- Член од
- 22 декември 2007
- Мислења
- 1.457
- Поени од реакции
- 376
Многу е рано сега да се каже што Русија доби а што изгуби со интервенцијата на Крим. А многу ќе зависи и што понатаму ќе се презема и од Русија и од Западот.
Настрана и фактот што не им ги знаеме крајните намери, ќе следува анексија на Крим или не.
Политиката се води во континуитет, војната е продолжување на политиката според Клаузавиц, така барем не учеа.
Ова е мојот став:
Русија во континуитет води погрешна политика спрема Украјна.
Имаше свој човек Јануковиќ, кој се покажа како катастрофално решение. Не може а да не го перципираат Украинците како Руски човек, изгласан од Истокот кои што до крај го поддржуваа, сега отако падна им текна да се оградуваат од неговата политика.
Ја изгуби Украјна, не затоа што овие се некако програмирани да ја мразат Русија (во некоја лабараторија во САД ако е точно пренесена изјавата на Путин), него поради нивната погрешна политика. Нема логика Украинците да не ги чувствуваат за блиски Русите повеќе од некој таму од другата страна на Земјината топка.
Немаше вооружени судири што за мене е плус во новонастанатата ситуација и шанса нешто да се поправи. Тоа би значело дека Украјна (без југоисточниот дел) не е трајно изгубена.
Што би било за мене правилна Руска политика, за да се поправи она што може да се поправи:
Да ја повлечат војската во базите на Крим. Нека преговараат дали сегашната автономија е доволна или им треба нешто плус.
Не знам како Украјна функционира на ниво на региони, но ако овде нешто им фали на Русите предпоставувам дека може да се договорат заедно со статусот на Рускиот јазик.
Признавање на Украинската Православна Црква. Со тоа Унијатите и националистите целосно ќе се маргинализираат.
Не вршење на притисок од надвор за евентуална интеграција во ЕУ и никакво економско условување. Самите Украинци нека решат што губат со тоа а што ќе добијат.
Истото не важи и за НАТО, јасно ќе им се наведе дека Русија се чувствува загрозена од НАТО и ќе преземе мерки, дури и воена интервенција ако тоа се случи.
Еве ова е доволно Украјна на некој среден рок да се врати во Руската орбита.