Па тоа е разликата ти ги зимаш во предвид само платениците а јас ги додавам изманипулираните.
Кај што има чад има и оган.Не можеш да изманипулираш некого да отиде на протести со недели (од Ноември уште),а после и да се тепа со полиција дур околу него гинат луѓе ако и тој самиот нема добар разлог да излезе.
Моја претпоставка е дека почетните протести на Кличко беа со директиви од Германија, подоцнежните што викаш дека се лупаа со полицијата беа националистите што беа подгреани од Мекејн.
Пак ќе кажам,нешто мора да постои за да натера маса на такво нешто.
Чисто сумњам дека Кличко почнува се под директива од Германија.На швабите најмалку им одговара сето ова срање.Тие се со Русите најбољи другачиња во моментов.Нема поголеми трговски партнери од Русија и Германија во последните години.Ако не приметуваш Германија е меѓу највоздржаните во моментов и најмалку се чаталат.
Јанукович во моментов и јас го сметам за потрошена политичка опција,но она ти што викаш дека он можел да распише избори е истото што новиве самопрогласени не го испочитуваа договорот кој го склучија со што авроматски ќе си потпишеа стабилност во Украина. Русија ќе немаше никаков изговор за влегување во нејзината територија. Желбата за вакво превземање на власта значеше паѓање на маската „ние сме тука пради корумпираниот Јанукович“, што ќе се докаже и во следниов период каде што олигарсите со исто такво корумирано досие застанаа позади овој пресврт (акцент удирам на вавиот пресврт каков што испадна на крај).
Јанукович е елементарна непогода.Типот со секоја постапка го копа дното до кај може да потоне.....требаше уште 2004 година да биде политички мртовец. Успеа тоа да го преживее,но веќе е готов.
Пак ќе кажам....веќе има 2-3 недели кога е сето ова надвор од контрола. На 21 фебруари веќе беше касно....
После толку изгубени животи многу наивно би било да се поверува дека едно примирје може да ја смири ситуацијата.Тие долу на Мајдан не сакаа примирје,сакаа да го тргнат Јанукович од таму по секоја цела после се што се случи.
Уште една ситуација не исклучувам, цел овој блеф од западот да е само испитување на нечии позиции во моментов. Како што Кличко побара мобилизација на силите во Украина, така и глобално да се видат чива страна би фатиле некои нови играчи кои избија на сцена во последно време.Со тоа што може сега САД да се петелчи дека Украина ја свртеле против Русија што е аргумнт на место.
Премногу е надвор од контрола да е испитување на позиции.Тие беа јасни уште пред се да почне.Надвор од Европа сите освен Американците (кои се се освен нов играч) се целосно воздржани и гледаат од страна.
За жал Украина се најде измеѓу двете страни.....Навистина вредна награда е Украина за секого со целата своја популација,индустрија,територија и потенцијал.
Самата земја е длабоко поделена помеѓу национално освестените украинци кои сакаат да расчистат за сите времиња со истокот и да станат дел од западот и Русите и русофилите на истокот кои сакаат да останат лепенка до Русија.Кон која страна и да се приклонат пола од земјата ќе биде против и тоа жестоко против.Ова е веќе прашање и каде сакаат украинците како нација да припаѓаат цивилизациски.
Да можат некако да останат мост помеѓу Русија и ЕУ би било за нив идеално,ама ниту едните ниту пак другите не им го даваат тој избор.
Друга опција им е поделба на земјата.Кај Днирпопетровск ставиш граница и чао пријатно секој со своите нека тера.....ама и Русите и западњаците ја сакаат цела Украина.