Напредна форма на сарказам

Темата е сериозна и треба подлабоко да се дискутира. Не е нити смешно, нити за шали. Ситуацијата е критична. Повеќе ќе ценев да пишеше нешто во врска со темата.
Што нема ред, нема ред. Не е финтата „сум завршил факултет, па к*р ме боли“ или „учам сеуште, ама премногу се плашам да кажам дека ми е лошо“. Ете и да не е се во хигиената, воопшто ред се нема бе другар. Треба реновирање на инвентарот и повеќе услови за младите луѓе. Ете слушам и греење немаат во Гоце студентскиот или каде беше.Па срамота е тоа бе. 21ви век сме.
Не знам колку си прошетал другар на ул. „Белградска“ во Скопје да провериш и да видиш како изгледаат условите на студентите кои се сместени во мини студентскиот камп за млади студенти медицинари... Се наоѓа во 10-11 мини бараки градени од пред 300 години кои скапуваат секојдневно. Низ нив протекува дожд, и внатре има бубашваби, лебарки и цел животински свет.
Вецињата подолу од катастрофа. А да не збориме тоа што се сместени до клиника за ментални заболувања. Да живееш таму, и да треба да учиш во таква просторија таму, ќе те прашам дали ќе се фаќаш за мојата саркастична фраза за ајфонот, или ќе се бориш да избегаш и да имаш подобри услови.
Тогаш ќе ти се плаче и ќе урлаш за да ти дадат нешто подобро, и нема да ти биде до фејспалм

И после кај ни се најдобрите лекари ќе се прашуваме а? Кај ни се најдобрите информатичари? Кај ни се најдобрите економисти? Воопшто кај ни е младината и зошто сите одат во странство?
Дај им добри услови и секој ќе ти работи и сите ќе останат тука

Дај им срање услови (како сега), и ќе ги бараме по светот.
Како што би рекле пријателите...
Последно уредено: