Неи Пори

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Како е со медузи на Неи Пори?

Август има!

Иначе според мене најубаво градче за одмор на овој дел од Грција. Нема место со поубави плажи, убава вода...се е супер! Ептен препорачувам!

Сум прошетал скоро по цела Грција, Закинтос, краците, Паралија, Олимпик Бич,...турнеи низ Грција, ама овде некако ми е нај нај добро не знам зошто. На прв поглед не е ништо посебно местото кога ќе дојдете. Ама некако баш е за одмор!

За убави плажи ви го препорачувам вториот крак ако сакате.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.739
Поени од реакции
1.137
Типично фамилијарно, мирно место за релаксација од цела година напорна работа и обврски.
За млади не го препорачувам, нема дискотеки, и такви места, има скромен центар и продавнички, и огромна патека за шетање поред плажа, и тоа е за целото место.
Најубав дел на Неа Пори е плажата и водата, за разлика од Паралиа и другите погоре, водата е екстремно чиста, ко стакло е, и во 45 метри длабочина можеш да броиш камчиња долу.
Скапо ли е ? Има ли оваа 2013 Јули некоја добра понуда за местенцево ?
 
H

HoT IcE

Гостин
Не е скапо, тапа е местото за забава и шетање.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
За шетање одиш Платамона или Лептокарија.

Какви Чехињи има...леле мајко!

Не знам зошто ама сите Чеси тука доаѓаат...
 
C

cige

Гостин
За шетање одиш Платамона или Лептокарија.

Какви Чехињи има...леле мајко!

Не знам зошто ама сите Чеси тука доаѓаат...
Се наоѓа смештај лесно на лице место? Или сепак подобро е преку агенција?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
А цените како одат за приватен смештај?
20-25 евра за двокреветно студио со вклучена цена за користење клима, а дуплекс апартман е 40-50 евра со клими.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Би сакала да прашам, бидејќи немам одено во Неи пори како се дели градот на стар и нов дел,всушност дали има разлика и ако има каде е подобро и поубаво :) Благодарам многу, секакви информации ке ми бидат добродојдени бидејќи во план сум ова лето таму да одам со дечко ми :)
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.734
Поени од реакции
904
Самото име Неи (Неа) Пори и Пори :) старо и ново.

Сите одат (одиме) во Неа Пори. Убаво местенце за прав одмор. За забава повеќе ти го препорачувам Олимпик Бич (бидејќи Паралија е поблиску), а за одмор на нерви Неа Пори ти е топ. Можеш да тркнеш до Платамона, до замокот горе и така. Неа Пори и Олимпик Бич ми се најубавите места во Грција за одмор. Секаде имам одено ама кога ќе пресметаш близина, цени и она што добиваш...нема споредба!
 
Член од
19 декември 2013
Мислења
236
Поени од реакции
152
Два пати имам одено неи пори и можам да кажам местото е прекраснотии.
Плажата е огромна, песоклива, водата чиста, плитка, полно школкии ии ај да не зборам(ќе ги терам мојте и оваа година да одиме).:DПо цели вечери се слушаат грчки музики ии така.
Единствена маана му е тоа што нема некој кафичи, или места за излегување.Се повеќе се ресторани за фамилијарни собироци и само едно шеталиште, али се на се ептен ми се допаѓа :).Прав рај.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
20-25 евра за двокреветно студио со вклучена цена за користење клима, а дуплекс апартман е 40-50 евра со клими.
Што мислиш на крај на Август дуплекс таму да најдеш на лице место колку ќе е?

Или оти е фамилијарно место на крај на Август е џунгла?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Што мислиш на крај на Август дуплекс таму да најдеш на лице место колку ќе е?

Или оти е фамилијарно место на крај на Август е џунгла?
Крај на август е од 35 до 50 евра дуплекс :pipi: Крај на август е супер, нема толку многу гужва.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom