Јаневски:Поклонуваме само за Денот на заљубените 9.02.2009.
Црвена Звезда со многу ослабнат состав извади нерешено (2:2) со полскиот Сласк, а фудбалерите добија пофалби од тренерот Чедомир Јаневски за покажаниот карактер.
"Морам да им признам на играчите зошто никој не реагираше на грубите стартови на полскиот тим. Тие беа цврсти и стабилни, а јас бев тој кој побара судиска заштита од судијата" - изјави Чедомир Јаневски.
Особено му е драго на тренерот што подмаледниот состав успеал на моменти и да го надигра ривалот.
"Морам да истакнам уште еден важен момент, дека бевме напорни и во второто полувреме успеавме да го надиграме противникот и да ја стигнеме резултатската негатива. Важно е дека покажавме карактер и дека со овај подмладен состав на Црвена Звезда имавме шанса на крајот да ја крунисаме со победа но едносатвно ќе ни требаше повеќе среќа. Многу сум задоволен од младите играчи и овај момент многу ќе и значи на Звезда" - надоврза Јаневски.
Сепак не е задоволен од лесно примените голови и духовито ја заврши мислата:" Примивме 2 поклонети голови, но денот кога се поклонува е Денот на заљубените во сабота. Работата со одбраната ни претстои во иднина, корекции во селектирањето играчи, но има време да ги корегираме тие недостатоци.".
извор:
www.sportdenes.com