Извинете вака шо упаѓам на муабет, а немој ни ти да ми се лутиш, ама морам.
Многу ме потсеќаш на нашиве Остраљанци кои заминуваат одовде и одма почнуваат да се понашаат ко странци, потценуваат, се расфрлаат пари тука, се мислат којзнај шо се, а уствари таму можи и во штала седат.
Ајде ти сега одговори ми-има ли секој човек пари да одвои по 1000 денари за карта, сам и то. Ами ако има детенце? То ти се 2000 ден. Ај да те видам преживеј ти тука еден месец со плата од 8-12000 денари.
Лесно е да се зборува за нешто ко ќе си надвор или ако лапаш некоја јака пара, ама немора то сите да го знаат и толку фалење да има. Прилично сум сигурен дека ни пола од највернитењ навивачи на Вардар неможат то да си го дозволат, па би останале дома, а за сметка на то, на утакмица ќе појдат некои снобој, кои не ги интересира утакмица, туку само да се сликаат и да постираат на фб слики, т.е. да бидат видени. На тој начин вардар нема да ја добие целосната поддршка кја ја заслужува.
Не се секирај ти за Самс. За него не се проблем 50000 евра кои би ги собрал за една утакмица.
На тој начин вардар би ги загубил највернуте навивачи.
Поздрав и се надевам дека не те навредив со мојот пост.