Ти дала блок зашто мисли дека ти сакаш повеќе од пријателство со неа.
Од ова иде, не и се допаѓаш ко нешто повеќе, и не сака да си расипува врска ради тоа вашето пријателство.
Ај убаво размисли. Подарок и праќаш за роденден, ја викаш на кафе, насамо и тоа, а таа е во врска. Мене ми изгледа ко да си бараш закачка. И да не си бараш, пристапот ти е лош, ја третираш поинаку.
Ако се ставам на нејзино место, така би помислила јас. Е сега, гледање со некои нови фацки додека сум во врска, не сакам ни јас, нити дечко ми да има. Тоа е тоа. Може е модерно да викаме сите дека не ни смета, нека си има детето другарки и слично, но мене би ми сметало да му се закачи некоја нова ко демек другарка, со која си пишува на фб понекојпат.
Вака размислува женско, па види ти машко како размислува од таа страна. Зборам за дечко и. Стави се ти на негово место.
А со тоа дека само сакаш многу поарно да се запознаете, ова она, во тоа не знам ни дали сам си веруваш, али ајде.
Значи, крај краева, остави ја девојката нараат, очигледно не сака ни така да се дружи со тебе, а ако се вмешаш, само поголема може да ја направиш.