Komiti.org
Враќањето на трибина беше и повеќе од успешно. Зад нас е гостување во Кичево кое беше реализирано во солидна бројка, презентиран е нов изглед на трибината, а со наша помош Вардар се врати дома со трите бода. Следниот предизвик го носи предзнакот, НАЈГОЛЕМО МАКЕДОНСКО дерби. Судбината сакаше нашето официјално враќање на западот да биде против нашиот лут ривал, Битолски Пелистер, што му носи посебен шмек на мечот. Цела полусезона недостасуваше песната од западот, затоа време е да се разбие тишината на Градски, да се тресе стадионот, да направиме спектакл каков што ние знаеме. Секој противник треба да се цени исто, но сепак сите имаат мотив плус кога доаѓаат дерби мечевите. На трибина однесувајте се според кодексите на групата, секој испад преставува штета за нашиот клуб и црна дамка врз името на целата група. Почитувајте ги одговорните за изгледот на трибината и пратете ги инструкциите за кореографијата и секако оставете ја шипката за тие кои се задолжени да водат бидејќи повеќе нема да се толерира несериозност!
Да си го одработиме она во кое сме најдобри, силно бодрење на својот тим, добра кореографија, одлична забава, победа на Вардар и целовечерна Комитска прослава..
Како најава за мечот ќе има караван во петок во 19.00ч од последна 5-ка во Ново Лисиче.
Собирот пред мечот ќе биде во Соборна во 15.00ч.Картата ќе чини 100 денари, а со неа ќе следува и реквизит од групата. Повик до сите да дојдат на време на собирното место, овој пат без каснење !
МАКЕДОНИЈА Е ЦРВЕНО-ЦРНА, без двоумење местото на секој искрен навивач на Вардар е на западот, затоа да ја исполниме нашата трибина во што е можно поголем број.
НАПРЕД ВАРДАР!