Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.319
Не се измачувам ниту пак некоја религија ме измачува, само ги коментирам старо-еонските религии и нивниот концепт на воскреснувањето кое е мината формула и правам параели за да ти е појасно за што се зборува во Телемата... :)
Чистење на Волјата? Волјата не може да се чисти! Не прочита што реков за Волјата? Друго се чисти, не Волјата!

Во врска со одговорите што постојано велиш дека ги нема:
Реков веќе дека ти секогаш ќе велиш дека нема одговор Телемата... те разбирам и во ред е...
Твојот одговор за твоето постоење е кованицата од еврејско-грчки зборови познато како Исус Христос и целиот тој систем од тројство и Црква во комбинација со Грев и Смрт... за мене тоа е мината формула на умирачките богови и е невалидна формула во овој еон! Таа формула само дава врска со минатото и како се менуваат некои закони! Ако веруваш во тоа, во ред, верувај! Од мене ти е дозволено ! :)

Ако имаш критики кон Телемата и тоа е во ред, братската борба е добра работа!

Ти сакаш да ме убедиш дека твоето ВЕРУВЊЕ е апсолутната вистина на светот? Сакаш да ми кажеш дека јудаизмот е помалку вреден во своите пракси од вашите, христијански(која и да е црква)? Или исламот? Јудаизмот дури некако ја прескокна таа формула на умирање и воскреснување...
Сакаш да ми речеш дека не ми треба спознавање и пракса, ами верување?

Не оди тоа така... и со милион прашања да настапиш тука - нема да те направи тоа крал ако си решен да бидеш роб! Тоа е тоа... и ништо друго.

Не знам само зошто бараш „одговори“ од нас или во философијата на Телема (ако го правиш тоа воопшто).
Не сум знаел дека сум „испоштуван“ од тебе... Одлично, да почнам да пишувам провокативни есеи, можеби ќе прокоментираш нешто :)

Какви се овие неразбирања зборувајќи вака:„соединувајќи се и разединувајќи со Божествената, Непозната Волја - бесконечно“.
Што ти е тоа Непозната Волја? Зошто големи букви? :)
Мене ми е непознато ова твоја кованица „Непозната Волја“!

П.С. Изгледа бесцелно ме читаш ти мене што пишувам на мојот блог... :([DOUBLEPOST=1394909163][/DOUBLEPOST]
Citam praktikuvate joga.
Dali veruvate vo (re)inkarnacija?
Не.
Не знам зошто не инкарнација, па мора ре-инкарнација.
Што ти значи тоа ре-инкарнација? Се инкарнираш и потоа во ист момент се реинкарнираш постоејќи континуирано два пати свесно продолжувајќи го животот тука?
Не те разбирам многу...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Суштината - чистата волја е таа што не дефинира нас, а не нешто кое ние го дефинираме. Сега појасно е?
Ок.
Одоговорено ти е.
Одговорот дека Божјата Волја е вечна или осознај сам, не е доволен одговор.
Во вашата теологија очигледно фали на кој начин е постоењето на Волјата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема дел од човекот кој не е од боговите.

Не станува збор за произведување на принцип, туку за препознавање на сопствените ставови и принципи со оние на телемата.

Од искуство, јогата, магиката, дивинацијата и слично не се категории во кои треба да се верува, туку се практични методи. Ако не ги практикуваш, нема да знаеш.

Никој неможе да знае колку и што е потребно за некој друг, освен за себеси. Ако однапред си поставиш цел или рок, најверојатно нема да успееш.

Итекако има потреба, бидејќи различните "патишта" се различните луѓе....ист пат за сите луѓе е возможен само ако сите луѓе се исти.
Искуството е единствениот начин, се друго е залажување..
- Ако човекот има парче од боговите во себе, тогаш таквиот човек, т.е. телемит, е полу-бог. Ако телемитот има парче од боговите во себе, а се стреми кон себе а не кон супериорните битија-боговите, тогаш телемиот е во бесконечен пад кон самиот себе, а не во искачување кон боговите.

- Кој фактор ги поставува почените принципи од телемата? Бог, човек?...

- Ако треба да практикувам за да дознаам, како да знам дека во практикувањето не грешам? Што е референца за безгрешно практикување и сознанијата од практикувањето?

- Да, сите луѓе не се исти, но како да знам дека различните патишта водат кон иста цел? Како можам да ја избегнам самозаблудата?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Одговорот дека Божјата Волја е вечна или осознај сам, не е доволен одговор.
Во вашата теологија очигледно фали на кој начин е постоењето на Волјата.
Точно дека не е доволен одговор, но не поради тоа што фали нешто во теологијата на телемата, туку поради тоа што таа вклучува пракса, а не слепо верување.
Значи во овој случај станува збор за систем кој нуди техники и методи со кои вистината треба да се открие - осознае, а не таа да му биде презентирана во вид на догма.[DOUBLEPOST=1394996770][/DOUBLEPOST]
- Ако човекот има парче од боговите во себе, тогаш таквиот човек, т.е. телемит, е полу-бог. Ако телемитот има парче од боговите во себе, а се стреми кон себе а не кон супериорните битија-боговите, тогаш телемиот е во бесконечен пад кон самиот себе, а не во искачување кон боговите.
Човекот нема "парче" од боговите во себе, туку нема дел од човекот кој не е од боговите.
Според телемата се е дел од Божественото, така да стремежот да се осознае себеси е стремеж да се осознае сопствената суштина која е составен дел од Бог.

- Кој фактор ги поставува почените принципи од телемата? Бог, човек?...
Волјата на телемитот е факторот, од неа произлегуваат ставовите и сличните интереси и тие ги дефинираат овие принципи.
- Ако треба да практикувам за да дознаам, како да знам дека во практикувањето не грешам? Што е референца за безгрешно практикување и сознанијата од практикувањето?
Искуството, веќе ти кажав. Ќе ги искусиш тие методи и техники и ќе видиш дали имаат ефект или не.
- Да, сите луѓе не се исти, но како да знам дека различните патишта водат кон иста цел? Како можам да ја избегнам самозаблудата?
Самозаблудата ќе ја избегнеш ако имаш самокритичност и објективност, ако не ја отфрлаш вистината поради тоа што не одговара на твоите очекувања или предрасуди.

14. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди. - Книга на Рамнотежата[DOUBLEPOST=1394996946][/DOUBLEPOST]
Citam praktikuvate joga.
Dali veruvate vo reinkarnacija?
Предходно веќе имам нагласено дека телемата не е систем кој се базира на догми. Што верува некој е негова лична работа.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Точно дека не е доволен одговор, но не поради тоа што фали нешто во теологијата на телемата, туку поради тоа што таа вклучува пракса, а не слепо верување.
Значи во овој случај станува збор за систем кој нуди техники и методи со кои вистината треба да се открие - осознае, а не таа да му биде презентирана во вид на догма.
Според телемитската теологија Волјата е вечна. Ова е догма. Зошто одрекуваш?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според телемитската теологија Волјата е вечна. Ова е догма. Зошто одрекуваш?
Догма е нешто во кое треба да се верува и да не се сомнева во истото, телемата не се базира на верувања.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Догма е нешто во кое треба да се верува и да не се сомнева во истото, телемата не се базира на верувања.
Значи не веруваш во телемитската теологија?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.319
Значи не веруваш во телемитската теологија?
Тој е најголемиот неверник во теологијата на Телемата.
Се што прочитал сака да го дознае и да има директно искуство и ако е погрешно да промени! :)
Не го познаваш ти @Ipsissimus ...

Тој еднаш има симнато бог за да го распне и да ја покаже четириделната природа на Иницијацијата! Аферим за тоа!
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Човекот нема "парче" од боговите во себе, туку нема дел од човекот кој не е од боговите.
Според телемата се е дел од Божественото, така да стремежот да се осознае себеси е стремеж да се осознае сопствената суштина која е составен дел од Бог.
Ако телемиот е свесен за своето божествено потекло, што ќе му е натамошно „самобарање„?[DOUBLEPOST=1395044970][/DOUBLEPOST]
Искуството, веќе ти кажав. Ќе ги искусиш тие методи и техники и ќе видиш дали имаат ефект или не.
.
Ако имаат ефект, од кај да знам дали е правилен? Ако немаат ефект, како ќе знам дека немаат ефект?
Колку животи ми се потреби за да испитувам се‘ и сешто?
 
Последно уредено:
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
.
Според телемата се е дел од Божественото, така да стремежот да се осознае себеси е стремеж да се осознае сопствената суштина која е составен дел од Бог.
.
Што е ова, не е догма?
Предходно веќе имам нагласено дека телемата не е систем кој се базира на догми. Што верува некој е негова лична работа.
Овде си контрадикторен,божјата воља е само догма во која верувате.
Каква е вашата пракса дека божјата воља постои?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Самозаблудата ќе ја избегнеш ако имаш самокритичност и објективност, ако не ја отфрлаш вистината поради тоа што не одговара на твоите очекувања или предрасуди.
.
Самокритиката може да го следи телемиот се‘ до смртта и од таа самокритика, може да нема никаква корист. А за објективноста од субјектот, подобро на прајме муабет: како може субјектот да биде објективен кон самиот себе?[DOUBLEPOST=1395045194][/DOUBLEPOST]
14. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди. - Книга на Рамнотежата
Чија вистина е наведена во цитатов? Што е вистина, кој е вистина?...
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
Не знам зошто не инкарнација, па мора ре-инкарнација.
Што ти значи тоа ре-инкарнација? Се инкарнираш и потоа во ист момент се реинкарнираш постоејќи континуирано два пати свесно продолжувајќи го животот тука?
Не те разбирам многу...
Огромна е разликата меѓу инкарнација и реинкарнација.
Читам дека сакаш да делиш лекции, а не ти се јасни основни поими.
Велиш не веруваш во реинкарнација, а се стремиш кон божјата воља.
Ако целта е тоа на Телемата, божјата воља која е вечна, значи дека се стремите кон вечноста, а знеаме дека човечкото тело не е вечно.
Не гледам разлика од било кој друг тип на религија кои нудат вечен живот.
Значи ли тоа дека Телемата има релиогиозна основа?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако телемиот е свесен за своето божествено потекло, што ќе му е натамошно „самобарање„?
Да бидеш свесен дека си дел од нешто е една работа, да се стремиш да ја осознаеш суштината на тоа нешто е сосема друга.
Ако имаат ефект, од кај да знам дали е правилен? Ако немаат ефект, како ќе знам дека немаат ефект?
Колку животи ми се потреби за да испитувам се‘ и сешто?
Ако немаш доверба во себе и сопствената интуиција, ни сите животи што постоеле и што ќе постојат нема да ти бидат доволни.
Самокритиката може да го следи телемиот се‘ до смртта и од таа самокритика, може да нема никаква корист. А за објективноста од субјектот, подобро на прајме муабет: како може субјектот да биде објективен кон самиот себе?
Самокритиката не само што може туку и треба да го следи телемитот се до смртта.
Што се однесува до објективноста, таа се однесува на тоа што го перцепираме и споредуваме со останатите.
Чија вистина е наведена во цитатов? Што е вистина, кој е вистина?...
Вистината нема сопственик па да биде нечија, таа е суштината на сите нешта, и не зависи од ничии предрасуди и очекувања.[DOUBLEPOST=1395070847][/DOUBLEPOST]
Што е ова, не е догма?

Овде си контрадикторен,божјата воља е само догма во која верувате.
Каква е вашата пракса дека божјата воља постои?
Јас веќе потенцирав дека телемата не се базира на верувања, а догмата е нешто во кое мора да веруваш и во кое не смееш да се сомневаш! Такво нешто кај телемата нема.
Ако јас сум контрадикторен и божјата волја е догма во која веруваме, која е поентата и целта на праксата? Зошто Јога? Зошто дивинација? Зошто магика? Нели се работи за догма? Тогаш зошто да ги практикувам сите овие техники, кога можам само да верувам дека - "тоа и тоа" е "така и така"?
Бидејќи ви е тешко да кликнете на линкот кој го посочив, еве цитат од постот кој го споменав и кој објаснува зошто нема догми во случајов:

"Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.
Обично мнозинството се пронаоѓа себе си во првиот случај. Индивидуата неможејќи сама да си го пронајде сопствениот идентитет, го присвојува оној на колективот. Во таа ситуација, вредностите на колективот поединецот ги доживува како сопствени, исто е и со успесите и поразите, па и со моралните стандарди".

Значи телемитот е потребно да ја види сопствената идеја за природата на Божественото во симболиката на телемата, а не да верува во неа! Тоа е почетната фаза, понатаму се предвидени техниките со кои треба секој сам да достигне ниво на осознавање и самиот да ја спознае вистината, наместо да верува во туѓи искуства и туѓи сведоштва! Ете затоа не се работи за догма.[DOUBLEPOST=1395071568][/DOUBLEPOST]
Огромна е разликата меѓу инкарнација и реинкарнација.
Читам дека сакаш да делиш лекции, а не ти се јасни основни поими.
Велиш не веруваш во реинкарнација, а се стремиш кон божјата воља.
Ако целта е тоа на Телемата, божјата воља која е вечна, значи дека се стремите кон вечноста, а знеаме дека човечкото тело не е вечно.
Не гледам разлика од било кој друг тип на религија кои нудат вечен живот.
Значи ли тоа дека Телемата има релиогиозна основа?
А кој рече дека според телемата, дефиниција за човекот е неговото тело? И од каде заклучокот дека телемата "нудела вечен живот"? Телемата нуди пракса - методи, техники! Не догми, рајови и пеколи! Не молитва, туку мотика! Ако бараш гаранција дека ќе бидеш спасен, дека некој друг ќе те избавува, наградува или казнува, тогаш телемата не е за тебе. Никаде нема таква гаранција, ако самиот не сметаш дека си доволна гаранција, тогаш не ни заслужуваш гаранција! Волјата која е загадена со страст за резултат не е чиста волја, таа е производ на егото!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom