кој би ги седнал на клупа. Ова сериозно. Не знам кој би го купиле, да дојде и да треба Стариџ да седне на клупа. 23 утакмици, 20 гола. Кој би му бил конкуренција? :)
 
Една од карактеристиките на добар напаѓач треба да е и себичноста :)
Ама да, Стариџ никогаш немаше да го достигне ова ниво во Челзи, а на некој начин па и баш заради Челзи го достигна во Ливерпул.
 
Шознам! Може ни останале трауми од неговите себичења затоа така го гледаме. :D
Не велам напаѓач да не шутира. Ама коа глеаш дека ништо не ти оди од нога во дадени ситуации пред гол, а имаш и сам соиграч - па подади мајка му стара. Еве моментално ме нервира кога Хазард наместо да шутира - додава. Таков е човеког јбг.
И друго... му се поклопија коцките. Му се погоди и Суарез и ситуацијата со казната негова па си распали уште од почеток на сезоната. И двајцата се експлозивни и цело време менуваат позиција во нападот де едниот е најистурен - де другиот.
Во Челзи тогаш ги немаше тие услови
 
Секако, Роџерс игра со два напаѓачи па затоа му е погодено. Ако му текне да игра со формација како Челзи, кој ќе игра напред, Суарез или Стариџ? @Peja989 :D
 
Секако, Роџерс игра со два напаѓачи па затоа му е погодено. Ако му текне да игра со формација како Челзи, кој ќе игра напред, Суарез или Стариџ? @Peja989 :D

Последниве 3 утакмици ги игра со 2ца напред, зошто игра 4-4-2 формација дијаманД :)
Поголемиот дел од сезоната го играше 4-3-3 со што СтариЌ беше најистурен а Стерлинг и Суарез по страна. Затоа ако ти текнува, едно време Суарез и стагнираше со голови а „србинов“ решеташе. Да треба да игра 4-5-1, Суарез ќе биде бочниот а котлево ќе игра најистурен :)

Да не ме сфатите погрешно, јас не викам дека сте направиле грешка или не сте направиле, тоа си ваша перцепција за тој период и тоа е тоа. Му ја сфаќам фрустрацијата на Стариџ. Не добива шанса во Сити поради преплатени шпицови ама ајде, беше и млад. Ваму беше големиот Дидиер и тешко му е да се бори со тоа. Исто ко сеа во случајов Суарез и Аспас пример. Може Аспас е Роналдо ама од каде би дознале, кога треба да се бори со Суарез прва постава :D Да се вратам на Стариџ, се бори со Дрогба и ти го носат Торес, кој е дупка невидена, за катаљарда долари и под притисок на тренерите, мора да игра. Секој би бил напнат во таа ситуација.
Во Ливерпул доби шанса и одлично ја искористи. Ве читам, се плашите да не се случи истото и со Лукаку. Ако го дадете Торес летово (верувам дека ќе си оди), Лукаку би требало да добие шанса.
 
Епа добро тогаш, тоа е и предноста што ете Суарез може да се прилагоди на сметка на Стариџ. Во Челзи ја немаше таа можност. А и на крило сепак му беше дадена одредена слобода, плус има одлични карактеристиги за голем успех со таква игра, ама ај. Не ми е верно тоа дека бил условуван да дава гол цело време, посебно со Торес во напад, ама па можеби и баш затоа му барале голови. Којзнае АВБ што правел :D
После Ди Матео си тераше негов стил и така.
 
На крај, добро заврши за Стариџ, Ливерпул и Челзи. Сите среќни и задоволни :D
 
На крај, добро заврши за Стариџ, Ливерпул и Челзи. Сите среќни и задоволни :D
Се додека не го даде победничкиот гол со кој Ливерпул ќе отиде пред Челзи и ќе ја освои титулата на крај :cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom