Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Абе стручњаци едни, ајде секој од вас нека напише сценарио како ќе реагираше да беше на местото на Мојс на утакмицава!!!!!!!!
Човекот состави тим, и на среќа Сити во 1ва минута дава гол! Ете ви го на полувреме ви го стави Кагава? ШО НАПРАВИ Кагава??!?!?!?!??! Ете го извади и Фелаини, го стави Валенсија за кој Гери Невил велеше дека требало да игра на утакмицава оти имал пејс, и му требало тоа на тимот против сити. Шо направи Валенсија???!!??!?!?! Ете и Велбек го изваде!!! Ете и Чичарито го пушти!!!!! Шо направи Чичарито?!?!?!!
И сега сакаш да ми кажиш дека Мојс е крив?????!!!!!!!!!!!

Јас побрзо ќе признаам дека Сити има 100 пати појаки играчи од нашиве пошто се гледа на терен тоа и тоа многу јасно. Сите се зверотини. Спореди го Рафаел со Забалета! Неможиш ни да ги споредиш! Спореди го Туре со кој сакаш од Јунајтед... Нема ни со кого да го споредиш! Спореди го Фернандињо со Керик,Клеверли.......
Цел состав е класа над нашиот!!!! И вие ми викате дека Мојс е крив....
И САФ изгуби од овај тим со 5 гола дома!!! Оти тогаш не кажувавте како сега???? Не сте вие реални фанови. Арно не(ве) викаат глорихантери!
Aко е така, тогаш можеш да објасниш како Манчестер со толку послаби играчи од Сити беше шампион лани? Сити е појачан оваа година, но костурот на тимот е тој од лани.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.914
Пф, зарем очекувавте да победиме денес и да им направиме услуга на Ливерпул?
Ви текнува пасот на Џерард кон Дрогба?

Дај прочитајте ја биографијата и разлистајте ги изјавите на Фергусон за Ливерпул, можеби ке ви стане јасно зашто денес најслабиот централен дефанзивец играше прва постава, појачан со ултра добриот Клеверли.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.863
Поени од реакции
2.776
Moyes on the 're-building' process at United: 'It's underway in its own way, you don't just suddenly change things around'
Едино нешто позитивно од последниве утакмици, ја увидува полека грешката што ја тераше изминативе месеци...не можеме и ние да очекуваме од 2-3 утакмици Мата, Кагава и Руни заедно одиграни и чуда да прават на терен...
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Абе стручњаци едни, ајде секој од вас нека напише сценарио како ќе реагираше да беше на местото на Мојс на утакмицава!!!!!!!!
Човекот состави тим, и на среќа Сити во 1ва минута дава гол! Ете ви го на полувреме ви го стави Кагава? ШО НАПРАВИ Кагава??!?!?!?!??! Ете го извади и Фелаини, го стави Валенсија за кој Гери Невил велеше дека требало да игра на утакмицава оти имал пејс, и му требало тоа на тимот против сити. Шо направи Валенсија???!!??!?!?! Ете и Велбек го изваде!!! Ете и Чичарито го пушти!!!!! Шо направи Чичарито?!?!?!!
И сега сакаш да ми кажиш дека Мојс е крив?????!!!!!!!!!!!

Јас побрзо ќе признаам дека Сити има 100 пати појаки играчи од нашиве пошто се гледа на терен тоа и тоа многу јасно. Сите се зверотини. Спореди го Рафаел со Забалета! Неможиш ни да ги споредиш! Спореди го Туре со кој сакаш од Јунајтед... Нема ни со кого да го споредиш! Спореди го Фернандињо со Керик,Клеверли.......
Цел состав е класа над нашиот!!!! И вие ми викате дека Мојс е крив....
И САФ изгуби од овај тим со 5 гола дома!!! Оти тогаш не кажувавте како сега???? Не сте вие реални фанови. Арно не(ве) викаат глорихантери!
А што изгубивме на сите натпревари со топ 9 екипи на табелата? Му се случи тоа на Фергусон? Или можеби не го победивме оној тим на Сити кој ни даде 5 гола? Како да се видеа лани на теренот оние играчи што се 10 класи над нашите ланските натпревари со Сити а?

Се ситевте на проигрувањата меѓу Мата и Кагава на минатиот натпревар. Значи можат да се организираат да играт фудбал така?

Дали имаше момент во натпреварот каде играч на Сити со топка гледа по теренот од својата половина и крева раце затоа што нема на кој да додава и у тој момент цел наш тим врши притисок и топката оди во аут или ја земаме? М?

Срамота е бе луѓе.

Јасно ми е се околу мотивацијата и со сите проблеми со кои се соочуваат и Мојс и играчите. Ама не се покажува ни трошка фудбал на теренот па.
Греота е за фановите на Стретфорд Енд што 90 минути грла вадат од пеење на секој ебан меч на кој ни даваат по три гола.
За нив играј бе. За нив барем покажи фудбал.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Нешто читав али не дочитав , баерн го срушиле рекордот за најмногу пасови на еден меч вечерва. 82% наспрема 18 бил поседот на топка + ја обезбедиле титулата веќе.
Мојс нека смислува некоја тактика - 2кинески даблдекери па нека имаат и 99% посед:D
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Aма изгледа ти си стручњак најголем, ај да речиме Сити има подобри играчи од нашиве, а Ливерпул,Вба,Евертон,Нјукасл,Тотенхем.....? Еј 10 порази во една сезона, пола од нив одат дирекнто на душа на Мојс, и не бил крив?
Aко е така, тогаш можеш да објасниш како Манчестер со толку послаби играчи од Сити беше шампион лани? Сити е појачан оваа година, но костурот на тимот е тој од лани.
А што изгубивме на сите натпревари со топ 9 екипи на табелата? Му се случи тоа на Фергусон? Или можеби не го победивме оној тим на Сити кој ни даде 5 гола? Како да се видеа лани на теренот оние играчи што се 10 класи над нашите ланските натпревари со Сити а?

Се ситевте на проигрувањата меѓу Мата и Кагава на минатиот натпревар. Значи можат да се организираат да играт фудбал така?

Дали имаше момент во натпреварот каде играч на Сити со топка гледа по теренот од својата половина и крева раце затоа што нема на кој да додава и у тој момент цел наш тим врши притисок и топката оди во аут или ја земаме? М?

Срамота е бе луѓе.

Јасно ми е се околу мотивацијата и со сите проблеми со кои се соочуваат и Мојс и играчите. Ама не се покажува ни трошка фудбал на теренот па.
Греота е за фановите на Стретфорд Енд што 90 минути грла вадат од пеење на секој ебан меч на кој ни даваат по три гола.
За нив играј бе. За нив барем покажи фудбал.

Никој не одговори на мојата прва реченица! Ајде вие напишете тактика овде од почеток до 90 мин како ќе изигравте да бевте на местото од Мојс! Вака на празно неможам да мелам секоја ебана утакмица! Еве јас не сум стручњак и затоа ќе му верувам на Мојс до крај. Ако успее, успее, ако не тоа е тоа! А вие ако веќе сакате да се правите паметни овде напишете нешто плус со образложение што треба да се смени, КОИ ГРЕШКИ ГИ НАПРАВИ ДЕНЕСКА МОЈС, итн а не само #Мојсаут, и слики некои овде ти се чини во најхејтерскиот фан клуб се наоѓаш! Ебаве фанови, вие ако сте фанови! :tapp: И не ме цитрирајте оти не планирам да враќам. Неможам да зборувам целовреме едно те исто, за некој шо неска да разбере.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.214
Поени од реакции
1.714
Најдов кога да го пуштам тв-то. Туре за 0:3 у 90та :facepalm:. А тука глеам пред мечот сите бројки, формации, како ќе биле распоредени, математики, комбинаторики да си е*ете векот се изнасмеав.
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Немаат мотивација во ПЛ бе веќе, ќе видите против Баерн како се игра, како се примаат 5 гола.. :facepalm:

Да ми кажеше некој дека ваква сезона ќе имаме после се лани што покажавме, ќе го фрлев од Камени мост, поголема неориентираност и изгубеност неам видено, еј на Олд Трафорд цела сезона немаме пола саат притисок како шо треба извршено, демек сите мењаат позиции, глумат нешто, а пак се е тоа тупкање у место и немање идеја. Стварно не гледам излез од кризава во Мојс, ќе бидам стрплив пошто го сакам клубов, ама во спротивно ќе мора да ризикувам да не ги гледам натпреварите, пошто ептен боли ова.. :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Луѓе убаво ви вика Ред, ни требаат нови играчи и тоа е тоа. Еден стопер, еден лев бек, двајца централни зошто изгледа Флечер ќе не напушта , не може со болеста и едно крило најмалку за со Јанузај од наредна година да се стартна постава. Кого да ставеше Мојс, сите желби што ги пишавте ви ги исполни. Не го бранам ни јас ама не е само до него. Не го спомнувајте сеа Фергусон само аман, да не вадам постови лани колку беше плукан и тој а не отстапуваше од неговото.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.914
Израстокот игра во еден од најголемите клубови на светот, а ти и даље пишуваш латиница.
Кој кого овде ебе, искрено не се прашувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom