Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
Со ова можат да се мелат и други работи нели? Ореви и слично?
Picture 1346.jpg Picture 1348.jpg Picture 1347.jpg Еве за ореви - и не ги мешај со други.

Првата има повеќе делови и намена:ситно,средно и крупно мелење.Најчесто ја употребуват и при правење тарана и слатко од дуњи.
Па сега бирај Рамстор или тука. Средната е Титан - произвоство 1964 година и поквалитетна од сите во трговијата сега што ги има.
 
Да не знае некој како е рецептот со пилешко,ананас и кашкавал одозгора растопен на ананасот?
Го имам превртено гугл да го најдам , ама никако.
Еднаш пробав да го напрам, водејќи се по вкусот, ама уште нешо се додава, а незнам шо е то (:
 
Можеби можам да ти помогнам, но прво кажи за какво пилешко станува збор... печено, пржено... дај слика да видиме на што мислиш :)
 
Можеби можам да ти помогнам, но прво кажи за какво пилешко станува збор... печено, пржено... дај слика да видиме на што мислиш :)
Пилешко филе е
DSC04901.JPG
како на сликава само без сосот, на почетокот мислам дека малку се потпржува и после оди во релна и тука се дешаваат чудата со ананасот и кашкавалот и плус шо има уште нешо шо не можам да го откријам :)
Многу е вкусна комбинацијата, ама пусто никако рецепт да најдам :D
 
Јас ваков рецепт знам, со ваков рецепт и ќе те послужам..., па ти направи и кажи како си задоволен :)

Пилешкиот стек ќе го посолиш, набибериш и ќе го измачкаш малку со сенф колку да омекне...... ќе го оставиш малку да отстои, а потоа стекот ќе го исечкаш на коцкички. Во тавче на оган ќе ставиш зејтин да се згрее и ќе почнеш да ги пржиш коцкичките стек (никако несмееш да ги препржиш, несмее да отемнат ептен). Ананасот, една главица кромид и магдоносот ќе ги исечкаш на покрупни парчиња и ќе додадеш во тавчето со стек да се допржат ( само гледај да не се препржат, да не бидат преполни со зејтин и да не бидат премеки).
Одкога се ќе се испржи стави ја содржината (најдобро) во земјена тава и одозгора изрендај кашкавал.... потоа стави ја тавата во рерна и нека се пече кратко време, само колку кашкавалот да се растопи.

Успат можеш и една салата да направиш:):D
 
Рецепт за куглоф со чоколадо?
Eve ti eden :

4 jajca
12 lazici seker
1 casa jogurt
1 fil. maslo
3 solji brasno
1 pecivo
1 vanila
100 gr. cokolado
100 gr. seckan orev
rendana kora od limon
jas mu dodavam i seckano suvo ovosje po zelba (smokva, urma, kajsija , sliva , suvo grozje... )
Matis so mixer se , osven koga go dodavas brasnoto i pecivoto, najdobro so drvena lazica. Se peci okolu 40 min na 180 stepeni.
:)
 
Ве молам за најпрост можен рецепт за качамак/бакрдан/како и да го викате тоа што го правеше баба ви? Го прочитав тој постот на офф нет за македонските специјалитети и почнаа лиги да ми течат :) ми треба лесен рецепт, не сум баш Џејми Оливер в кујна :)
 
Вода, пченкарно брашно, сол, масло, сланина.
Вариш и мешаш додека не се згусне смесата, на друга страна малце спржуваш сланина во масло, додека не стане крцкава
Мешаш се, седнуваш и гнетеш. Можеш да го комбинираш со овчо сирење или домашно кисело млеко.
Бон апетит.
 
Ќе ми пушти некој рецепт за пилешко во кари сос?

Помогнете му на Moody да се покаже и докаже, а Moody ќе ви возврати со добро музиче низ форумот.
 
Ќе ми пушти некој рецепт за пилешко во кари сос?

Помогнете му на Moody да се покаже и докаже, а Moody ќе ви возврати со добро музиче низ форумот.

http://moirecepti.mk/post/пилешко-во-кари-сос/

Еве едноставен рецепт. Количината на состојките може да ја прилагодиш според твоите потреби. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom