ај ја малку за патот до таму да замарам
Имам одено со автобуси или други ме возеле пред некои 6-7 години, ама јас немам возено натаму, па затоа и не сум се замарал со патот.
За плажа, вода, инфраструктура и остали тракаташки знам, ок е, не е да се усереш, ама ок е според цена/дистанца/плажа/сместување параметри.
Прво: Колку патарини има до Неа-Пори?
Второ: Пошто ќе одам со кола и јас ќе возам ме интересира дали некој во скоро време го возел тој пат и има пресни информации оти има измени во цените на патарините, некоја нова патарина имаат додадено и некои рампи на приклучување на автопат, има тунел под Катерини дали се наплаќа за поминување.
Трето: Дали може да се избегнуваат патарините, и ако може, каде да се прави тоа и дали се исплаќа (како што прочитав цените на патарините им се покачени за 35% или во превод некаде 6-7 еур во правец до Неа-Пори или 3 патарини и еден тунел што се наплаќа)
За овие работи прашувам оти скоро на секој сајт има различни информации, плус, за пат 28.5еур нафта и (пази сеа) 14еур патарини
.