Ниска инфлација во 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821

Во јануари е регистрирана инфлација од 0,9 отсто


Февруарската инфлација 0,6 отсто




Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0,1 отсто во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на шеќерот за 1,9 отсто, мастите за 1,6 отсто, овошјето за 0,8 отсто, месото и замрзнатиот зеленчук за 0,7 отсто и преработките од млеко за 0,4 отсто.

Во февруари, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 9,3 отсто, информатичката опрема за 8,5 отсто, гасот за домаќинствата за 7,6 отсто, течните горива и мазива за 1 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,9 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај конзервираното овошје за 2,1 отсто, зеленчукот за 1,6 отсто, мармаладите и чоколадните производи за 0,7 отсто, рибата за 0,6 отсто, алкохолни пијалаци за 0,5 отсто, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од зеленчук за 0,4 отсто, свежото млеко за 0,3 отсто, тестенините и др. прехранбени производи за 0,2 отсто.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите во патниот сообраќај за 3,3 отсто, телефонските и факс апарати и услуги за 0,9 отсто, мебелот за 0,4 отсто и фармацевтските производи за 0,2 отсто.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2014 година, во споредба со февруари 2013 година, бележи пораст од 0,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0,4 отсто.
 
Ако Украина остане политички нестабилна, цената на земјоделските производи нема да расте како што растеше до 2012. Тоа е добра вест за потрошувачите, ама не баш толку добра за земјоделците.

И како побогу го констатирале она намалување на цената на гас за домаќинствата? Валда за топлинска енергија се мисли.
 
И почнуваме да коментираме и Стефус ни вика ајде бе вие ли есап ќе им водите :D
И така само ќе си ги читаме вестите, да не не караат :P
Aj сега пак ли со фрустрации.:P
 
Ако Украина остане политички нестабилна, цената на земјоделските производи нема да расте како што растеше до 2012. Тоа е добра вест за потрошувачите, ама не баш толку добра за земјоделците.

Што е финтата со бананите? Беа 30, сега цената им е појше од дупло.
 
Што е финтата со бананите? Беа 30, сега цената им е појше од дупло.
Прилепчаните ги зедоа парите од премијата за тутун.
 
Пред некоја година имаше доста теми и коментари за инфлацијата сега некако слабо. Народов само да се жали.
Инаку ова ниво на инфлација има многу малку врска како и тоа високото со некоја домашна политика...влада грујо Скопје 2014 ова ова (оние омилени теми кај народот). Во основа е глобален тренд. Најверојатно ќе продолжи уште некој период.
Мене лично ме интересира кој се проектиите за инфлацијата и како ќе делува на бизнисот и инвестициите. Политика Банани и Прилепчани не ми се од интерес.
 
Што е финтата со бананите? Беа 30, сега цената им е појше од дупло.

http://karas4training.com/mk/nutrition/general/vo-svet-bez-banani

Коста Рика, најголемиот произведувач на глобално омилениот извор на калиум прогласи вонредна состојба. Вид на габичка ги пустоши насадите на банани низ светот, а надлежните ги обвинуваат климатските промени. Секоја петта банана не е погодна за консумирање.
 
Пред некоја година имаше доста теми и коментари за инфлацијата сега некако слабо. Народов само да се жали.
Инаку ова ниво на инфлација има многу малку врска како и тоа високото со некоја домашна политика...влада грујо Скопје 2014 ова ова (оние омилени теми кај народот). Во основа е глобален тренд. Најверојатно ќе продолжи уште некој период.
Мене лично ме интересира кој се проектиите за инфлацијата и како ќе делува на бизнисот и инвестициите. Политика Банани и Прилепчани не ми се од интерес.
Еве во Драга Кајгана еден податок:

My Man



Инаку Драга...

Прееска пробирав нешто сметки стари 14 години, и заклучив дека...

Во 2000 год. сметката за вода изнесувала 270 денари. Денешната сметка за Водовод и Канализација под 500 денари не е.

Во 2001 година, сметката за струја изнесувала 1200 денари. Денешната сметка од ЕВН ми изнесува 2100 денари.

Во 2000 година, сметката за телефон изнесува 700 до 800 денари. Сегашната сметка за Телефон изнесува 900 денари (Напоменувам, никој во мојата фамилија не врти од фиксен... сите користиме мобилни)

А јас лично ќе те прашам какви се тие проекти за инфлација?
 
Инфлацијата во просек е 4-5% годишно, можеби оваа година ќе биде 1%, но догодина може да биде над 10%. Имаме доживеано ваква инфлација пред неколку години.

Ај малку математка, кога положив за кола, лето господово '98, литро бензин 98-ца беше 34 денари.
Денес е 80 денари, тоа е пораст од 135%, што би му дошло пораст од околу 6,5% годишно. Прашање е дали платите растат со тоа темпо.
Едноставно иљадарката стана петстотка во вредност за последните 6-7 години.
 
Над 10% не била од воведувањето на денарот. Максимумот бил 8% во 2006-7. Ни следнава ни оваа не оди над 3-4%. Генерално се предвидува ниска или средна инфлација во следниве години. Инаку во 1998 нафтата беше 10 долари барел сега е 108 долари.
 
Back
На врв Bottom