Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некој ден почнав да ја гледам OZ, ги погледнав првите три епизоди..
http://www.imdb.com/title/tt0118421/?ref_=fn_al_tt_1

Ми се допаѓа како е прикажан затворскиот живот, сплетките, одмаздите и рутината во секојдневието на затворениците во затворот ОЗ.
Одлично ги доловиле и сите тие различни карактери, секоја нивна приказна, што биле и во што се претвориле, како го поднесуваат затворскиот живот, колку се силни или не да се соочат или да подлегнат пред сите неправди, тортури и физички и психички малтретирања и изживувања, и она најбитното: да се прифати фактот дека ОЗ ќе биде место во кое ќе живеат до крај далеку од сите оние што ги сакале и се она што поседувалe...

Во секој случај засега ептен ми се допаѓа.
Не најдов тема да си прокоментирам таму и да читнам впечатоци.
 
Не се заебавав:facepalm: не ми текнуваше дека помислиш на нешто слично на The walking Dead али коа стиснав испрати ми текна на Game of Thrones.
затоа си викам, чудно ми падна, човек во пештера да живеел три години ќе чуел за серијава :)
 
затоа си викам, чудно ми падна, човек во пештера да живеел три години ќе чуел за серијава :)

:pos::pos::pos: Абе збунка, дури и сам се сепнав дека све гледам и тоа шо вреди и тоа шо невреди да се гледа од досада и оп сеа некоја нова серија....:свиркам:
 
Дајте нешто мистично, мрачно, мистериозно? Напомена, How i Met your Mother ми е веќе гледана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom