Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа тука е законот, правилата и казнената политика да ги доведи во ред таквите гојда.
Сиот проблем е што никој не почитува и не спроведува правила, т.е. тие што се одговорни лица.
Како што спомнав, секој да уплати по 300 евра депозит еве нека е, не мора по германски стандарди да биди, нека е во висина на просечна плата.... Дали и тогаш некој ќе се осмели да демолира?
Проблемот многу лесно се решава, ама ни трошка волја се нема... затоа е толку безнадежно.
Океј зарем мислиш има некој да одвој 300 евра за депозит ?
Па половина од студентите едвај скрпуваат крај со крај а не па на почеток на септември да уплатат 300 евра кога еден куп трошоци.
 
Тешко е во старт кога ќе треба да ги дадеш. Ама после тие пари истите секоја година можеш да си ги вложуваш или да ти стојат депонирани додека не се иселиш. Ако знаат да соберат пари за смартфон од 300 евра, знаат и за депозит што им трае цело студирање. И не се тоа пари што неповратно ги даваш. Чисто гаранција дека ќе бидеш цивилизирано суштество за време на твојот престој.
 
А зашто едноставно не ги исфрлат тие што го демолираат домот ?
 
- Што мислите за условите во студентските домови?

- Јас патувам.

Поентата на сето ова е дека студентите не се светци и во голем случај штетите се предизвикани од нив. Инсталацијата е веќе друг проблем.

Ама ајде ви се молам бре 1200 души да ќутат ко пички пошо еден шупак ќе им се заканува, абе ќе го скршат од ќотек и готово.
Не, зш да се замарат они, секад постои она : „ тоа не е мој проблем. “ и секако мотото на Македончето : „ Не се замарам ја со тоа.“ и оној идниректниот „ трај и трпи. “

Али остај, јаки се студените кај нас, ќе објават сликички и по некој статус и мислат дека го решиле проблемот со нивното пасивно серење на социјалните мрежи и обид да се привлече внимание ко демек ВИДИ КОЛКУ СУМ ЗАГРИЖЕН.

Со сликите се привлече внимание, не викам не. Туку всушност им дадовте причина на цел свет да се посмеваат со вас и со условите во кои студирате пошо сте пички да излезете и да кажете нешто.

Али ајде, тешете се со тоа дека можеби ќе станете влијателни на социјалните мрежи и одеднаш сите врати ќе ти бидат отворени и ќе те тапкаат по грб : браво пеер , најдобар си.

Луѓе. Не бидете пасивни, активирајте се за вас.
 
Тешко е во старт кога ќе треба да ги дадеш. Ама после тие пари истите секоја година можеш да си ги вложуваш или да ти стојат депонирани додека не се иселиш. Ако знаат да соберат пари за смартфон од 300 евра, знаат и за депозит што им трае цело студирање. И не се тоа пари што неповратно ги даваш. Чисто гаранција дека ќе бидеш цивилизирано суштество за време на твојот престој.
Let me see..
При вселување ја плаќаш киријата 50 евра, успат на факултет покрај тие нивни 100 евра од семестар имаш уште минимум 80 евра за некои работи ни чуени ни видени на факултет.
И на овие пари да додадам уште 300 евра?
Ова се однесува на првата година, не секој има пари покрај тие трошкови шо ги наметнува факултетот(барем мојов) да дам 300 евра и да ми седат замрзнати цела година.
Есапот дома и на пазар не е исти.

Не, зш да се замарат они, секад постои она : „ тоа не е мој проблем. “ и секако мотото на Македончето : „ Не се замарам ја со тоа.“ и оној идниректниот „ трај и трпи. “
Ова ти е реченица кај шо ти падна во вода се над неа и под неа шо си пишал.

Освен ако не живејш во Македонија, и ти си во истата каша како и сите останати.
 
Затоа тука е законот, правилата и казнената политика да ги доведи во ред таквите гојда.
Сиот проблем е што никој не почитува и не спроведува правила, т.е. тие што се одговорни лица.
Како што спомнав, секој да уплати по 300 евра депозит еве нека е, не мора по германски стандарди да биди, нека е во висина на просечна плата.... Дали и тогаш некој ќе се осмели да демолира?
Проблемот многу лесно се решава, ама ни трошка волја се нема... затоа е толку безнадежно.

Може и ќе се осмели некој да уништи нешто(било што) но прашање е дали тие 300 евра негови ќе се искористат за таа намена, санација на штетата или пак како и до сега, ќе завршат во нечиј џеб и се додека не се распадне скроз зградата (пу пу скраја да е) нема да им текне да ги вложат тие пари во домот.

Груевски: Студентите се во право, ќе се реконструира целосно домот „Гоце Делчев“
Очекувајте уште една предизборна лага.
 
Последно уредено:
А зашто едноставно не ги исфрлат тие што го демолираат домот ?
Па се подразбира и тоа, ама за штетата кој ќе плаќа? Сите други ќе компензираат оти некој дивеел?
Let me see..
При вселување ја плаќаш киријата 50 евра, успат на факултет покрај тие нивни 100 евра од семестар имаш уште минимум 80 евра за некои работи ни чуени ни видени на факултет.
И на овие пари да додадам уште 300 евра?
Ова се однесува на првата година, не секој има пари покрај тие трошкови шо ги наметнува факултетот(барем мојов) да дам 300 евра и да ми седат замрзнати цела година.
Есапот дома и на пазар не е исти.
Епа сега да извиниш ама, сакаш да се ебиш а не сакаш да ти влези. Секаде во светот се оставаат депозити и е најнормална работа. И во Скопје во стан да одиш да седиш ќе оставиш депозит. Само во домовите не е случај тоа.
Не гледам тогаш зошто се бунат сите против условите, кога не сака никој ни денар да даде (и пак не се неповратно фрлени парите, тргнати на страна еве да речиме).
Сумата како сума не е предмет на дискусија. Дали биле 300 евра или 150 не е многу битно кога ќе знаеш оти секое дивеење ќе те чини од џебот. Се работи за принцип.
 
:facepalm::facepalm::facepalm:
R0d9Smy.png
А зашто едноставно не ги исфрлат тие што го демолираат домот ?
Неможат однапред да знаат кога ги примаат студентите кој ќе демолира и дивее а кој ќе биде примерен и цивилизиран за време на престојот. Плус и да ги исфрлат, пак штетата направена треба некој да ја плати.Доколку се уплаќа депозит ќе има превенција од правење штети , затоа што секој ќе знае доколку направи намерна штета дека ќе му се скине од депозитот и ќе размисли два пат дали да уништува.
 
Последно уредено од модератор:
Па се подразбира и тоа, ама за штетата кој ќе плаќа? Сите други ќе компензираат оти некој дивеел?

Епа сега да извиниш ама, сакаш да се ебиш а не сакаш да ти влези. Секаде во светот се оставаат депозити и е најнормална работа. И во Скопје во стан да одиш да седиш ќе оставиш депозит. Само во домовите не е случај тоа.
Не гледам тогаш зошто се бунат сите против условите, кога не сака никој ни денар да даде (и пак не се неповратно фрлени парите, тргнати на страна еве да речиме).
Сумата како сума не е предмет на дискусија. Дали биле 300 евра или 150 не е многу битно кога ќе знаеш оти секое дивеење ќе те чини од џебот. Се работи за принцип.

Eве јас седам во стан и никогаш немало никаков депозит,а во домовите шо потреба да се остава депозит?
Некаков луксуз се? Некаква привилегија се?
Или дното на општеството?
Башка то, пошо нели живејме во Македонија ќе видиш колку често ќе има и злоупотреба на истиот од страна на шерифите во домот.
Тргање пари на страна и така да ти стојат замрзнати, ако ти се вишок, кога секој денар ти е планиран то е малку потешко остварливо.
Како шо кажав нека се казнуваат за секоја оштета на инвентарот, ама инвентарот нека е нов, а не да го поминат 30 генерации студенти.

Си има начини да се воспостави ред кога би се средиле и условите, вака шо?
Или ние да дајме пари треба прво за да го реновираат домот?
 
Абе види, ти можеш цела недела инает да си тераш, ама факт е дека секаде е нормално да се остави депозит, без разлика дали се работи за стан или студентски дом. Не е тоа под знак прашање, се знае штом закупуваш живеалиште, оставаш гаранција.
А тоа за злоупотреби е друга тема на расправа.
Си има начини да се воспостави ред кога би се средиле и условите, вака шо?
Или ние да дајме пари треба прво за да го реновираат домот?
Ајде кажи еве ти како би го решил/а проблемот со уништувањето на собите?
Стив собите што ги реновираа не издржаа ни една година. Дури се чудам која е таа деструктивна енергија што успеа нов инвентар комплетно да го уништи за неколку месеци.

Овој инаетов твој ми наликува исто како на пример да појдиш во Стопанска Банка да бараш 50.000 евра кредит и кога ќе ти побараат хипотека како гаранција да им речиш: аааа не, не бива то така, само еден ми е станот, не можам јас да го заложувам, имајте милост сиромашен сум.
 
Последно уредено:
^
Врати се една страна наназад, прочитај шо пишав за таквите ропаци.
За депозитите ти кажав исто од која причина не се многу практични,барем не во Македонија.
Исто и за станов кај шо седам, ти кажав нема никаков депозит, плус газдава за некои работи од типот ни се расипал болјерот, бравата се заглавила(кај шо не е толку човекот фактор, колку шо е времето) тој ни ги поправа.
Ова шо е сега актуелно е за лошите услови во студентските домови, како да се подобрат, вие неколку сте тие шо ги кривите студентите шо нишо не е сменато со децении, дека цела влага по ѕидојне Гоце била зошо на некој му текнало да се моча во ѕидот. Мислам..

А,за споредбава со кредит :facepalm:
 
Eве јас седам во стан и никогаш немало никаков депозит,а во домовите шо потреба да се остава депозит?
Некаков луксуз се? Некаква привилегија се?
Или дното на општеството?
Башка то, пошо нели живејме во Македонија ќе видиш колку често ќе има и злоупотреба на истиот од страна на шерифите во домот.
Тргање пари на страна и така да ти стојат замрзнати, ако ти се вишок, кога секој денар ти е планиран то е малку потешко остварливо.
Како шо кажав нека се казнуваат за секоја оштета на инвентарот, ама инвентарот нека е нов, а не да го поминат 30 генерации студенти.

Си има начини да се воспостави ред кога би се средиле и условите, вака шо?
Или ние да дајме пари треба прво за да го реновираат домот?

Е како нема депозит во стан? Редовно сум плаќала на почеток уште пред да се вселам и прва и последнс рата.
 
^
Врати се една страна наназад, прочитај шо пишав за таквите ропаци.
За депозитите ти кажав исто од која причина не се многу практични,барем не во Македонија.
Исто и за станов кај шо седам, ти кажав нема никаков депозит, плус газдава за некои работи од типот ни се расипал болјерот, бравата се заглавила(кај шо не е толку човекот фактор, колку шо е времето) тој ни ги поправа.
Ова шо е сега актуелно е за лошите услови во студентските домови, како да се подобрат, вие неколку сте тие шо ги кривите студентите шо нишо не е сменато со децении, дека цела влага по ѕидојне Гоце била зошо на некој му текнало да се моча во ѕидот. Мислам..

А,за споредбава со кредит :facepalm:
Не се лупај по чело, пљускавци ќе ти се направат :cool:
Ако ти не плаќаш депозит, не значи дека тоа е исправно.
За болдон, мислам стварно ова? o_O Немаш изгледа разбрано која е поентата на муабетов... тргни го малце егото на страна и согласи се со некои работи.
Не се студентите виновни за не-вложувањето во домовите. Виновсни се за кога ќе се вложи, не останува истото и за наредната генерација. Затоа е потребата да се заштити инвестицијата со депозити (пример -> Стив).

Пример: Поранешен цимер мој се премести во Стив и баш начека реновирана соба. Кога појдов, собата беше океј. Не можам да ја споредам со странски домови, ама во споредба со останатите македонски домови сосема на место... пристоен инвентар и тоалет. Единствено што беа настегани во 15-20 квадрати четворица.
Наредна година ништо од тоа не беше ново. Уништени шкафови, кревети, лавабо, ѕидовите гнасни...

Истото ќе го дочека и Гоце ако после можното долго-очекувано реновирање не се воведи плаќање депозити. Нема потреба ни од контроли. Во Германија никој не те контролира што правиш ти во собата и не го интересира. Ако ја најдат собата руинирана откако ќе се иселиш, ќе видиш оти ти фалат неколку стотици евра на сметката.
 
Последно уредено:
Е како нема депозит во стан? Редовно сум плаќала на почеток уште пред да се вселам и прва и последнс рата.
Зборував во прво лице.
Ти си плаќала.
Јас не.

Strider, единствено околу нешо шо не се согласуваме е депозитот кој ти го гледаш како единствен начин да се заштити инвестиција, јас не.
Мене јасно ми е за инвентарот, ама не можиш сите студенти да ги ставиш во исти кош, ради поединци.
Кај шо седев собата си беше све во ред и пред мене седел некој и после мене, ништо од инвентарот не беше оштетено. Проблемот беше шо немавме топла вода, немавме нормално парно греење,а ги собираа греалките, проблемот беше лошата дограма, лошата храна, тие шо живееја на 6ти проблем беше шо не работеше лифтот,а куфери константно да влечкаш угоре удолу е мачно.

Ниту јас, ниту ти не можиме како поединци да воведиме ред или на некој да го превоспиташ. За тоа нека си постојат контроли. Како шо можеше во декември парното да не работи,а да вршат секојдневно контрола дали случајно имаш греалка во соба, така можат да вршат контрола барем еднаш неделно дали нешто е оштетено од инвентарот во истата.

Добро еве вршат контрола, у дадена соба све е оштетено, ги бркаат виновникот, и после? Собата останува оштетена, нели?

Се слагаме сите дека стварно нема никакви услови во домовите, треба и крајно време е тоа да се среди. Ама треба да се воведат и мерки за средено да остане, и тоа е многу приоритетно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom