- Член од
- 14 октомври 2010
- Мислења
- 5.150
- Поени од реакции
- 16.087
Се супер, мило ми е што си се сакате со дечко ти, и не сте закоравени во размислувањата.Македонка сум и христијанка затоа што до сега сум морала да бидам. Од никогаш не сум била страсна приврзаничка кон религијата, само знаев дека имам нешто што ми е наметнато и мора да го носам со себе и да го празнувам..Како растев, почнав сама да се усмерувам што и како сакам во животот, а во тој список НЕ влезе христијанството.
Некаде пред 18тиот роденден се запознав со сегашниот дечко- турчин, муслиман и во животот посреќна не сум била.Чесен е, со добра душа и чисти мисли- човек во вистинска смисла, а тоа е за мене најважно. Не сме националисти, немаме предрасуди, правиме компромиси, ама пред се ни е љубовта и почитта а по нив доаѓа религија (ако чувствуваме дека постои..). Време е да излеземе од минатото, кога најважно било да се пофали мама пред роднините макар и да е чедото несреќно.
Такашто,гледиштата наши ограничени сите си го знаеме и да се надеваме дека таков нема да остане. Во сите идни планови влегува едно добропознато "Да не речат комшиите..."
Од друга страна, нели секоја од религиите ја проповеда ЉУБОВТА како нешто најзначајно, основно, водечка сила? Зошто да се делиме.. Се додека сме ЛУЃЕ сите сме ИСТИ!
Е сега, зошто јас сум особа што гледа скоро се на долг рок, (може е некогаш добро, некогаш лошо тоа) сте збореле со дечко ти што понатака? Т.е дали вашата врска ќе добие некоја титула? Ко брак, да речеме?
Љубов ко љубов, не дека не верувам во неа, али дека љубовта можела се да надмине, тоа мало сутра. А и батали комшиите, никому не му е гајле за нив, јас моите не ги ни знам кои се.
Али ако дојде време за нешто посериозно, што мислиш, што би било?
Проблемот е што иако тој или ти не сте религиозни и љубовта ви цути, неговите се религиозни? Значи ако дојде до нешто посериозно, 99% неговите би барале ти да смениш вера, не тој.
Ако тоа нешто се прерипа, тогаш супер.
Ако не, ти си заебаната.
Тоа е причината ради која јас лично сум против вакви врски. Не дека не може да се успее, туку ради тоа што другата страна си ја сака и почитува повеќе религијата од нас, кои мислиме дека љубовта нема граници. Е има, добро утро, али кој да сфати.
Пример. Моја познаничка од моја генерација одеше скоро 2 години со муслиман. Се фино, сите дознаа што како. Не е битно тоа. Битното е дека детето после 2 години и кажа дека меѓу нив не можело да биде ништо озбилно, зашто неговите не го дозволувале тоа, а и таа морала да смени секако религија.
Е сега, како да не кажам дека е глупа, кога отпочеток, пред да влегува во врска со овој, не и светнало тоа? Ко демек, големата љубов или страст надвладеала. Жими таквото.
Не размислуваат луѓето за некои работи што ги прават, а после ќе се каат. Типкава у велико се кае за времето поминато со муслиманов иначе.
Реалноста е една, а утопијата е друго. Првава постои, другава не.