Бебиња и се за нив, грижа, играчки, поплаки, совети итн...

Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Не знам зошто ама кога ги слушам татковците како зборат за своите дечиња посебно се разнежнувам.
Инаку откако станав мајка се променив, тоа малечко детенце може во еден момент толку многу да ме расположи, да ме насмее а веќе во другиот може од памет да те извади. Треба многу трпение, го давам максимумот од себе да бидам добар родител. Ние па уште од малечки од 6-7 месеци ја одвикнавме цуцлата, си ја заборавивме на гости а немавме резерва и едноставно заборавивме на неа. Дали оти уште беше малечко бебенце немаше никаков проблем многу лесно се откачивме од неа. Видов дека може без неа не зедов друга. Инаку ме нервира кога ќе видам деца од 2-3 години со цуцла, грешката секако е во родителите, повеќе упорност и ќе се одвикнат.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Точачиња имаш на пластичарска и во City Mall на трети спрат. На пластичарска се поефтини, у City Mall се демек поквалитетни
Со поефтино точаче заглавив на средина раскрсница, заглави рачката ни напред ни назад, се вртеше во круг, за малку ќе предизвикав верижен, а на другото не сакам ни да мислам што можеше да се случи ако не возеа совесно

Инаку моите не користеа цуцла лажалка, тоа може да им е единственото заедничко во растот, многу се различни
еднта беше со вештачко млеко, другата ја доев година и два три месеци, првата е имуна фала Богу незнае за сируп на првиот роденден беше најдебелото црвено во образите бебе, втората скапавме по болници еве сега пие 7 шише сируп со ред иако одсекогаш поздрава храна јаде од сестра и, тоа бара јас на двете исто им купувам таа избира поздраво ама некако не и делува како што сакам јас.[DOUBLEPOST=1394223214][/DOUBLEPOST]Јас кога ќе видам слика со татко и бебе --- so sweet ---[DOUBLEPOST=1394223257][/DOUBLEPOST]
Не знам зошто ама кога ги слушам татковците како зборат за своите дечиња посебно се разнежнувам.
 
Последно уредено:
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Со поефтино точаче заглавив на средина раскрсница, заглави рачката ни напред ни назад, се вртеше во круг, за малку ќе предизвикав верижен, а на другото не сакам ни да мислам што можеше да се случи ако не возеа совесно

Инаку моите не користеа цуцла лажалка, тоа може да им е единственото заедничко во растот, многу се различни
еднта беше со вештачко млеко, другата ја доев година и два три месеци, првата е имуна фала Богу незнае за сируп на првиот роденден беше најдебелото црвено во образите бебе, втората скапавме по болници еве сега пие 7 шише сируп со ред иако одсекогаш поздрава храна јаде од сестра и, тоа бара јас на двете исто им купувам таа избира поздраво ама некако не и делува како што сакам јас.[DOUBLEPOST=1394223214][/DOUBLEPOST]Јас кога ќе видам слика со татко и бебе --- so sweet ---[DOUBLEPOST=1394223257][/DOUBLEPOST]
Да ти кажам од искуство сопствено-не дозволувај толку сирупи да пие, уште па едно по друго... никако! Јас имам заглавено во болница од многу сирупи така. Штом не делува, треба да се бара решение, не како лекариве наши што прават, ко чоколади да препишуваат, не сирупи (па ни чоколади не треба толку).
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Да ти кажам од искуство сопствено-не дозволувај толку сирупи да пие, уште па едно по друго... никако! Јас имам заглавено во болница од многу сирупи така. Штом не делува, треба да се бара решение, не како лекариве наши што прават, ко чоколади да препишуваат, не сирупи (па ни чоколади не треба толку).
што да и правам, антибиотик па уште еден (ако не го излечиме грлото автоматски сме во козле или на орл утредента хоспитализирани)
па ајде проспан (не поминуваше кашлицата)
и не помина ... па уште еден антибиотик
па алергија некаква на храна летизен по три дена само што се оправивме од шлаемите
и сега ушите и се воспалени што ми е најголем хорор зошто ја оперираа на 8 месеци ставаа некакво цевче и го заборавија внатре 2 години божем само паѓало и среќни сме што слуша сега.

Кога сме тука кога ќе стават цевче во ушите од детето (не е редок зафат) на контрола ќе ви кажат само ќе падне. Немајте доверба, за три месеци да сте на приватен преглед уво грло нос, зошто може да не падне недај Боже страно тело да предизвика и инфекции и губење слух и чуда
А може и имунитетот да не можеме да го опоравиме само како последица од тоа, не сакам да обвинувам ама се сомневам многу за тоа.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Не постојано, ама цуцла на детето му треба. Не за друго туку така си ги чешка непцата и си ги припрема за излегување на забчињата. Башка бебче без цуцла не е она право бебче :pipi:
И баш ми е мило шо на темава има многу татковци. Мерак сте за читање! :love:
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Каква количка бе. У раце! Се знае, на минимум 1.80 висина, и главата потпрана на рамо кај мене. Количката ми е најпропадната инвестиција бидејки го научив во раце цело време така да и ден денеска 16 кила кога тежи маме ми ебе кога не сака да оди пешки. Верувајте ми, ми се зацврстија сите мускули, и тоа прилично....

п.с. да не помисли некоја мајка сега овој е атлета... епа не сум... имам и стомак малку, а и цицња... пу пу пу за машала да не се подречам. :)

За поголемиот имав добра педијатарка, со искуство и со знаење, жената ме советуваше дека бебе не треба надвор да се носи ако дува ветер (дури и не многу, ама носи прашина, алергени и сл.), ако има магла, ако има голема влага (на пр. ако врне)... И никако да не се шета по тротоари со количката! Ми потенцираше дека нивото на кое лежи бебето е пониско од она на кое ние дишеме и таман сите издувни гасови се задржуваат на таа височина (зашто, нели, потешки) и дека грев ја фаќа за бебињата кои ги гледа како ги шетаат мајки/баби/татковци по булевар на пр. во Аеродром навечер. Демек „воздух да го фати“, ама вика- сѐ ќе го фати освен воздух така.
За цуцла-јас и двете ги израснав без цуцла. Финтата е едноставна-ако не им даваш цуцла, нема да бараат :). Малку е помачно за мајката, ама тоа беше мојот избор. Другарка моја во исто време имаше бебе, од прв ден од болница со цуцла, и навистина заспиваше само со цуцлата најчесто, ама затоа и Х други проблеми излегуваат од цуцлата. Според мојата логика, за која не велам дека е единствено исправна, ама си е моја :) , инстинктот за цицање е за јадење и лажењето на тој инстинкт (и на мозочето, воедно) со цицање на празно не ми се допаѓа. Може некогаш потешко ми заспиваа (како што ми велеа, зашто без цуцла), ама барем немавме плачки заради цуцлите. Јас двете си ги доев и цуцла не користев за ништо, ако ептен требаше нешто да се даде-само со лажичка. Шише со цуцла дури после 6-7 месеци воведував.
[DOUBLEPOST=1394286274][/DOUBLEPOST]Не знам дали ке можеш да поднесеш али син ми кога имаше бронхопенумонија (или како и да се вика, се надевам правило го напишав) а имаше едвај 1 годинка највекје му помогна кромид. Значи не да го јаде, туку ке земеш еден кромид и ке го исецкаш ситно, ко за со скара, и после тоа ке го ставиш во една чинија и ке му го ставиш во собата кај што спие на некои 2-3 метра оддалечение од него. Верувај ми дека за 10 минути ке му се нормализира и дишење и ке престане да кашла и се. Неколку вечери така и ке биде како нов/нова.

Е сега многу смрди да знаеш, ти како родител ке овенеш ако седиш во таа соба, така да јас и жена ми се менувавме на неколлку часа, иако и двајцата јадеме кромид и у принцип не ни смета.

Побарај за ова што ти кажав на интернет и ке видиш дека многу многу народ виде раат. Исто така и гускина маст да најдеш и да го мачкаш. Е сега како оди размерот и каде се мажкаше не се секаам, мада мислам дека беа градите, али и за тоа побарај на интернет, има многу народ кој што ми помогнала.

што да и правам, антибиотик па уште еден (ако не го излечиме грлото автоматски сме во козле или на орл утредента хоспитализирани)
па ајде проспан (не поминуваше кашлицата)
и не помина ... па уште еден антибиотик
па алергија некаква на храна летизен по три дена само што се оправивме од шлаемите
и сега ушите и се воспалени што ми е најголем хорор зошто ја оперираа на 8 месеци ставаа некакво цевче и го заборавија внатре 2 години божем само паѓало и среќни сме што слуша сега.

Кога сме тука кога ќе стават цевче во ушите од детето (не е редок зафат) на контрола ќе ви кажат само ќе падне. Немајте доверба, за три месеци да сте на приватен преглед уво грло нос, зошто може да не падне недај Боже страно тело да предизвика и инфекции и губење слух и чуда
А може и имунитетот да не можеме да го опоравиме само како последица од тоа, не сакам да обвинувам ама се сомневам многу за тоа.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.613
Јас исто така се согласувам со CafeDelMar... наместо да се носи детето надвор во првите 40дена би можело да се вади на балкон по малку, колку да се адаптира. Сепак старите не биле толку глупави, има причина зашто рекле да не се вади детето надвор до 40 дена ,само што не биле доволно образовани па ја отстапиле причината на суеверие.
Јас не се сложувам дека старите биле во право. Добро, можеби донекаде нивното "да не се излегува надвор 40 дена" може да се објасни со тоа дека треба да се внимава, и јас сум за тоа да се внимава, ама тоа не значи дека мора да е 40 дена затворено внатре, без воопшто да се излезе надвор, како што не учат старите.

Еве уште еден пример за тоа дека "бабините деветини" на старите се баш "бабини деветини": како ќе го објасниш тоа дека жена што има добиено менструација не смее да го погледне бебето? Што, демек акушерките не одат на работа за време на месечниот циклус?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
Главата ако треба и во земја ќе ја ставам само да не го носам во раце.
Количката e најдобрата инвестиција, нешто најкорисно што ќе се купи. Си седиш некаде во парк или било на кое друго место, а детето во количка. Добра е и за успивање. :cool:
Сигурно не планирам да трчам по него или да го носам во раце. Не е еднаш во неделата да ја мериме улицата туку 3 пати во денот. Еднаш се зафркнав отидов без количка, па ми бегаше околу масите. Вака нека седи во неа и нека ужива.:icon_mrgr:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Јас не се сложувам дека старите биле во право. Добро, можеби донекаде нивното "да не се излегува надвор 40 дена" може да се објасни со тоа дека треба да се внимава, и јас сум за тоа да се внимава, ама тоа не значи дека мора да е 40 дена затворено внатре, без воопшто да се излезе надвор, како што не учат старите.

Еве уште еден пример за тоа дека "бабините деветини" на старите се баш "бабини деветини": како ќе го објасниш тоа дека жена што има добиено менструација не смее да го погледне бебето? Што, демек акушерките не одат на работа за време на месечниот циклус?
Зборев конкретно за тоа со 40 дена, не за сите бабини деветтини, и реков да се вади детето на балкон -исто ти е, ако е за воздух и сонце и на балкон ќе го фати и воздух и сонце, а повеќе ќе го заштитиш детето отколку надвор ако го извадиш меѓу луѓе.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.923
Поени од реакции
41.896
Се зависи до бебето. Овие што просат по улиците 40 дена да не ги чуваат дома?
Тие кога ќе пораснат голи и боси се шетаат и се поздрави од оние што ги чуваме од се. Јас на брат ми го носев надвор на снегот, ги собирав другарите да го видат, а имаше само една недела. Детски памет сум имал, ама оно пак за среќа тогаш се покажа дека е отпорно на се. Моето на 2 недели го носев во Берово, а на еден месец на плажа немаше гајле. :ROFLMAO:
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Точно дека зависи од бебето но воопшто бебињата се поиздржливи него што се мисли. Не треба да ги чуваме во стаклено sвоно туку напротив трева да бидат отпорни и издржливи. Ова моето ѓаволче денеска спиеше час и половина, цел ден е во трчање, 5 секунди се многу да издржи на едно место. Зборот ми беше околу спиењето некогаш се случува да заспие во 20 часот а некогаш да седе до касно до полноќ, но затоа пак наутро како будилник е во 06 часот. Јас заклучив дека и да спие 4 часа во текот на денот, да си легне во 20 часот или пак воопшто да не спие во текот на денот а да заспие во 23h пак ќе стане во 06 наутро. Јас некогаш дури пробував да го оставам до покасно будно за да спие наутро повеќе ама ништо од тие јалови обиди.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Главата ако треба и во земја ќе ја ставам само да не го носам во раце.
Количката e најдобрата инвестиција, нешто најкорисно што ќе се купи. Си седиш некаде во парк или било на кое друго место, а детето во количка. Добра е и за успивање. :cool:
Кенгур е уште подобра инвестиција :)
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Не знам, јас си се навикнав у раце да си го носам и тамам ми е. Дури некогаш и сам го зеамам да го носам и кога он не сака од што ми фали. :)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
јас имав количка, низ Струга беше супер покрај дрим покрај езеро широки тротоари за накај дома
голема беше двете ги возев во неа
низ Скопје не ги шетав во количка, ама затоа ги заспивав во неа, дење спиеа во количката место в кревет до година.
2 год се разлика, малото кога беше бебе имав и кенгур и уживавме, сега ме фаќа сафра за трето дете ама и страв од немање време да им заработам пари, или ако вложам време за пари дане немам време да им посветам па нема трето дете :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom