Темава слабо со одговори, сите само прашуваат никој не одговара

јас еве сакам да прашам за монитор. не сум купувал досега, не знам шо да гледам, детали некои...знам дека со ипс панел се нај ама не можам да одвојам толку пари ни сега ни потаму, па би се задоволил со некој стандард монитор, со фулл хд секако, hdmi е препорачливо. Е сега звучници, усб и шо ти знам други работи се опционални мада мислам во тој ценовен ранг до кај 7-8000 нема баш толку додатоци а? Шо би препорачале?
IPS се со далеку подобар приказ на слика, острина, гледање од различни агли, милина е кога работиш на IPS монитор
Секако се малку поскапи од обичниве TN монитори, но според мене и те како вредат, мониторот е една од најбитните работи, целото време го поминуваме гледајќи во него.
Зависи која големина ти треба на тебе, но веќе има до таа цена 22 инчни IPS, а за околу 9-10к има и 23 инчери. Но ако си во план да одиш на 24-ка, тогаш барем некој со VA панел, нешто измеѓу TN и IPS, нудат подобар контраст, пореална црна боја итн. Пиши ми отприлика која големина ти одговара па ќе ти дадам конкретен предлог.
Од тие, не ја гледај никако GT630, послаба е и од 9800гт, минимум барем GTX650 1GB GDDR5, солидна карта.
Секако треба да одлучиш краен буџет па да видиме што може да се земе најдобро за цената.
Во план сум лаптопо да го надградам со SSD диск, со замена на CD/DVD со т.н. HDD-Caddy.Кедито ми е веќе порачано но сеуште не сум купил SSD диск. Дали имате некоја препорака за SSD, јас се мислам да го земам
http://ocz.com/consumer/agility-3-sata-3-ssd од 60гб. Цената му е околу 60 евра? Имате вие некоја ваша препорака и искуства од овој или други SSD дискови? позз
Не е лошо ссд-то, само малку е недоверливо од аспект на контролерот, ако ти се даваат уште 1500 денари може да земеш 120GB Samsung 840 EVO, едни од најдобрите и најбрзите моментално.
Исто така имаш и Kingston V300 од 60гб во Анхоч, доста се подобри од претходните нивни модели, а исто и 120гб моделот е со примамлива цена.