Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Па не е, но дали бил создаден да се бунтува? На латински „носачот на светлината“ или “светлоносецот“ се вика Луцифер, а ако не се лажам во паганството тоа всушност било одно од имињата на Венера!
Која е разликата помеѓу Каин и Луцифер? Пред и потоа!:)

Каин е роден и смртен човек, еден од првите деца од Адама и Ева, кој е казнет ради убиството на брата си со изгонување.

Светлоносецот/Деница е створен како бесмртен ангел, кој отпаѓа од близината Божја ради својата намера да се изедначи во Бога Творецот и станува Божји противник и лажго.

Она кое Каин и Деница го чинат, е чин на нивната слободна волја, која има своја последица, а тоа е губењето на Божјата близина и битисувањето без Бога.
 
А неговото име во слободен превод значи....? Т.е. од латински на македонски!?
Инаку моето прашање беше. Дали Луцифер бил создаден да го крене тој бунт???
 
Ако Бог поседува сезнајност, тогаш тој знаел кој што ќе направи во било кој момент, така да прашањето има очигледен одговор.
Доколку сметал дека одреден исход е погрешен и несмее да се случи, семоќноста во комбинација со сезнајноста можела да го среди тоа. Слободната волја не е изговор, таа е само можност да одбереш од опциите кои ти се на располагање, можеш да имаш слободна вола да одбереш три опции а можеш да имаш слободна волја да одбереш 3 милиони опции, ако немаш можност да одбереш зло, тогаш слободната волја неможе да биде причина за злото.
 
Кои и какви се шансите да Каин, подоцна “носителот на светлината“, да бил создаден да биде бунтовник!? Нели, религијата без зло не би била толку интересна!
На земјата имало 4 особи, Адам, Ева и нивните 2 деца Каин и Авел. Каин бил земјоделец, Авел сточар, и тие му понудија на Бог жртви - секој од своето, каин земјоделски производи - Авел крв и месо од стоката и Бог нормално избра месото (ко што би одбрал секој нормален здрав прав стрејт Македонец) Е сега то му напраи љубомора на Каина и тој го отепа брат му и ради то беше избркан да биде вечен скитник и слично а за да не се плаши Каин дека некој ќе го отепа, Бог му направи белег на телото (некои христијани веруваат дека го направил црн па оттаму црнците се потомци на каина) пошто не е јасно каков белег му стави, важно е дека бил бележен и никој не смеел да се задева со него а камоли да го убие (иако Бог пониаку рекол во Битие 9 :

6 кој ќе пролее крв човечка, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака, зашто човекот го создадов според образот Божји.

али ете не важат подеднакво за сите законите божји, дури и за братоубиство, али нема врска многу се испаничија и Каин и Господ без потреба се плашеа да не го отепа некој каина за одмазада а заборавија и двајцата дека на цел свет имало само тројца, Адам Ева и Каин, али како и секоја бајка и ова не мора да е рационална и реална.
 
Ако Бог поседува сезнајност, тогаш тој знаел кој што ќе направи во било кој момент, така да прашањето има очигледен одговор.
Доколку сметал дека одреден исход е погрешен и несмее да се случи, семоќноста во комбинација со сезнајноста можела да го среди тоа. Слободната волја не е изговор, таа е само можност да одбереш од опциите кои ти се на располагање, можеш да имаш слободна вола да одбереш три опции а можеш да имаш слободна волја да одбереш 3 милиони опции, ако немаш можност да одбереш зло, тогаш слободната волја неможе да биде причина за злото.
Контрадикторност.
Сезнајноста не значи и мешање во одлучувањето.
Бог дал опции, на тебе останува на кој начин ќе ја изразиш слободната воља, тоа значи дека може да биде и во негативна смисла. На тој начин заслужуваш пекол.
 
Бре?! А каде ќе го сместиш страшниот суд и товарењето за одговорност од бог кој ги знае сите можни исходи? Имаш дизајнер, кој тврди дека вината за конечниот производ не е во него туку во дизајнот!?
Ако бог дал опции, и на тебе е да одлучиш како ќе ги искористиш, зошто потоа те очекува судење на кое треба да даваш отчет и да бидеш казнуван или наградуван за постапките?
 
На земјата имало 4 особи, Адам, Ева и нивните 2 деца Каин и Авел. Каин бил земјоделец, Авел сточар, и тие му понудија на Бог жртви - секој од своето, каин земјоделски производи - Авел крв и месо од стоката и Бог нормално избра месото (ко што би одбрал секој нормален здрав прав стрејт Македонец) Е сега то му напраи љубомора на Каина и тој го отепа брат му и ради то беше избркан да биде вечен скитник и слично а за да не се плаши Каин дека некој ќе го отепа, Бог му направи белег на телото (некои христијани веруваат дека го направил црн па оттаму црнците се потомци на каина) пошто не е јасно каков белег му стави, важно е дека бил бележен и никој не смеел да се задева со него а камоли да го убие (иако Бог пониаку рекол во Битие 9 :

6 кој ќе пролее крв човечка, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака, зашто човекот го создадов според образот Божји.

али ете не важат подеднакво за сите законите божји, дури и за братоубиство, али нема врска многу се испаничија и Каин и Господ без потреба се плашеа да не го отепа некој каина за одмазада а заборавија и двајцата дека на цел свет имало само тројца, Адам Ева и Каин, али како и секоја бајка и ова не мора да е рационална и реална.
Да, но поентата ми беше за паралелата помеѓу Каин и Луцифер. Дали тој влијаел како Библиска личност врз луѓето. Како треба и како не треба да се однесуваат луѓето тогаш!? Можеме да направиме паралела помеѓу тогашното општество и таа приказна. Секој што ќе се побунел или дигнел против тој систем на владеење бил прогонуван или прогласуван за опседнат, ставан на клада, казнуван, бил оцрнет.....истото како и во рајот, бунт и прогонство, притоа им биле отсечени или откорнати крилјата, а тие се еден вид симбол на слободата.
 
А неговото име во слободен превод значи....? Т.е. од латински на македонски!?
Инаку моето прашање беше. Дали Луцифер бил создаден да го крене тој бунт???

Веќе напишав: Деница чини непослушност кон Бога, по своја волја. Деница е створен како ангел-херувим, што значи дека бил меѓу највисоките англески чинови околу престолот Божји (затоа е и Светлоносец), а не бил створен за бунт против Бога, туку за послушност кон Бога.
 
Бре?! А каде ќе го сместиш страшниот суд и товарењето за одговорност од бог кој ги знае сите можни исходи? Имаш дизајнер, кој тврди дека вината за конечниот производ не е во него туку во дизајнот!?
Ако бог дал опции, и на тебе е да одлучиш како ќе ги искористиш, зошто потоа те очекува судење на кое треба да даваш отчет и да бидеш казнуван или наградуван за постапките?

Ова е теологија на@Ipsissimus, нема врска со Христијанство.
 
Во овој случај тоа не би било слободна волја.
Случај во кој нема слободна волја е кога креираш и допушташ особини, знаејќи ги сите крајни исходи, а потоа бараш одговорност и судиш поради истите.
Самиот акт на судење е бесмислен и контрадикторен кога станува сбор за креатор кој има квалитети како што се семоќноста и сезнајноста! Судењето подразбира категоризирање на нештата и ситуациите на погрешни и исправни, добри и лоши, потребни и непотребни....итн, итн. Е сега, ако се потекнува од оној што суди, тоа значи дека тој индиректно суди на самиот себеси! Бидејќи нели се е од него! Па така ако пресуди дека нешто е непотребно, тоа значи дека признал дека одреден дел од неговата креација или дизајн е непотребен, дека креирал или допуштил нешто кое е непотребно, зло...промашување![DOUBLEPOST=1395664345][/DOUBLEPOST]
Ова е теологија на@Ipsissimus, нема врска со Христијанство.
Ова се вика - "здрав разум - логика", нема врска со теологии.
 
Да, но поентата ми беше за паралелата помеѓу Каин и Луцифер. Дали тој влијаел како Библиска личност врз луѓето. Како треба и како не треба да се однесуваат луѓето тогаш!? Можеме да направиме паралела помеѓу тогашното општество и таа приказна. Секој што ќе се побунел или дигнел против тој систем на владеење бил прогонуван или прогласуван за опседнат, ставан на клада, казнуван, бил оцрнет.....истото како и во рајот, бунт и прогонство, притоа им биле отсечени или откорнати крилјата, а тие се еден вид симбол на слободата.
Нормално, една од улогите на религијата е да ја чува пази и пропагира хиерархијата на општеството, кралот, султанот, императорот.. се се тоа божји избраници од црквата потврдени како такви со обреди, па надолу преку племството до олошот на дното.
 
а не бил створен за бунт против Бога, туку за послушност кон Бога.
Ако Бог створил нешто со една намена, а потоа неговата креација покажала особини спротивни од тие што тој ги предвидел, на кој начин тој може да се смета за совршен креатор?
Ако купиш производ чии особини се спротивни од оние кои ги предвидел производителот, дали тоа ќе го сметаш за пропуст на производот или за пропуст на производителот?
 
Креаторот не губи од својата совршност, иако креацијата решија да Му избега.
Креаторот останува да биде совршен, а избеганата креација, одвојувајќи се од Креаторот, решава да битисува своеглаво, надевајќи се на самата себе, оттргната од Изворот на животот.[DOUBLEPOST=1395664936][/DOUBLEPOST]
Ако купиш производ чии особини се спротивни од оние кои ги предвидел производителот, дали тоа ќе го сметаш за пропуст на производот или за пропуст на производителот?

Аналогијата е несоодветна, а неверничките барања за соодветно самооправдување, немаат крај.
 
Креаторот не губи од својата совршност, иако креацијата решија да Му избега.
Креаторот останува да биде совршен, а избеганата креација, одвојувајќи се од Креаторот, решава да битисува своеглаво, надевајќи се на самата себе, оттргната од Изворот на животот.
Ова не е аргумент.[DOUBLEPOST=1395665045][/DOUBLEPOST]
Аналогијата е несоодветна, а неверничките барања за соодветно самооправдување, немаат крај.
Па даа....требаше да претпоставам, кога нема аргументи почнуваш со цепкање на постот реченица по реченица и коментари од типот - "Јааа?", "Немогуче" и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom