Јас веќе потенцирав дека телемата не се базира на верувања, а догмата е нешто во кое мора да веруваш и во кое не смееш да се сомневаш! Такво нешто кај телемата нема.
Ако јас сум контрадикторен и божјата волја е догма во која веруваме, која е поентата и целта на праксата? Зошто Јога? Зошто дивинација? Зошто магика? Нели се работи за догма? Тогаш зошто да ги практикувам сите овие техники, кога можам само да верувам дека - "тоа и тоа" е "така и така"?
Бидејќи ви е тешко да кликнете на линкот кој го посочив, еве цитат од постот кој го споменав и кој објаснува зошто нема догми во случајов:
"Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:
- кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
- кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.
Обично мнозинството се пронаоѓа себе си во првиот случај. Индивидуата неможејќи сама да си го пронајде сопствениот идентитет, го присвојува оној на колективот. Во таа ситуација, вредностите на колективот поединецот ги доживува како сопствени, исто е и со успесите и поразите, па и со моралните стандарди".
Значи телемитот е потребно да ја види сопствената идеја за природата на Божественото во симболиката на телемата, а не да верува во неа! Тоа е почетната фаза, понатаму се предвидени техниките со кои треба секој сам да достигне ниво на осознавање и самиот да ја спознае вистината, наместо да верува во туѓи искуства и туѓи сведоштва! Ете затоа не се работи за догма.