UEFA Лига на шампиони 2013/14

Статус
Затворена за нови мислења.

tufekciev

Барсa <3
Член од
6 февруари 2009
Мислења
2.242
Поени од реакции
802
Судијата незнаеше што прави. Како прво имаше пенал и на двете страни. Тоа над Меси и тоа над Силва. Може беше и над Џеко не видов убаво.
Како второ, поништениот гол си беше праведно поништен, Значи тие што незнаат нека не коментираат само за џабе, да дојде до караници тука на форумот. Да шутнеше тој што ја прими топката а да не му ја додадеше на Нејмар немаше да биде офсајд, а вака пошо во текот на истата акција Нејмар беше во пасивен офсајд затоа и е суден. Патникот во четврт финалето се знаеше уште минатата утакмица затоа нема што да се зборува, иначе може најреално ќе беше нерешено оваа утакмица.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.806
Поени од реакции
44.122
Изгледа сам не знаеш во какви гомна сте годинава. Муабетите дека сте блиску до Дортмунд и Атлетико нема да ти ги сфатам сериозно, нема дефинитивно. Имате невиден безкичмењак на клупа со комплетен тим надвор од форма. Нема да ги тепате ни Олимпијакос, мислам тренер Мичел им беше, далеку сте од тоа што бевте со САФ.
Како мислиш дека ти знаеш повеќе од мене во каква ситуација е Манчестер? Мене ми е многу јасно кој е на клупата и ми е многу јасно кои фудбалери играат за Манчестер. Сезонава ни е срање во секоја смисла, од тактиката на тренерот наш, преку повредите, до немањето среќа во одредени ситуации и при некои судиски одлучи. Јас тоа го знам, ама знам дека Челзи 2012 беа буквално исти курац, па успејаа да ја елиминираат Барселона и тоа со цврста и машка игра. Манчестер има доволно играчи за да состави тим од 11 фудбалери кој може да игра добар фудбал, ама (до сеа) практикувањето на застарената 4-4-2 од Мојс беше најглавниот проблем според мене. Ако испадне со помодерна тактика, со пресинг Јунајтед може да се извадат колку толку сезонава. Олимпијакос има да го изедат, за тоа сум 100% сигурен. И де кажи ми што направи Дортмунд оваа сезона до сеа? И според мене Барса не е блиску до Реал или Баерн, ама јас не ги отпишувам за титула.
Па најверојатно, неможеме да погодуваме сега ама така изгледа. Наместо тоа испадни си поштено, и фокусирајте се на играње пак во ЛШ пошто една година неиграње у ЛШ значи најјаките играчи нема да сакаат да дојдат. У момент кога ви се потребни такви играчи многу е битна наредната сезона, ако не ги купете сега тие играчи, ќе го купете вториот или третиот ешалон у стилот на Фелаини и Кагава и нема да се издигнете долго време.
А како ќе избори Манчестер пласман во ЛШ преку ПЛ кога е 11 поени зад Ливерпул и Арсенал и уште 9 кола има ако не се лажам? Или 10. Па треба Манчестер се да тепа, а тие пола да изгубат. Сеуште има мала надеж кај мене, ама прво во недела треба да го тепаме Ливерпул, а после да тепаме и си Сити на Олд Трафорд. Другото мање-више може да се поднесе. :)

Манчестер тешко дека ќе направи кој знае што во ЛШ, јасно ми е тоа. Ама муабетите како биле топовско месо за било која екипа од останатите 7 немаат врска. И Кагава викаш од трет ешалон а? Брзо си го заборавил. :)

Друго, да те потсетам Крос што кажа.. Ако си оди не му било битно дали играле или не играле во ЛШ. Точно дека за одредени играчи може да се има мака...ама пушти им пари ги боли нив таквиот дали една сезона ќе испуштаат во ЛШ. :) И вие не игравте една година во ЛШ, па 4 години после тоа станавте најјак тим во светот.
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Баерн изигра 3 финалиња во 4 години.

Да те потсетам ако си заборавил,да не ти дојде нагло наеднаш само пази.
Заборавив. Битно те потсетив за кого јадете гомна. Не зборувате за Тотенхем туку за Манчестер Јунајтед. Ваљда и нив им е дозволен кикс и неуспешна сезона? Или не? А? Вас ве прашувам шо едвај чекавте да се случи ова.
 
Последно уредено:

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Не ги мерам,само му кажав нешто што заборавил а јаде трици.
Јас нипто не заборавив, муабетот беше за Јунајтед а не за Баерн. Вие јадите трици за Јанајтед воедно заборавајќи дека пред вие да играте 3 финалиња во 4г, ние игравме. Па сега ти види кој јади трици.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
А ти го повтори неговото мислење, го смена Јунајтед со Баерн и твоето не е јадење трици.
Тој сакаше да каже одоколу дека Манчестер е појак,изиграле некогаш 3 финалиња во 4 години, а јас само го потсетив што се случува последниве 4 години.Вие бундес се замаравте,ние финалиња..:rolleyes:Намерата очигледна беше ама ок простено му е,заборавил наводно.Важно цинизмот не го заборавил.
Нека пази само правилата да не ги заборави како тој вчера,нормално и тој заборавениот беше од фан клуб Манчестер Ј.

Јас нипто не заборавив, муабетот беше за Јунајтед а не за Баерн. Ти јадеш трици за Јанајтед воедно заборавајќи дека пред вие да играте 3 финалиња во 4г, ние игравме. Па сега ти види кој јади трици.
Е сега еднаш викаш заборавив,сега не заборавив.Ај ќе те почекам,па кажи ми.Еднаш едно,другиот пат друго.Ај чедо и ова нека ти е простено,за едно збунување голема работа.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Ќе се среди тој безкичмењакот немај гајле, и пак ќе гледате како Јунајтед освојува титули и без Алекс. И да не ги тепаме Олимпијакос, сите сме насочени на ремонтот кој следува во тимот, сезонава и вака и така е далеку од успешна. Само знаеш шо ми е ќејф шо сите ќе лижите за година две кај што сте плукале. Памти ми го муабетов.
на Мојс да му го дадеш и моменталниов Баерн, ќе дојде некој како Мурињо и рутински ќе си го исплеска по газето.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ај кажи ми ти како Дортмунд или Атлетико се поголеми фаворити од Манчестер на пример? Без разлика што Манчестер беа/се заникаде до сеа, Манчестер има играчи што знаат да решат утакмица и ако конечно почне Мојс паметно да ги користи Манчестер ќе биде поразличен за 180 степени. На Дортмунд им се повредени голем дел од главните играчи, навистина ептен ми е жал за нив сезонава, еден ќе се врати, двајца ќе се повредат...а и не играат и тие како лани на пример. (пред се ради тоа што се осакатени цело време)... Атлетико од друга страна, колку и да е генијален Симеоне и да практикува цврст фудбал, ниту еден од играчите го нема потребното искуство да се носи во ЛШ со големите екипи. ПСЖ исто ми се заебани, за нив неам оформено мислење, ама на пример ако Манчестер игра против нив, никогаш не би го отпишал Јунајтед. После идат Челзи и Барса, кои ни едните ни другите не се ништо посебно сезонава. Челзи има резултати во ПЛ, ама никогаш не се убедливи... Барса исто игра топло ладно овие 3-4 месеци. Кажав јас, за мене Баерн и Реал се најгоре, класа пред другите. Не викам дека нема да се елиминирани од некоја од другите екипи, фудбал е и се си бива...ама моментално најкомплети екипи. Се на се, се сложувам оти ЛШ треба да биде многу јака сезонава и дека буквално (ако не помине Олимпијакос/Галатасарај) не би требало да има фаворити ни во еден дуел од 1/4 финалињата, ама смешно ми е ваквото отпишување на Манчестер. Да ве потсетам Ливерпул 2005та беше петти во Англија, Челзи 2012та беше шести. Па и тие и тие земаа ЛШ. :) Манчестер изигра одлично во групата, во која сите екипи им беа заебани до некој степен, само против Олимпијакос беа очајни, што според мене пред се е заради Мојс, кој се повлече и тргна на нерешено. :facepalm:
Не дека навијам за Атлетико, напротив, али муабетов пак се сведува на истото од пред двомечот Милан - Атлетико. И дај дефинирај ми кои се големи а кои се мали екипи, пошто Атлетико сосема рамноправно се носи и со Реал и со Барса во Ла Лига, а е нели мала екипа.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
на Мојс да му го дадеш и моменталниов Баерн, ќе дојде некој како Мурињо и рутински ќе си го исплеска по газето.
Мурињо тактички на сите може да ги исплеска а не па на Мојс the choosen one.За Мојс од втор ешалон тренерчињата му се лекот.Додуша со нив се надигрува од време на време.
 

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Е сега еднаш викаш заборавив,сега не заборавив.Ај ќе те почекам,па кажи ми.Еднаш едно,другиот пат друго.Ај чедо и ова нека ти е простено,за едно збунување голема работа.
И уште ти да знаеш да препознаваш сарказам и се ќе биде како што треба.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.806
Поени од реакции
44.122
Не дека навијам за Атлетико, напротив, али муабетов пак се сведува на истото од пред двомечот Милан - Атлетико. И дај дефинирај ми кои се големи а кои се мали екипи, пошто Атлетико сосема рамноправно се носи и со Реал и со Барса во Ла Лига, а е нели мала екипа.
Муабетот ми е на редновна екипа во ЛШ, која е навикната да игра во завршните фази. :) Од тука сите што остануваат се појаки од Милан (само Олимпијакос не е / Манчестер - да) и сите во последните сезони стигнале подалеку од Милан во ЛШ. :) Кажи ми еден фудбалер на Атлетико кој бил во ситуација да игра 1/4 финале или 1/2 финале ЛШ, освен Виља и Тиаго (играл со Лион ваљда)? Знам дека и многу од Дортмунд немаа лани, ама Дортмунд пред тоа 2 години освоија Бундес Лига, Германски Куп и имаа едно ептен лошо искуство во ЛШ сезона пред тоа. :) Додуша Атлетико 2 пати ја освои Европа Лига последните години, ама не е исто. :) Секоја чест за нив иначе, навистина сезонава се најпријатното изненадување. :)

И јас пак не би им ги земал шансите, само кажував дека според мене не е никако поголем "фаворит" од Јунајтед. Јас лично би бил најсреќен да направат некое изненадување и да избацат некоја од "поголемите" екипи.
 
Последно уредено:

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Кога човек влага во тесно шупче,знај дека саркастично зборува.Ок,за понатаму да знам.:facepalm:

 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Абе Атлетико не ни играат фудбал, они онака рекреативно се у ЛШ, и после толку години им ги побркуваат сметките на Барса и Реал. :нинџ:
И незнам од кога тоа освојување на ЛЕ, не е искуство...:eek:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Муабетот ми е на редновна екипа во ЛШ, која е навикната да игра во завршните фази. :) Од тука сите што остануваат се појаки од Милан (само Олимпијакос не е / Манчестер - да) и сите во последните сезони стигнале подалеку од Милан во ЛШ. :) Кажи ми еден фудбалер на Атлетико кој бил во ситуација да игра 1/4 финале или 1/2 финале ЛШ, освен Виља и Тиаго? Знам дека и многу од Дортмунд немаа лани, ама Дортмунд пред тоа 2 години освоија Бундес Лига, Германски Куп и имаа едно ептен лошо искуство во ЛШ сезона пред тоа. :) Додуша Атлетико 2 пати ја освои Европа Лига последните години, ама не е исто. :) Секоја чест за нив иначе, навистина сезонава се најпријатното изненадување. :)
Хартија се држи, Би сакал да се пласира Манчестер понатака и да играат со Атлетико, тоа би бил неизвесен дуел, барем според твоиве статистики. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom