Феминизам!

Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Маж = човек
Жена = човек

Јас мислам доволно е кажано. Полова еднаквост мора да има. Сите сме луѓе.
Има лоши мажи, има лоши жени. Не можеш да правиш селекција.
Е сега, нормално е мажот да ја превземе потешката работа, а жената полесната.
Се тоа поради физичката градба, моќта и способноста на човековото тело.
Ако ме прашувате мене, феминизмот е наука за стекнување на превласт врз машкиот пол т.е. борба за стекнување на доминација без конкретно заснована теорија предизвикана од феминистки.

Воедно....феминистки се.....

Феминистки = збир на исфрустрирани девојки/жени кои не знаат да си го подредат животот со мисла дека даденото им е секогаш малку, па ја бараат кривицата во спротивниот пол. На денешно време барем секој може своите способности да си ги истакне до максимум, нормално ако ги има.

Се на се, чкарт роба со скапи парфеми.
(y)
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Ако ме прашувате мене, феминизмот е наука за стекнување на превласт врз машкиот пол т.е. борба за стекнување на доминација без конкретно заснована теорија предизвикана од феминистки.
)
Навистина
добра дефиниција :-P не е баш наука ама движење да
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
А добро постои ли движење "Шовинизам" така развиено како Феминизмот?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.902
Поени од реакции
25.243
Нели ви е срам да не знаете што значат некои зборови, кои се спомнуваат доста често? :)
Треба да си идиот за да го споредиш феминизмот со шовинизам, нормално, ако зборуваме за значењето на зборот, не за неговата злоупотреба.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Зборот шовинизам има по широко значење. Вие коа велите шовинизам, овде у муабетов, веројатно мислите на машкиот шовинизам.
А постои и национал-шовинизам, кој пак кај нас го викаат национализам, како и други типови на шовинизам неврзани со односот помеѓу половите.
 
Па добро очигледно е дека на тоа мислиме. Темата е за половите, сигурно нема да мешаме национализам што нема врска со темата...
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.025
Поени од реакции
83.450
Па добро очигледно е дека на тоа мислиме. Темата е за половите, сигурно нема да мешаме национализам што нема врска со темата...
Вие тоа што мислите - пишувајте.
Но замената не е само во темата. Кај нас во секојдневниот говор кога се мисли на машкиот шовинизам се вели само шовинизам, а тоа што никој поима нема дека национализмот е благородно чувство, паралелно со патриотизмот, тоа е сосема друга работа.
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
Феминизам е збир од движења и идеологии што се занимаваат со рамноправноста т.е еднаквоста на жените и мажите во однос на политичките, економските и социјалните права.
Значи не станува збор за никаква надмоќ над едните врз другите, туку рамноправност.
Особено значајно за феминистичките движења е обезбедување на еднакви услови за образование и вработување (што вам може ви звучи смешно денес во Македонија, зошто некој би се залагал за ова, но во светот уште постојат држави каде што ова не е овозможено за жените)
Феминистичкиот активизам се бори за репродуктивните права на жените, за еднакви плати, се бори против семејно насилство врз жените и децата итн.
Во Македонија, законска дискриминација во однос на овие прашања нема, меѓутоа каква е ситуацијата во секојдневниот, реален живот, тоа останува да се дознае само од примери и искуства на жени кои биле, се или можеби ќе бидат дискриминирани.

А што се однесува до ставовите на поединци дека феминистките се грди, недепилирани, желни само за машкиот полов орган, сфаќате и сами колку ваквите ставови се недостојни за коментирање.
:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Идеологиите на феминистките не ме интересираат. Им се восхитувам на нивните движења.
Во Македонија, законска дискриминација во однос на овие прашања нема, меѓутоа каква е ситуацијата во секојдневниот, реален живот, тоа останува да се дознае само од примери и искуства на жени кои биле, се или можеби ќе бидат дискриминирани.
:)
Во Македонија во работните односи и реално жените не се дискриминирани. Најголем број се запослуваат или се поприсутни во банки, јавни институции, здравство или како наставници...Мажите од друга страна најчесто ги држат потешките физички (и не само физички, и потерсене) работни места. Тоа сега ме потсети кога го видов ѕидарот на скелето, со којзнае колку помала плата од службеничката во банката од спротива.
Во име на рамноправноста во општеството ме интересира колку жени возат вилушкар или автобус, ѕидаат, штемоваат или го собираат наутро ѓубрето преку Комуналец. Колку од нив работат на поставување рекламни паноа низ градот или менување сијалици на семафор и дали еден ден и јас ќе бидам услужен од автомеханичар жена, како во порничите.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Идеологиите на феминистките не ме интересираат. Им се восхитувам на нивните движења.
Во Македонија во работните односи и реално жените не се дискриминирани. Најголем број се запослуваат или се поприсутни во банки, јавни институции, здравство или како наставници...Мажите од друга страна најчесто ги држат потешките физички (и не само физички, и потерсене) работни места. Тоа сега ме потсети кога го видов ѕидарот на скелето, со којзнае колку помала плата од службеничката во банката од спротива.
Во име на рамноправноста во општеството ме интересира колку жени возат вилушкар или автобус, ѕидаат, штемоваат или го собираат наутро ѓубрето преку Комуналец. Колку од нив работат на поставување рекламни паноа низ градот или менување сијалици на семафор и дали еден ден и јас ќе бидам услужен од автомеханичар жена, како во порничите.
Според Агенција за вработување има повеќе невработени мажи од жени. Најверојатно ова е исклучок во светот што е во МК.
На темава некогаш Феминиските знаат да бидат и женски шовинистки па и да има андромизија кај нив. Не е ова правило и не треба да е така ама понекогаш се случува.
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
Идеологиите на феминистките не ме интересираат. Им се восхитувам на нивните движења.
Во Македонија во работните односи и реално жените не се дискриминирани. Најголем број се запослуваат или се поприсутни во банки, јавни институции, здравство или како наставници...Мажите од друга страна најчесто ги држат потешките физички (и не само физички, и потерсене) работни места. Тоа сега ме потсети кога го видов ѕидарот на скелето, со којзнае колку помала плата од службеничката во банката од спротива.
Во име на рамноправноста во општеството ме интересира колку жени возат вилушкар или автобус, ѕидаат, штемоваат или го собираат наутро ѓубрето преку Комуналец. Колку од нив работат на поставување рекламни паноа низ градот или менување сијалици на семафор и дали еден ден и јас ќе бидам услужен од автомеханичар жена, како во порничите.
Не сакав да тргнам по овој пат на натегање наше - ваше, првенствено заради тоа што сепак се залагам за рамноправност, ама кога веќе почна да споредуваш кој, каде и колку е застапен, кажи ми во име на рамноправноста, колку жени држат високи политички функции, колку жени биле претседатели на државава, премиери на државава, колку од нив се градоначалници на општини, колку од нив се лидери на политички партии, колку министерки,колку се директори на болници, колку се пилоти, извршни директори на државни фирми итн

И после кажи ми колку мажи се шивачи,колку се чистачи по училишта,болници и разно разни фирми, колку остануваат дома со децата по свој избор додека жената оди на работа и најважно од се колку мажи изгубиле можност за вработување заради потенцијална бременост или склучување брак?

Поентата ми е дека генерализираш и дека ја носиш дискусијата во твоја насока а реално дискриминација сепак постои. Можно е причините за постоечката дискриминација да се индивидуални од личност до личност, но преголема е коинциденцијата дека сите личности од женски пол не се доволно кфалификувани за високите и водечките работни позиции.

Како заклучок, не сакам јас да кажам дека не постои нерамноправност во поделбата на работните места, туку дека таа нерамноправност тргнува од погрешната перцепција на улогата на жената во општеството и улогата на мажот во општеството.

Toa што нема жена председател и жена премиер не е причина за дискриминацијата туку последица. Законска дискриминација нема ама дека важат некои стеротип и дека има некој понекогаш подценивачки однос кон жените има. Додуше е тоа почесто во селата и кај муслиманите. А за промена на перпепцијата е предрасудите треба многу време.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.389
Поени од реакции
13.357
Дали има муслиманки феминистки?
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Феминизам е збир од движења и идеологии што се занимаваат со рамноправноста т.е еднаквоста на жените и мажите во однос на политичките, економските и социјалните права.
Значи не станува збор за никаква надмоќ над едните врз другите, туку рамноправност.
Научно да, ама во примена, цели и разбирање во нашава земја - Не :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom