Излезе едно одлично видео на ЈуТјуб кое прикажува кој стрелал кон кого и какви им биле позициите. Ова е реакција на користењето на фрагменти од западните медиуми кои конструираат слики и ситуации без притоа да ги прикажуваат фактите и другата страна.
1. Координаторот на милитантите цело време преку разглас им дава упатства каде треба да се разместат трупите и неколку пати повторува на своите:
“Не стрелајте во грб на нашите, бидете внимателни“ додека една нивна група се одвојува и оди напред кон позициите на Беркут кои не се вооружени.
2. Покажани се позициите на овие милитанти и нивните вооружени припадници наспроти позициите на Беркут.
3. Повлекувањето на Беркут од своите позиции се должи на стрелањето кон нив и гранатите, се гледаат големи жртви, влечат свои колеги..
4. Потоа пристигнуваат на помош специјалците(црни униформи со жолти ленти) кои почнуваат да ги одбиваат овие напади со стрелање исклучиво кон вооружените милитанти - покажани се кадри како ги ловат избраните милитанти кои притоа се кријат во групи на други невооружени луѓе и пукаат
5. Група на вооружени милитанти се сокрива во Хотелот Украина и јасно се слуша нивниот разговор и паника дека бегаат од полицијата, дел од нив се кријат по собите од хотелот, влегуваат и во една соба каде има западни репортери кои успеваат да ги снимат додека овие продолжуваат да стрелаат врз полицијата
6. Се прикажуваат и кадри со други вооружени милитанти кои трчаат со оружјето на нови позиции, се слушаат коментари од другите учесници на демонстрациите
“Овој има оружје, да се тргнеме од овде зашто сега ќе почнаат да стрелаат по него“ - што јасно укажува дека сите биле свесни дека специјалците (оние со жолти ленти на рацете, во полициски црни униформи) возвраќале оган само кон оние демонстранти кои пукале кон нив.
7. После повторно се слуша Координаторот на екстремистите како на разглас неколку пати повикува
“да дојдат околу 400 милитанти на локацијата кај палатата Октомвриска“ спроти хотелот Украина.
8. Прикажан е разговор со Вадим Колесниченко кој кажува како припадниците на Беркут го преколнувале зошто власта не сака да им даде оружје, дека имаат толку и толку убиени и дека безмилосно се стрела врз нив од страна на снајперисти. Овие Беркути немале ниту заштитни елеци!
Истите овие снајпери после стрелале врз своите, за да предизвикаат конфликт.
Ѕирнете го видеото пред да го симнат од нет:
https://www.youtube.com/watch?v=xonycTvzbeU