- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 6.779
- Поени од реакции
- 19.487
На крајот на краиштата ти си пак таа што е скршена, и со уништено семејство. Ти ќе имаш трауми за цел живот. Единственото нешто за кое што ние како поединци треба да се замараме е превенција.Нема да ми биде мило кога би биле во затвор, ќе ми биде мило што идиотот не ме малтретира повеќе. А дали е подобро ти, или некој од твоите да настрада?
Кое е решението според тебе, кога државата не презема мерки?
И зошто ме прашувате по сто пати кое е решението, кога ви го кажав мојот одговор, дека конечно треба да профункционираат нештата? Се знае кој треба да си ја работи работата и како се решаваат ваквите работи вонормална држава. Во нормални и уредени држави, полицијата и институциите реагираат итно на првиот аларм, заштитните мерки се фуриозни, а државата го гони насилникот по службена должност дури и ако жртвата се повлече од страв. Постојат и многу државни центри и места за згрижување на жртвата, а за жал кај нас најчесто тоа зависи од поддршка на некои невладини организации. Да не зборам па за изречените казни кои што се минимални или за застарувањето на делата.