Како и да се заврши сезоната, уште потежок период му претстои на Мојс. Се најавуваат поголеми промени, ќе испушти повеќе фудбалери наеднаш, ќе ангажира нови, но притисокот ќе биде уште поголем при евентуален fail. Тогаш ќе викаме, еве втора сезона му е, си донесе играчи, зашто го продаде Чичарито/ на САФ му беше џокер, не е спремен тактички, нема некое подобрување од лани и уште многу причини за да стане ситуацијата уште побурна. Ако не се земе агресивен среден играч, креатор на игра, играч што ќе игра прва постава и ќе може да изигра пресинг врз противникот, да знае да клиза ко Сколс шо е*еше мајки ништо не правиме ни во одбраната па макар најдобриот дефанзивец шо постои дошол кај нас. Со статична средина, нестандардна и ротации со Клеверли ќе губиме од многу послаби тимови колку и да изгледа чудно. Сме го имале Перси напред, во средина дупки-кратери, нема лидер да започне акција да повлече напред, играње "натигодајмиго" = губење време и недоволно користење на потенцијалот во напад. Исто и за одбраната, кикснал Евра/Рио/Видич/Рафаел, нашата средина е буквално изедена поради истите дупки. Фелаини почна и лактови да мава од фрустрации, ама џабе е, се игра со трчање и дисциплина, организација за напад и трансформација во одбрана, на сила не бива ништо. А за да сето ова го добие Мојс ќе треба многу паметно да пазари на лето, да излезе од сенката на САФ и да не се плаши да наметне своја игра. Со ова мислам на играњето Валенсија не бековска позиција, како и глупите измени шо ги правеше во добар дел од сезоната, затоа што нели САФ така играше, па ајде може и ќе упали...Перси, Руни, Велбек, Мата, Нани, Керик, Фелаини, Џонс, Еванс, Смолинг, Рафаел, Де Геа тука мислам нема да има измени, за останатите според мене не се знае што ќе се случи. Некако како да покажа "хејт" кон одредени играчи во текот на сезоната, посебно Кагава го изеде за жал...оти џабе се изјавите "he's a fantastic player", а не го користиш играчот скоро никогаш тоа е глупо алиби и парадокс на самата изјава. Кога ќе ми текне какви се играчи настапувале за Јунајтед и се чувале во тимот, а Кагава да го шутнат за толку краток период би било жално. Но ќе мора и тоа Мојс да го реши, ако не е во неговите планови, логично би било да го пушти да замине. Ако нема доверба во играчите и обратно, со такви измени во составот ќе имаме добри резултати еднаш во месецот и се поголемо незадоволство. Затоа треба јасно и цврсто да стои позади неговите идеи, да не биде мек го глувче и да маваат сите по него со камења. За стекнување авторитет треба да помине време, се надевам ќе почне што побрзо да работи на тоа па да може да ги убеди и фановите дека има план и се работи на планот.