UEFA Лига на шампиони 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Баварци која ви е оваа во управа?
2.bild.jpg
 
Добро против Леверкузен и Јунајтед трчеа и ги наполнија, против тие слаби дефанзивци, но во секој случај ПСЖ со Челзи ќе биде неизвесен дуел.
Абе слаби слаби, ама тука се гледа желбата и мотивираноста на тимот.
 
Јунајтед-Реал во финале, гет овер ит....

и Јунајтед освојува, и Роналдо се кае и плаче тоа е тоа поздрав :sneaky::X3::vozbud::pos:
 
На страната на ПСЖ е фактот што сите ги сметаат за meh тимче кое четвртфинале би било елиминирано со кој и да игра. А страшен состав се, најголем проблем на страната на Челзи барем според мене ќе е фактот што немаат расен напаѓач а од другата страна седи Тиаго Силва.

Тоа е финтата. Не само што имаат добри играчи туку тие се и добрко вкомпонирани. На пример добри индивидуалци има и Сити, ама... :icon_lol:
 
Ждребот е перверзии...
Реал најсигурен делува за полуфинале.Баерн наизглед фаворит, што и е дефинитивно, ама сигурен сум дека Јунајтед ќе пружат одпор.
Барса со Атлети ќе пружи голема неизвесност, тука се е можно.
Челзи фаворит, посебно со Моу, Блан сеуште не е дораснат за ваква завршница, иако тимот му е еден од најдобрите у европа на хартија.
 
Не мислам дека Јунајтед лесно ќе се предаде, исто како што не мислам дека стариот (фергусон) нема да им се обрати на некаков начин на играчите..Нема да стои со скрстени раце верувајте...Баерн од друга страна го има Пеп кој со Барса го понижи два пати Јунајтед..Ништо не е сигурно..Сигурно е дека Баерн се фаворит поради тоа што се во форма, иако ќе кажам пак овој страв од Баерн е оној од минатата сезона..Оваа сезона допрва ќе треба да се докажат..Најдобра екипа се дефинитвно, но не е гаранција за успех тоа..И Јунајтед се големо име..Од другите натпревари мислам дека Челзи ќе помине, Реал, Барса ќе се намачи според мене, но мислам дека конечно ќе му покаже на Атлетико како се игра фудбал кога влогот е голем. Има и некои спорни ситуации како од типот зошто воопшто не се сретнаа фаворитите помеѓу себе, но тоа би го оставил на оние кои се занимаваат со теорија на заговор :)
 
Некако нитуеден дуел не ми ветува убав фудбал за око. Израмнетите натпревари (Челзи-ПСЖ и Барса-Атлетико) најверојатно ќе бидат досадни, додека во другите два дуели има изразите фаворити.

Штета што не се падна некој Челзи-Манчестер или Дортмунд-Барса...
 
Хот Ајс и Драгонот велат да не го правите Баерн толку голем фаворит против Јунајтед, а во случај да ги тепаме и во двата натпревара први ќе почнат да им се исмејуваат мислиш загубиле од ФК Гостивар (хехе), не од Баерн.
Абе вие ќе ги тепате, и би требало да ги тепате. Ама и јас и Змејски рековме дека тоа нема да биде толку лесно колку што сите мислат. Сепак е ЛШ, нокаут фаза, ништо никад не е сигурно, а сигурен сум дека Јунајтед ќе пружи отпор на ОТ, во ЛШ играат малце подобро отколку во лига.
 
Барселона - Атлетико
Многу неизвесен дуел. Сметам дека кој тим оствари поволен резултат на домашен терен, ќе иде понатаму.
Реал Мадрид - Борусија Дортмунд
Дефинитивно сум сигурен дека Реал ќе се одмазди. Страшна форма, двоец Роналдо - Бејл, а од друга страна Борусија кај кои квалитетот не е спорен, ама повредите и изостанците се огромен проблем а и решавачки фактор за победата на Реал.
ПСЖ - Челзи
Најнеизвесен дуел од сите. ПСЖ има квалитет, исто и Челзи. Некој погоре пиша дека Ибра ако му е денот, готова е работата, а што правиме ако на Азар му се погоди денот? Ипак мислам дека ПСЖ ќе е полуфиналист, во тесна борба.
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед
И после Мурињо бил правен у газ, а Гвардиола кај е правен? Убедливо најслабата екипа им се падна. Не си правете илузии дека Јунајтед ќе изненади, со кој? Со Мојс на клупа? Со 40 годишниот Гигс? Две победи од по 2-3 гола разлика ќе оствари Баерн.
 
COME ON UNITED ! :D
Ептен ги потценувате Јунајтед, а заборавате дека во ЛШ се е можно, да не ја осетат баварците магијата која ја има ова натпреварување. :icon_lol:

:нинџ:
 
Значи не дека хејтам нешто, али составот со Руни и Ван Перси, и само со 4ца мидфилдери кој не се баш нешто реално, пресингот на Баерн, бавната и слаба одбрана на Јунајтед, слаба транзиција од одбрна у напад не дава многу надеж за нив. Ама четвртфинале е, Јунајтед јес да се најслаби од осумте екипи, али незначит дека се толку боси да се предадат. Баерн се далеку од непобедливи, али се знае кои екипи можат да ги победат. Челзи и те како можат.
 
Ка викаах поарно да отпаднат од Олимпијакос него ли да налетат на некој как Баерн,они не. Саа ќе ве вииме за дек сте.

А ќе биде интересно Ибрата вс Тери-Кејхил :)

Според мене само тук не се знаа кој ќе оде,другите некак ми се ептен сигурни,Баерн,Реал и Барса,посебно првите 2.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom