Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Локација
Некаде над виножитото...
За постојано да не се отвараат теми за работи кои не интересираат, како оваа тема, отварам една општа тема, за во неа да поставувате прашања за работи кои ве интересираат, од било која област. Нормално, доколку веќе има некоја тема во која можете да го поставите вашето прашање, направете го тоа таму. Се надевам дека членовите кои имаат познавање за вашите прашања, ќе ви излезат во пресрет со нивните одговори. Покрај тоа што форумов е место за дискусија, голем дел од нас се овде и за да научат нешто.


Јас сакам да знам, зошто во природата најмалку е застапена сината боја? :)
 
Јас сакам да знам, зошто во природата најмалку е застапена сината боја?
Не знам дали е дозволено дискусија или едноставни одговори.
Некаде прочитав дека во суштина предметите немаат боја по која ние ги распознаваме туку бојата каква што е на пример на кафена цигла се формира заради светлината, самиот предмет во таа интеракција и нашиот вид. За сината боја се мислам дека е најголемата илузија од боите во природата.
 
Sakam da znam dali znae :pos:
 
Две третини од Земјата е море и у ствари, не најмалку, него највише ја има плавата боја.
Ајде да бидам поконкретна. Мислев на растителниот свет. Најмалку e застапена таму. Па и меѓу животните ја нема многу. Зошто?
 
Ајде да бидам поконкретна. Мислев на растителниот свет. Најмалку e застапена таму. Па и меѓу животните ја нема многу. Зошто?

Незнам за растенијата, ама за животните мислам дека е баш заради тоа што кај растенијата ја нема таа боја. Зашто голем дел од животните имаат боја со која „се губат“ во природата, или со цел да не постанат плен, или со цел да можат да ловат без пленот да ги примети. (може трескам глупости, ама моја логика е :))
 
Дали има други цивилизации. Тоа прашање ќе ме мачи цел живот. :D
Има. 4ката е најбољи иако мапата е баш коцкаста ко кецот.
5ката е префорсирана и тешко срање. :D
 
Проклети магнети, како ли работат? На Македонски. Не википедија. Не скратено од википедија.
 
Проклети магнети, како ли работат? На Македонски. Не википедија. Не скратено од википедија.

Замисли го магнетот како парче железо (не е идеален пример ама ќе ја сфатиш поентата) со милион микромагнети внатре, наречени домени. Ако сите тие се насочени на различни страни, се поништуваат самите со себе и железото не е магнетизирано. Ако микромагнетите се насочени во иста насока, тогаш железото е магнетизирано (односно магнет). Ова објаснува зашто ако го поделиш магнетот на половина, пак си е магнет ( зашто домените си се пренасочуваат така да имаат 2 различни пола исто како оригиналниот ). Исто така објаснува зашто ако го загрееш магнетот, не функционира (зашто кога го загреваш го нарушува редот на сите домени и веќе не се насочени на иста страна)
Тоа е поопштото. Малку покомплицирано:
Знаеме дека се` е составено од атоми, така и магнетите. Атомите се составени од јадро и електрони кои се движат околу јадрото, но исто така се вртат и околу нивната оска во исто време. Знаеме дека електроните имаат електрична енергија кога се движат низ материјали како металот. Електроните се, на некој начин, честички на електрична енергија. Домените, спомнати горе, се всушност групи на атоми во кои елетроните кои се вртат произведуваат магнетно поле свртени/насочени на една или на друга страна.
Се надевам ќе разбереш :)

П.С. Ми се свиѓа темава многу :love: Си учам нешто ново секој ден.
П.П.С. Никогаш не сум сакала физика, ама интересно беше истражувањево :D
 
Проклети магнети, како ли работат? На Македонски. Не википедија. Не скратено од википедија.
Најкратко, класичен пример на векторско поле со насока и сила во природата.
 
Мене ме интересира зошто видеото што го снимив пред неколку саата, на апаратот можам да го видам, а кога ќе ја ставам мемориската картичка во компјутер го нема!!!!

Плус, итно ми треба зашто треба да го пратам вечерва на клиенти :( утре ќе немам компјутер!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom