G
Gjoksi
Гостин
Едитирано! Без навреди!Со пресудата од основен суд се слагам за паричниот долг.Не се слагам со извршителот бидејќи не пристапил на извршување туку сам си го продплжил извршувањето за хх години за да стекне против правна имотна корист.
Од истите причини извршителот не можеше да ми земе пари од трансакциска.
Ако извршител блокира нечија сметка,ни тој ни корисникот на сметката не можат да располагаат со паричните средства се додека имателот на сметката и извршителот не се договорат
Никој никаде не спомна дека нотар блокира сметки,а сметка на која се прима плата неможе да ја блокира.
Едитирано! Без навреди! од тогаш до сега тринаесет години се поминати а имаш претстава колку ли само нови закони,измени и дополнувања се донесени.
За твоја информација извршителите требаше да стартуваат со собирање арач од 2006 ама се одложи за 2008.......
btv
Имам странска сметка која секој момент може да профункционира доколку се јави некој извршител е дури тогаш можат за суџукот да ми се фатат.
Ти ли бе најде мене да ми кажуваш за измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи! Еве ти ги сите измени и дополнувања:
„Сл. весник на Р.М.“ бр. 18/2001(05.03), 4/2002(25.01), 5/2003(31.01), 84/2008(11.07), 81/2009(30.06), 161/2009(30.12) и 123/2013(06.09)-исправка;
Одлуки на Уставен Суд на Р. М. - „Сл. весник на Р.М.“ бр. 78/2001(27.09), 59/2002(23.07);
Од 2001 година до сега, член 6 од Законот ВООПШТО не е изменет!
За твоја информација, Законот за извршување почна да се применува од 26 мај 2006 година, земи прочитај си во законот, а не да траскаш зелени дека почнал да се применува од 2008 година.
Исто така, како тоа мислиш имателот на сметката и извршителот да се договорат!? Што бе да договараат - у која кафана да седнат на скара!? Извршителот ти ја блокира сметката, и после тоа сите пари што ќе ти пристигнат на сметката како уплата по најразни основи, банката автоматски ги префрла на неговата сметка и со тие пари тој располага, дел си задржува за себе, дел на доверителот и друго (зависи од вкупниот долг). Во однос на платата, законот е недоречен, имаат големи проблеми бидејќи во еден дел вели дека може да се блокира максимум 1/3 од платата, а од друга страна може да се блокира трансакциската сметка на целот износ, односно сите средства на сметката се префрлаат кај извршителот. Па, најдоа Соломонско решение во рок од (мислам дека беше) 7 или 15 дена од блокирањето имателот на сметката да однесе кај извршителот потврда дека на таа сметка му стигнува платата, па потоа извршителот ќе му ја одблокира сметката. Во овој дел се спремаат законски измени кои поконкретно ќе го решат овој проблем!
И се пише BTW, а не BTV!!![DOUBLEPOST=1394636735][/DOUBLEPOST]
Па, коментарите на Законите и Судските пресуди воопшто не се ЗАКОНИ, па макар биле и од ТЕБЕ (овој е барем Доктор на науки, а ти ниту си Магистер, ниту Доктор, а се сомневам дали си и правник воопшто)!Коментарите на законите не се закони, па макар биле и од Д-р Кирил Чавдар.
Кај нас судовите се однесуваат како да сеуште е социјализам, а тие трба да ги штитат интресите на државата и по секоја цена се на страната на претпријатија за комунални услуги, банките и тн ( тие што порано беа „ државни ’)
Според член 368 од ЗОО, формално правно, доверителот може да поднесе барање 10 години по донесување на правосилна пресуда. Но зошто толку чекал? Ако покаже со лекарско уверение дека бил „болен “- добро. Ако нема доказ тогаш зошто бара камата.
Еве ти друг пример:
Топлификација ги тужи тие што не платиле секој шест месеци.
Познавам човек кој две години не плаќал парно, останал без работа. Значи се работи за 24 неплатени сметки. За тоа време Топлификација не престанала да го затоплува, што можела и четири пати го тужела ( секој 6 месеци )
И на крајот по х години судот донесува решение должникот да ко плати долгот и заедно со казнена камата, да плати, 12 илјади евра
Е сега пази,..... по две неплатени сметки ( две неизвршување на обврската за плаќање ) договорот по сила на законот се раскинува. А овде не се 2 сметки туку 4 тужби за вкупно 24 неплатени сметки. И судот, како да ништо не било, суди должникот да плати 12 илјади евра.
Таква е „ судската практика “
Јас едно ќе ти кажам: Едно е словото на Законот и судската пракса, а сосема друго е моралната/етичката димензија на некои постапки во правото!
Не можам да најдам ниту една пресуда на интернет дека некој во текот на постапката се повикал на фамозниот член 6 од ЗОО, а сигурно има попаметни луѓе од мене и од тебе кои ако го знаат тоа би се повикале на членот!
Последно уредено од модератор: