Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
(ова го постирав у темата "општи муабети", ама ај и тука да си ја пробам среќата)

Два дена акам низ градов пробувајќи да најдам специјална продавница со работи потребни за правење/декорирање на торти и колачи, ама без успех.

Поточно ми треба "израмнувач на торти" (анг. cake leveler), за да ја исечам тортата на два рамни дела или на врвот да ја израмнам, и е попрецизно од нож. Се надевам некој знае
Агрома во Ќерамидница и Овалекс наспроти 26-ти јули пред битпазар. Е сега дали ја имаат конкретната алатка што ја бараш, тоа незнам.
Туку да не знаеш каде може трагакант да се најде?
 
Карамел за торти и колачи, поточно тоа што го мачкаат на Трилече....
Не знам како се прави, ама не ми се верува да е само шеќер и вода.
 
Растопи карамел бомбони само и ете ти :) П.С ако победам на натпреварот, планирам да ставам за натпревар трилече :love:
 
Сте виделе ли некаде низ маркетиве сметана? Не знам дали имаме друго име за ова, нешто измеѓу павлака и кајмак е...
 
Ako mislis na krem pavlaka ke go najdes vo marketite na Tinex :coffee:.Pakuvano e kako margarinot :love:
 
Карамел за торти и колачи, поточно тоа што го мачкаат на Трилече....
Не знам како се прави, ама не ми се верува да е само шеќер и вода.
Карамел прелив (во тубичка, како чоколаден прелив) видов денес во Рептил. Пакувањето беше 1кг, а цената околу 100 денари.

Воедно, има и карамел прелив од Витаминка што го немам сретнато, но мора да го има по маркетиве. Изгледа вака:
Twister-caramel-400gr.png
 
Некој да не знае каде прават убави компири? Сериозен сум, фино местенце кај што има компири за јадење. :D
 
Во Red Caffe, Аеродром, прават (мислам дека се викаше) австралиски компир. Го служат сечен на четвртинки, печен и прелиен со бел сос. Сосот - колку што можев да приметам се состои од павлака, кари и малку лук, али сигурно има и други состојки што не можев да ги откријам. :)
 
Спреман компир на прост начин? :D Пекарскиот во Старо Буре во Лептокарија.
 
Во Red Caffe, Аеродром, прават (мислам дека се викаше) австралиски компир. Го служат сечен на четвртинки, печен и прелиен со бел сос. Сосот - колку што можев да приметам се состои од павлака, кари и малку лук, али сигурно има и други состојки што не можев да ги откријам. :)

Скоро секој ден сум во Ред. А за ова првпат дознавам. Следен пат ќе порачам такво и ќе ти пишам дали ми се допаѓа.
 
Порачај ги и санчо пицата, рокет салатата и фурнарините. Овие сигурно ги знаеш, али ипак порачај ги, чисто колку лиги да ми направиш :P
 
кај влегов во темава во 2 саатот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom