Мареј ако игра некое финале пред Вимблдон јас на глава ќе одам од тука до Дебар и назад. Во голема дупка е Мареј, не знае каде тера моментално, се мачи со својата форма и своите удари и не постои теоретска шанса да добие некој од Новак, Рафа, Роџер, па и Бердих. За Новак се слагам, и мене он ми е фаворит тука, благ секако, затоа што и те како е моментално гладен за успех, да ги исправи грешките од Дубаи и пред се АО. Само ќе видиме, не знам што е проблемот со него, како да не е доволно спремен, ќе одигра еден страшен сет па потоа паѓа и наеднаш станува глинен гулаб... Ако примети со Федерер во третиот сет имаше 2-3 поени каде едвај дишеше, дали поради влагата, дали поради тоа што немаше доволно кондиција кој го знае. Мислам и се надевам дека е поради првото затоа што таков врвен спортист незамисливо ми е да е физички неспремен во ова доба од годината. Иначе истово му се дешаваше и лани, против Делпо во Шангај, фуриозен прв сет, во вториот го снема од теренот, само статираше а Делпо решеташе. За малку ќе го кошташе и меч тоа. Исто и на Ролан Гарос против Надал, третиот сет не постоеше, едноставно му го препушти на Надал. Исто и со Бердих во Рим, 6-3 5-2 предност и успеа да го изгуби тоа. Чудно, многу чудно...
Еве и Надал губеше лани, од Делпо беше исшамаран во Шангај, ама не падна кондиционо или психички него беше надјачан. Затоа и реков дека турниров треба да даде јасна слика за тоа до каде се работите периодов, ипак на овие помаливе турнири не може да се заклучи тоа.